Тука можете да ги погледнете прашањата и одговорите од други млади корисници на нашиот сервис.
Хуманитарните организации и нивната работа се регулирани со Законот за фондации и здруженија и се сметаат за организации кои вршат дејност од јавен интерес. Организациите со статус од јавен интерес покрај даночните и царинските олеснувања утврдени во членот 7 став (2) од Законот, имаат дополнителни даночни и царински олеснувања во согласност со закон. Најпрво, мора да основате здружение или фондација чија регистрација најчесто ја прави адвокат, но можете тоа самостојно да го сторите и преку веб страната на Централниот регистар https://www.crm.com.mk/. Потоа се поднесува барање. Барањето за добивање на статус на организација од јавен интерес се поднесува до Владата на Република Северна Македонија преку Комисијата за организации со статус од јавен интерес. Ако се утврди дека барањето не е комплетно, Комисијата ќе го повика подносителот на барањето и ќе му определи рок од 15 работни дена да постапи по укажувањето. Ако во рокот здружението или фондацијата не постапи по укажувањето, барањето ќе се смета дека не е поднесено.
При тоа, за да се добие статус на организација од јавен интерес, треба да бидат исполнети следниве услови:
– да се регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации,
– дејноста од јавен интерес е главна приходна шифра во работењето на организацијата,
– работењето и дејствувањето е насочено кон пошироката јавност и кон интересите на
заедницата,
– има потребна организациска структура согласно Законот за здруженија и фондации,
– има кадровски капацитети потребни за дејност согласно со законот,
– има соодветни финансиски ресурси, односно вкупна вредност на имотот или годишен приход од минимум 1.500 евра во денарска противвредност според курсот на Народна банка на Република Северна Македонија,
– има пропишано правила за судир на интереси и за обезбедување на транспарентност и јавност во работењето и
– не е во стечај или ликвидација и нема блокирана жиро сметка.
Хуманитарните организации имаат право на закуп на имот во државна сопственост без никаков надоместок, доколку имотот се користи за целите и задачите на организацијата.
Закупниот однос меѓу здружението на граѓани и државата се уредува со договор согласно со закон.
Законот за урбанистичко уредување во Македонија обезбедува рамки и регулативи за уредување на градовите и просторот. Во многу случаи, поставувањето на рампи за спречување на паркирање на одредени возила може да биде дозволено според овој закон. Меѓутоа, точните услови и процедури можат да варираат во зависност од локацијата и локалните прописи. Ставањето на рампа на јавна улица за посебна употреба, како што е приватен паркинг место или спречување на паркирање на одредени возила, обично бара специфични дозволи и процедури. За такви мерки, треба да се консултирате со локалните урбанистички власти или телото за уредување на градовите во вашата конкретна општина или град. Тие ќе ви обезбедат точни информации за условите и процедурите што треба да се следат за ставање на рампа на јавна улица и ќе го уредат соодветно според локалните закони и регулативи.
Согласно Законот за студентски стандард, условите за стипендија ги утврдува министерството за образование. Доколку станува збор за стипендии за социјална поддршка на ученици, во која материјалната состојба на потесното семејство, е услов за стекнување на стипендијата, тогаш би се прекинало правото на стипендија.
Доколку станува збор за стипендија, стекната врз друг основ, студентот не треба да се пријави како вонреден студент на факултет. Секако ова зависи од обемот на академски обврски и начинот на уредување на работното време.
Трансферот и статусот на студент, во државна или приватна квота, не е определен во Законот за високо образование. Истото се определува со конкурсите на универзитетите.
Според последниот конкурс на универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, не е дозволено префрлување од кофинансирање или вонредно студирање во државна квота.
Пред сè, согласно Уставот и законот за работни односи, лице над 15 години, може да заснова работен однос, доколку тоа не попречува на физичкото и менталното здравје, како и моралот на лицето.
Што се однесува до статусот на стипендија, при засновање на работен однос, законот за ученички стандард, посебните услови и критериуми за стекнување на правото на стипендија, ги остава на Министерството за образование и наука, кое ги наведува во конкурсите.
Согласно тоа, статусот на стипендијата, зависи од тоа за каков вид на стипендија станува збор. Доколку станува збор за стипендии за социјална поддршка на ученици, во која материјалната состојба на потесното семејство, е услов за стекнување на стипендијата, тогаш би се прекинало правото на стипендија.
Доколку станува збор за друг вид на стипендија, каде критериумот за стекнување, не е материјалната состојба, тогаш засновањето на работен однос, не влијае врз правото на стипендија. Други видови на стипендии за кои тука станува збор се:
- стипендии за ученици со посебни потреби
- стипендии за ученици – деца без родители
- стипендии за талентирани ученици
- стипендии за талентирани ученици – спортисти
- стипендии за талентирани ученици – уметници
- стипендии за ученици запишани во дуални паралелки
- стипендии за ученици од прва година кои реализираат наставни планови и програми од електро-техничка струка, градежно-геодетска струка, угостителско – туристичка струка, земјоделско-ветеринарна струка, машинска струка или текстилно-кожарска струка
- стипендии за ученици запишани во тригодишно стручно образование
- стипендии за ученици од градежно – геодетска струка
- стипендии за ученици од машинска струка
- стипендии за ученици од текстилно – кожарска струка
- стипендии за ученици од угостителско – туристичка струка
- стипендии за ученици од земјоделско – ветеринарна струка
- стипендии за ученици од електротехничка струка
- стипендии за ученици од Математичко – информатичка гимназија
- стипендии за ученици од Спортска академија
- стипендии за ученици Роми
Во однос на алиментацијата, правото на издржување според Законот за семејство, трае до редовното завршување на школувањето, најдоцна до 26 години. Висината ја определува судот, врз основа на имотната состојба, способноста за работа, можноста за вработување, здравствената положба, како и другите околности од кои зависи оцената за потребите на лицето кое е примател на алиментацијата.
Законот за ветеринарно здравство, предвидува обесштетување во случаи со загуби на животни од болест, но само како последица од мерки кои се спроведени од страна на државните органи заради некои причини. Во тој случај причините за надоместок се:
- Директни загуби на сопствениците на животните настанати како резултат на убивање или колење на животните, или уништувањето на производите и
- Поставувањето дијагноза и спроведувањето на мерките за сузбивање и искоренување или превенција на болестите.
Во однос на камера уред поставена во автомобил, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата укажува дека само полицијата има право да постави уред за снимање на јавна површина со цел да служи како доказ во судските постапки. Доколку е поставена камера уред во автомобил, паричната казна која ќе ја наплати државата изнесува четиристотини евра во денарска против вредност, а дополнително на тоа кривична пријава за незаконско снимање на секоја личност чиј идентитет ќе биде утврден на видео записот од било каков вид на камера поставена во автомобил или станбена зграда. Поставување на камера уред во автомобил е дело казниво според Законот за лични податоци на Македонија.
Учениците во едно училиште имаат право да поднесат барање за смена на професорот по одреден предмет доколку постојат оправдани причини за тоа.
Учениците од класот, преку претседателот на класот (како претставник на класот) можат да поднесат жалба до Училишниот одбор на училиштето. Доколку повеќе класови сакаат да побараат смена на професор, тогаш може сите заеднички да поднесат една жалба.
(Училишниот одбор во училиштето е составен од 12 члена, и тоа: четири претставника од наставниците, три претставника од родителите, односно старателите на учениците, три претставника од основачот и по еден претставник од Министерството и од деловната заедница.)
Во жалбата треба да бидат наведени следните работи:
-
За кој професор се однесува жалбата
-
Од кого е испратена
-
Детално образложени причини за истата
-
На кој датум се поднесува жалбата и до кого (Училишен одбор)
-
Жалбата треба да биде потпишана од учениците на класот (доколку жалбата е поднесена од повеќе класови, тогаш се потпишуваат претседателите на сите класови што ја поднесуваат жалбата)
Внимавајте: Жалбата поднесете ја во два примероци, од кој еден примерок треба да ви го вратат со печат дека истата е примена.
Да, може да се откажете од сместувањето во студентски дом и потоа да се иселите од домот. Обратете се лично во управата на студентскиот дом каде што престојувате со цел навремено да ги информирате за вашите намери и да избегнете несакани трошоци, како на пример да треба да платите цел месец, а сте престојувале само неколку дена од тековниот.
Пријавувањето во Агенцијата за вработување по завршување на студиите не е задолжително. Доколку сакате да се пријавите, можете да се пријавите како активен или пасивен барател на работа. Активен барател на работа има обврска да се пријавува секој месец, односно на 30 до 60 дена (во зелената книшка која што ја даваат од Агенцијата секогаш го наведуваат датумот кога треба да се пријавите). Пасивен барател на работа има обврска да се пријавува на секои 6 месеци. Доколку не се пријавите во рокот кој што е предвиден и заведен во зелената книшка нема никаква санкција, само ќе бидете избришани од Регистарот на невработени лица и нема да имате право да се пријавите во наредните 12 месеци.
Според Конкурост објавен од УКИМ оваа година, и Договорот за студирање на медицински факултет, студентите запишани во приватна квота надоместокот го плаќаат во текот на целокупното студирање до дипломирањето без право на ослободување од надоместокот. Меѓутоа, најдобро е да се обратите во студентски прашања на Медицински факултет со цел да Ве информираат дали можеби факултетот има донесено некаква Одлука со која се дозволува прместување од приватна во државна квота и со тоа намалување на надоместокот за студирање.
Согласно Правилникот за полагање на државна матура, кандидатите кои успешно ја положиле државната матура и сакаат да го подобрат успехот од еден или повеќе предмети може повторно да полагаат наредната учебна година во јунскиот испитен рок. Согласно овој Правилник, на кандидатот му се утврдува оценката што ја постигнал на повторното полагање. Ова право кандидатите може да го искористат само еднаш. Повеќе информации можете да најделе во Правилникот, чл. 51 од истиот.
Секој факултет различно го регулира овој дел од студирање, на некои факултети дозволено е на успешните студенти (со просек над 8,5) да запишат предмети во еден семестар со повеќе кредити од дозволениот лимит. Конкретно за вашиот факултет, најдобро е да се обратите до студентски прашања како би ви ги дале точните критериуми за напредување на студентите.
Запишувањето на прв циклус студии се врши врз основа на јавен конкурс кој го објавуваат Универзитетите во државата пред почетокот на академската година.
Со конкурсот се утврдуваат условите и постапката за селекција на кандидатите, како и бројот на студенти кои се предвидени да се запишат во тековната академска година во државна и приватна квота.
За да студирате во државна квота треба да ги исполнувате критетиумите кои се бараат на Конкурсот објавен од Универзитетот на кој сакате да студирате, а тоа се: одреден број на поени (успех во средно образование, резултат на државна матура, дипломи, сертификати и сл.) и приемен испит (доколку со конкурсот истиот е предвиден). За студирањето во приватна квота исто така е потребно да ги исполнувате наведените критериумни, меѓутоа, поради ограничените квоти (бројот на студентите е исполнет) не можете да се запишете во државна квота, факултетите даваат можност на упис на студенти со кофинансирање. Рангирањето во оваа категорина студенти се врши со претходно поднесена изјава од страна на кандидатите дека се согласуваат во текот на целокупното студирање да ги кофинансираат студиите.
Да, дозволено е да работите и да студирате истовремено. Доколку сте вработено лице, односно, Вешито работен однос е евидентиран во Агенцијата за вработување како лице во работен однос, тогаш Вие имате право да студирате како вонреден студент и не мора да го прекинете Вашиот работен однос. При самиот упис на факултето Вие ќе приложите соодветна документација со која ќе го докажете работниот однос, а соогласно тоа, факултетот ќе го регулира и Вашиот статус на вонреден студент. Имајте предвид дека со тоа што ќе бидете вонреден студент, нема да можете да остварувате некои права кои ги имаат редовните студенти. На пример: Поени за присуство на предавања и вежби. За повеќе информации видете во Законот за Високо Образование, Сатутот на Универзитетот на кој ќе студирате, или обратете се лично во Студентски прашања при факултетот кој сте го избрале.
Согласно Законот за високото образование сите студенти имаат право на заштита на личноста на студентот од злоупотреба и на неговото достоинство. Во ваквиот случај, доколку се соочувате со несоодветен однос од страна на професорот спрема студентите како и нецелосно квалитетни студии, можете со писмен поднесок да се обратите до студентскиот правобранител на вашиот Универзитет. Студентскиот правобранител претставува студент или студентка чија примарна работа е заштита на правата на студентите. Тоа значи дека секој пат кога студентот или студентката смета дека се прекршени неговите/нејзините права, треба да се обрати кај правобранителот со цел решавање на конкретниот проблем. Повеќе информации поврзани со студенскиот правобранител и правата на студентите можете да најдете на следниот линк: https://www.
Авторските права на магистерскиот труд му припаѓаат исклучиво на авторот со самото создавање на делото, тоа значи магистерскот труд е сопственост на тој што го изработува и истиот не може да служи за комерицајни цели од страна на Универзитетот или било кој друг без согласност од авторот, Одбраната и магистерскиот труд се јавни, а Универзитете се должни да добијат изјава за авторство на трудот и дозвола за публикација на трудот во електронска форма пред истиот да биде јавно објавен. За повеќе информации погледнете во Законот за авторство и другите сродни права и Законот за публикации.
Регистрирањето на странски организации во Р.Северна Македонија е регулирано со Законот за здруженија и фондации.
Странските организации можат да дејствуваат во Република Северна Македонија преку подружница, канцеларија или друг организационен облик на странските организации кои имаат седиште на територијата на Република Северна Македонија. Организационите облици на странските организациии се основаат со акт на странската организација за нејзино основање во Република Северна Македонија.
Актот треба да содржи име и седиште на странската организација која основа организационен облик, – целта на странската организација и целта на организациониот облик на странската организација и – име и седиште на организациониот облик на странската организација. Воедно, актот го потпишува овластено лице на странската организација и се заверува пред нотар.
Запишувањето во Регистарот се врши со пријава за запишување која се поднесува, непосредно, по пошта или во електронска форма во рок од 30 дена од денот на донесувањето на актот за основање, односно одлуката на странската организација за основање на организациониот облик на странската организација во Република Северна Македонија, а пријавата за запишување ја поднесува застапникот.
За запишување во Регистарот на организациониот облик на странската организација со пријавата се поднесуваат и други документи како:
– заверена фотокопија на актот за основање на странската организација и заверен превод за регистрација во странската држава во која е основана или друг документ што потврдува дека организацијата може да дејствува
– заверена фотокопија на одлуката и заверен превод на одлуката на надлежниот орган за основање на организациониот облик во Република Северна Македонија
– фотокопија и заверен превод на статутот или друг соодветен акт, – програма за дејствување во Република Северна Македонија
– заверена одлука и превод за изборот на органите со лични податоци на лицата кои членуваат во органите
– заверен превод на одлуката и одлуката за избор на законски застапник со лични податоци, заверена фотокопија на исправата за идентификација на тоа лице и документ за регулиран престој, односно живеалиште во Република Северна Македонија и
– заверен превод на одлуката за лице овластено од законскиот застапник за регистрација на организациониот облик на странската организација во Република Северна Македонија.
Централниот регистар на Република Северна Македонија е должен во рок од пет дена од денот на поднесувањето на пријавата за запишување да донесе решение за запишување во соодветниот регистар, а решението за запишување во соодветниот регистар се доставува до подносителот на пријавата во рок од три дена од денот на донесувањето на решението.
Доколку имате потреба од правна помош за регистрација на организацијата, можете да се обратите до адвокат за да ја води целата постапка пред Централниот регистар.
Не. Државната матура не може да се полага предвреме. Според Правилникот донесен од Министерството за образование, државната матура се полага во два испитни рока: јунски и августовски испитен рок.
Екстерните испити и екстерните делови од испитите сите кандидати во државата ги полагаат на ист датум и во исто време. Термините за полагање на испитите од државната матура се објавуваат на училишната огласна табла најдоцна еден месец пред почетокот на полагањето на државната матура а,кандидатот во еден ден може да полага најмногу еден испит. За сите промени на датумот, начинот и концептот на полaгање на државната матура, Државниот испитен центар е должен навремено да ги извести училиштата за настанатата промена.
Согласно Правилникот за полагање на државната матура, може да се пријави секој кандидат кој што има завршено четиригодишно средно образование. Во случај, државната матура да не биде пријавена навремено од оправдани причини, кандидатот има можност да ја пријави во наредните учебни години кога се спроведува државната матура, воедно кандидатот е должен да достави писмен доказ за спреченост да полага матура до Училишната матурска комисија. Во однос на казната, истата не е предвидена.Целиот текст на правилникот се наоѓа на следниот линк.
Повеќе информации за полагањето на државната матура може да погледнете на Matura.
Според Законот за високо образование студент може да студира паралелно на две или повеќе студиски програми од прв циклус на една или повеќе високообразовни установи во државата (државни или приватни). Каков статус ќе имате во текот на параленото студирање зависи од тоа како високообразовните институции тоа го регулираат со интерните акти, и најдобро е да се обратите до службата за студентски прашања на институциите на кои сакате да студирате. Студентите по правило се запишуваат како редовни студенти, а статус на вонреден студент добиваат лица кои се вработени или од здравствени причини не се во можност да посетуваат редовни предавања. Исто така, паралелното студирање најмногу зависи од студиските програми на кои сакате да запишите студии, бидејќи еден од условите за паралено студирање е истото да не претставува пречка за исполнување на обврските кои произлегуваат за студентот како на пример, присуство на предавања и вежби. Повеќе инфорамци за параленото студирање на Универзитетот св.Кирил и Методиј“-Скопје може да добиете со увид во Правилнкот, за параленото студирање на Универзитетот св. „Климент Охридски“-Битола повеќе инфорамции може да добиете тука, а за Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип на https://www.ugd.edu.mk/index.
Законот за високо образование предвидува дека студентот има право и да може да напредува и да ги заврши студиите за пократко време отколку што е предвидено со студиската програма. Најпрвин проверете дали студиската програма на која сте запишани остава можност да ја завршите пред рокот предвиден за завршување на истата, и дали е возможно да запишете предмет повеќе од тие што во моментов ги следите согласно кредитите кои ги носи секој предмет. Според ЕКТС системот секоја студиска програма опфаќа задолжителни и факултативни предмети кои носаат различен број на кредити (бодови) во текот на една година. Студентот во текот на студирањето напредува, односно запишува предмети преку бројот на остварените кредити (бодови). По правило студентот запишува 30 кредити по семестар, но може да запише број на предмети кои носат минимум 18 кредити (бодови), но не повеќе од 42 кредити (бодови) во семестар.
Да. И оваа година согласно Одлука за доделување на стипендии на студентите на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј,, во Скопје, првите 10 кандидати на ранг-листата, примени во категоријата редовни студенти во државна квота на медицински факултетот, во прва година во учебната 2020/2021 година им се доделува стипендија од страна на УКИМ и се ослободени од партиципација.Стипендијата опфаќа покривање на трошоците за партиципација на студирањето во државна квота за една учебна година.
http://www.ukim.edu.mk/dokumenti_m/Analiza-zapishani-I_ciklus-2020_21.pdf
Не. Државната матура не може да се полага предвреме. Според Правилникот донесен од Министерството за образование, државната матура се полага во два испитни рока: јунски и августовски испитен рок.
Екстерните испити и екстерните делови од испитите сите кандидати во државата ги полагаат на ист датум и во исто време. Термините за полагање на испитите од државната матура се објавуваат на училишната огласна табла најдоцна еден месец пред почетокот на полагањето на државната матура а,кандидатот во еден ден може да полага најмногу еден испит. За сите промени на датумот, начинот и концептот на полгање на државната матура, Државниот испитен центар е должен навремено да ги извести училиштата за настатнатата промена. Повеќе информации за полагањето на државната матура може да погледнете на Matura.
Согласно Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили, припадникот на безбедносните сили, децата на загинат или починат припадник на безбедносните сили и децата на воен инвалид имаат предност при запишување во високо образовни установи без плаќање на партиципација, под услов да исполнат минимум бодови утврдени со Конкурсот за упис. Ова право лицата може да го искористат со запишување надвор од државната квота без поднесување трошоци за студирање, под услови за запишување утврдени во Конкурсот, а нивниот број може да изнесува најмногу до 10% од вкупниот број студенти на ниво на студиска програма. Оваа одредба од овој закон се однесува само за упис на студенти на прв циклус на студии. Можноста за користење на ова право е наведено во секој конкурс кој што е објавен од страна на Универзитетите во делот на критериумите за запишување на студенти.
Сите лица кои што сакаат да го продолжат образованието на втор и трет циклус на студии имаат обврска со запишувањето да ги подмират сите трошоци кои што произлегуваат од процесот.
Согласно законот за средно образование доколку ученикот не е задоволен со некои од годишните оценки што му се соопштени, во рок од три дена од соопштувањето на оценките има право да поднесе приговор до наставничкиот совет на училиштето. Наставничкиот совет може да одлучи оценката да ја потврди, да ја измени или да организира повторно проверување на знаењето на ученикот.
Предлози за изменување и дополнување на законите може да се дадат од граѓани само доколку законот е во процес на изработка во рамки на некое министерство (предлог-законот изработен од работната група формирана во рамки на министерството се објавува на ЕНЕР ener.gov.mk), доколку пак законот е во собраниска процедура, за истиот предлози и амандмани може да поднесуваат пратениците во Собранието на Р.Северна Македонија.
Некои од училиштата активно ги водат своите веб страни каде ги објавуваат и своите интерни акти, па првично можете проверите дали правилникот кој ви е потребен е објавен од страна на вашето училиште.
Доколку правилникот не е јавно достапен, можете да испратите барање за слободен пристап до информации од јавен карактер во вашето училиште во кое ќе побарате од училиштето да ви го достави правилникот. Училиштето е должно во рокот 20 дена да ви одговори на барањето. Барањето можете да го пратите електронски до училиштето или пак во хартиена форма да го доставите до архивата на училиштето.
Предавања на професор на факултет не може да бидат предмет на класификација, односно да бидат прогласени за доверливи.
Имајќи ја предвид слободата на говор, јавно изразување на мислата и јавен настап кои ви ги гарантира Уставот, имате право јавно да дискутирате на било кои теми, се додека притоа не ги повредувате правата на другите (на пример преку говор на омраза, клевета и навреда, неовластено споделување на лични податоци, загрозување на јавната бебедност и сл.).
Сепак, доколку предавањата вклучуваат индивидуален интелектуаен придонес на професорот, истите може да претставуваат авторско дело, па детално изложување на содржината на предавањето може да доведе до повреда на авторските права на професорот.
Да, постои можност во текот на студиите да го изгубите правото на студирање во државна квота. Ова прашање е предмет на регулирање од страна на секој од универзитетите, најчесто со нивните правила за студирање или други внатрешни акти.
Така, на пример во Правилата за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус студии и втор циклус студии на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” Скопје предвидено е дека студент запишан со партиципација на трошоците за студирање, го губи наведениот статус и ги продолжува студиите со поднесување на трошоците за студирање (кофинансирање) ако:
- еден предмет запишува по трет пат;
- не положил најмалку 50% од запишаните кредити во одреден семестар, до почетокот на наредниот соодветен семестар.
За подeтaлни информации во поглед на ова можете да се обратите до службата за студентски прашања на вашиот факултет, а информации би можело да бидат содржани и во договорот кој што како студент го потпишувате со факултетот при уписот на истиот.
Согласно Законот за средно образование, ученикот кој во текот на образованието во јавните училишта се истакнува со способности, знаења и работни навики и има одличен успех може побрзо да напредува односно да заврши две години во текот на една учебна година преку полагање на испити.
Услов за завршување на две години во една учебна годнина е учениците да покажале одличен општ успех најмалку во последните две учебни години од нивното образование.
Приватните училишта со посебен акт ги определуваат условите под кои ученикот може побрзо да напредува.
Исто така, Законот за средно образование дозволува лице да се запише во својство на вонреден ученик кој што нема да присуствува на предавањата во текот на учебната година, туку оцени за предметите ќе добива преку полагање на испити.
Како вонреден ученик може да се запише лице кое исполнува еден од следниве услови: да е постар од 17 години; да е на боледување подолг период; да му е изречена педагошка мерка отстранување од училиштето; да е во работен однос и во други случаи утврдени со статутот на средното училиште.
За подетални информации можете да се обратите до вашето училиште или да го разгледате статутот на истото каде би можело да бидат содржани и други основи за вонредно запишување.
Правото на протест и јавно изразување на мислата се едни од основните уставно загарантирани права преку кои можете да го изразите својот став за определени дејствија преземени од државата или правила воспоставени од истата.
Правото на протест или јавно изразување на мислата не може да ви биде ограничено или забрането од страна на вработените во училиштата или министерството. Сепак, доколку вашето изразување на незадоволството сакате да го искажете, меѓудругото и преку отсуство од наставата, не е исклучена можноста да ви бидат впишани неоправдани изостаноци.
Доколку планирате да бојкотирате настава, односно да отсуствувате од училишните часови, ви препорачуваме претходно со писмен поднесок да го известите училиштетото за тоа односно класниот раководител и директорот на училиштето. Во поднесокот треба да наведете од кого е поднесокот, за што се однесува, кои се причините за тоа и во кој период ќе биде.
По однос на можните последици, согласно Упатството за начинот на изрекување на педагошки мерки во јавните средни училишта, во случај за неоправдано изостанување од училиштето може да ви бидат изречени усна опомена, писмена опомена или отстранување од училиште.
Доколку имате 10 неоправдани изостаноци, а претходно не ви била изречена друга педагошка мерка, предвидена е усна опомена од страна на раководителот на паралелката. Најстрогата мерка, односно отстранување од училиштето е предвидена во случај на еидентирани повеќе од 25 неоправдани изостаноци во учебната година.
Сепак, во Упатството е наведено дека при донесување на педагошки мерки, меѓудругото, се земаат предвид побудите заради кои е направена повредата и околностите под кои повредата била направена, па во случај на опасност од санкции, можете пред органите на училиштето да ги образложите вашите побуди и причини поради кои сте се определиле за изразување на незадоволство преку бојкот на наставата.
Против Одлуката за отстранување од учииштето имате право на приговор во рок од 8 дена до органот на управување на училиштето.
Во Законот за средно образование е регулирано дека ученикот се оценува и за поведението во училиштето. Поведението се оценува како примерно, добро или незадоволително, а врз основа на континуирано индивиуално следење на ученикот и неговото однесување во текот на учебната година.
Сепак, во Законот за средно образование и подзаконските акти од областа, прашањето за влијанието на отсуствата на ученикот спрема неговото поведение не е детано разработено.
Оттука, за да бидете точно информирани како се регулирани овие прашања во вашето училиште, можете да се обратите до училиштето со барање за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Откако ќе го поднесете барањето, училиштето е должно во рок од 20 дена да ви одговори.
Во прилог ви праќаме образец за барањето.
Во секој случај, согласно Упатството за начинот на изрекување на педагошките мерки во јавните средни училишта (Службен весник на Република Македонија број 47/2005), намалување на поведението не може да се изрече како педагошка мерка.
Имено, како педагошки мерки во средното образование согласно цитираното Упатство се предвидени усна опомена, писмена опомена, опомена пред отстранување и отстранување од училиштето, а конкретно, во случај на колективно изостанување од училишните часови определена е педагошка мерка – писмена опомена на ученикот.
Повеќе за педагошките мерки можете да најдете во Упатството, како и од интерните акти на вашето училиште.
Во правниот систем на Р.Северна Македонија снимањето без одобрение се поведува како кривично дело по чл. 152 од Кривичниот законик доколку со самото дејствие се открие идентитетот на одредено лице. Лицето кое што било неовластено снимано може да поднесе кривична пријава против сторителот на кривичното дело. Што се однесува пак до снимките, дали истите можат да бидат користени како докази во судска постапка, согласо законите само полицијата е овластена да постави уреди за снимање на јавни места, а доколку станува збор за аудио снимки преку телефонски апарат, во таквите случаи јавното обвинителство може да поднесе предлог до судот за посебни истражни мерки (ПИМ) за следење на телекомуникацијата.
Одлука за откажување на Државната матура за учебната 2020/2021 година донесува Министерството за образование и наука, односно се поднесува предлог за измена и дополнување на Законот за средно образование што се поднесува до Собранието на Р.Северна Македонија. Министерството за образование и наука врз основа на состојбите прави проценка за тоа на кој начин ќе биде откажана матурата, како и кои ќе бидат последиците од тоа, односно како ќе се регулираат понатамошните прашања за учениците што не полагале матура (пр.упис на факултет). Согласно искуството од минатата година, со оглед на тоа дека и минатата учебна година не се полагаше државна матура, критериумите за упис во учебната 2019/2020 на универзитетите беа прилагодени, односно беше предвиден посебен начин на бодување за учениците кои не полагале државна матура со цел да биде овозможено ученикот на поинаков начин да ги достигне бодовите кои би ги добил доколку полагал државна матура. Сепак, не може однапред со сигурност да се предвиди како ситуацијата ќе биде регулирана, бидејќи тоа биде конечно утврдено по донесување на одлука за откажување на Државната матура.
Согласно законските прописи и актите на универзитетите, дозволено е паралелно со студиите да бидете вработени, меѓутоа, за таа цел потребно е да имате статус на вонреден студент независно на кој од универзитетите студирате.
Доколку престане потребата од вонредно студирање, постои можност за повторно утврдување на статус редовен студент согласно актите на универзитетите.
Согласно Кривичниот законик, снимањето без овластување е кривично дело доколку притоа може да биде откриен идентитетот на лицето кое се снима. Оттука, во случај на забележување на незаконито постапување на полициски службеник, не е дозволено да го снимате настанот.
Сепак, Законот за внатрешни работи предвидува посебно правно средство за заштита од злоупотреба на овластувањата на полициските службеници.
Така, доколку сметате дека со постапувањето на работник во Министерството за внатрешни работи Ви се повредени слободите и правата имате право да поднесете претставка до Министерството односно до Одделот заради заштита и остварување на своите права и кога. За извршената проверка на наводите во претставката Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во рок не подолг од 30 дена од приемот на претставката во писмена форма треба да Ве за утврдената состојба и преземените мерки.
Согласно Законот за внатрешни работи, Одделот за внатрешна контрола, криминалистичи истраги и професионални стандарди е посебна и независна организациска единица на Министерството за внатрешни работи која остварува внатрешна контрола за потребите на Mинистерството и спроведува постапки за оценување на законитоста на постапувањето на вработените во МВР.
Здружение можат да основаат најмалку 5 основачи, физички или правни лица од кои тројца од основачите мора да имаат живеалиште или престојувалиште, односно седиште на територијата на Република Северна Македонија. Здружение на граѓани може да основаат и малолетни лица со навршена 15-годишна возраст преку изјава за согласност за основање на здружение од нивниот законски застапник, за целите за кои се основа здружението во согласност со закон.
Задолжителни органи кои мора да ги има едно здружение се собрание на здружението (кое се состои од сите членови) и застапник на здружението.
Постапката за основање на здружението се одвива пред Централниот регистар на Република Северна Македонија со поднесување на Пријава во хартиена форма на пропишан образец (доставен во прилог) при што потребно е да се поднесат следните документи:
-
Акт за основање;
-
Статутот и Одлука за усвојување на Статутот;
-
Одлука за избор на органите и податоци за членовите на органите ;
-
Одлука за избор на застапник по закон на здружението;
-
Записник од основачко собрание или извештај за основањето;
-
Програма за дејствување;
-
Фотокопија од лична карта за основачите;
-
Извод од регистар доколку основач е странско правно лице;
-
Фотокопија од лична карта за застапникот/застапниците по закон;
-
Изјава од основачите дека не им е одземена деловната способност;
-
ЗП образец;
-
Одобрение од Министерство за правда на РМ доколу во името на здружението е содржан зборот „Македонија” и зборовите изведени од него, како и неговите кратенки;
-
Одобрение од надлежниот орган на Општината, односно Град Скопје, ако во името на здружението се содржани зборови со името на Општината, односно Град Скопје.
Потребните обрасци можете да ги најдете на следниот линк https://www.pravdiko.mk/
За постапката за основање се плаќа надоместок во корист на Централниот регистар во висина од 2.452,00 денари.
Кризна состојба се прогласува при ризици и опасности кои можат да ги загрозат добрата, здравјето и животот на луѓето и животните и безбедноста на државата, за чија превенција или справување е потребна употреба на поголем обем на ресурси. Во кризна состоба, законот ѝ овозможува на Владата да носи oдлуки за употреба на ресурсите на органите на државната управа, органите на општините и на градот Скопје, како и за управување со нив во случај на кризна состојба. Исто така, за време на кризната состојба можат да се употребат и ресурсите на јавните претпријатија, установи и служби, како и на трговските друштва кои се од посебно значење за работа во кризна состојба, во согласност со закон. По барање на Владата, врз основа на договор склучен со Центарот или доброволно, можат да се употребат и ресурсите на граѓаните и други правни лица. Законот предвидува дека со дел од своите сили може да учествува и Армијата во поддршка на полицијата, во услови кога со кризната состојба е загрозена безбедноста на земјата, а органите на државната управа немаат соодветни ресурси и средства за нејзина превенција и справување.
Одлука за прогласување на кризна состојба донесува Владата, така што кризната состојба не може да трае подолго од 30 дена. Доколку има потреба да биде надминат овој период, односно состојбата да трае подолго, Владата треба да побара одобрување од Собранието за продолжување на рокот или да предложи прогласување на воена или вонредна состојба.
Вонредна состојба настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии. Постоењето на вонредна состојба на територијата на Република Македонија или нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници. Во вонредна состојба Владата е овластена да носи уредби со законска сила.
Главната разлика помеѓу кризната и вонедната состојба се состои во тоа што вонредната и кризната состојба овозможуваат справување со состојбата на различен начин, така што во кризна состојба на Владата и е овозможено користење на дополнителни ресурси со цел справување со ризиците, додека за време на вонредна состојба Владата има на располагање дополнителни правни механизми, односно има право да донесува уредби со законска сила, кои овозможуваат поголема ефикасност при управување со состојбата. Имено, уредбите со законска сила самостојно ги донесува Владата без учество на Собранието, така што нивното донесување е значително побрзо споредено со времето потребно да се донесе одреден закон низ собраниската постапка.
Ниту кризната ниту вонредната состојба не подразбираат нужно воведување на полициски час. Полициски час може дополнително да биде воведен со посебна одлука на Владата, доколку биде проценето како потребно со цел справување со состојбата.
Магистерските студии се еден вид на надградување на степенот на високо образование на оние кои што дипломирале претходно, па во однос на тоа за магистерските студии задолжително е плаќање на партиципатија. Што се однесува пак до додипломските студии согласно чл.87 од Законот за високо образование високообразовната установа нема да наплатува партиципација за: деца без родители, лица од прв и втор степен на инвалидност, воени инвалиди и лица растени во домови за напуштени деца. Меѓутоа, секој факултет може да донесе Правилник, поединечно за секој објавен конкурс во кој ќе определи дали ќе има и други критериуми за ослободување од плаќање на партиципација (на пример: од сите студиски програми заедно, еден најдобро рангиран кандидат (со највисок број на поени) во квотата на примените редовни студенти, по завршувањето на првиот уписен рок, ќе биде ослободен од плаќање партиципација за првата година на студии.)
Сепак, студентите кои што имаат висок просек, можат да конкурираат за стипендии коишто се објавени од страна на Министерството за образование.
Во правниот систем на Р.Северна Македонија снимањето без одобрение се поведува како кривично дело по чл. 152 од Кривичниот законик доколку со самото дејствие се открие идентитетот на одредено лице. Лицето кое што било неовластено снимано може да поднесе кривична пријава против сторителот на кривичното дело. Доколку во автомобил е поставена камера без одобрение, на лицето (сопственикот на автомобилот) може да му биде изречена парична казна како сторен прекршок согласно Законот за заштита на лични податоци. Што се однесува пак до снимките, дали истите можат да бидат користени како докази во судска постапка, согласно член 369 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата само полицијата е овластена да постави уреди за снимање на јавни места на кои се одвива сообраќај и на кои може да се извршуваат прекршоци од областа на сообраќајот на патиштата согласно со закон.
Согласно законите во нашата држава, најпрво она што ви е потребно е да извадите е извод од матична книга на родени во Управата за водење на матичните книги, па врз основа на тој извод потребно ќе биде да поднесете барање за вадење на документ за лична идентификација односно лична карта во Министерството за внатрешни работи. Доколку имате потреба од помош при поднесување на документите и барањата до надлежните институции, ве советуваме да се обратите до граѓански организации кои што нудат бесплатна правна помош, па ќе ви помогнат во процесот на вадење документи.
Граѓански организации кои пружаат бесплатна правна помош се: Хелсиншки комитет за човекови права, Коалиција „Сите за правично судење“ , Македонско здружение на млади правници и други.
Во случај ако се заразите со вирусот Ковид – 19, потребно е да го остварите правото на боледување, односно отсуство од работа со надоместок на плата заради привремена спреченост за работа согласно Законот за здравствено осигурување.
Притоа, право на боледување имате независно од тоа дали имате симптоми на вирусот или сте асимптоматски носител.
Имено, доколку имате симптоми и сте заболени од Ковид 19, Вашето право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа го остварувате согласно член 13 став 1 точка 1 од Законот за здравственото осигурување, за што лекарот ќе Ви издаде ИСР образец по основ на болест.
Доколку немате симптоми, но сте заболени од Ковид 19, Вашето право право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа го остварувате согласно член 13 став 1 точка 9 од Законот за здравственото осигурување, за што лекарот ќе Ви издаде ИСР образец по основ изолираност заради спречување на зараза.
Надоместокот на плата за првите 30 дена спреченост за работа го утврдува и исплатува работодавецот од своите средства, а над 30 дена истиот паѓа на товар на Фондот за здравствено осигурување.
Повеќе информации по однос на оваа постапката можете да најдете во Известувањето за регулирање на боледувањето на вработени лица заболени од COVID – 19 (Коронавирус) како и вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза на Фондот за здравствено осигурување.
Согласно законските прописи и актите на факултетите, дозволено е студентите кои што се запишани на факултет паралелно со студиите да можат и да работат. Меѓутоа, согласно правилата за студирање, за да може едно лице паралелно со студиите да работи мора да има статус на вонреден студент. Тоа значи дека доколку сте вонреден студент немате право да полагате на колоквиуми, туку полагате само испити. За упис како вонреден студент лицето е должно да достави потврда до факултетот дека е вработено. Односно доколку имате склучено договор за вработување, истиот треба да го приложите на факултет како би можеле статусот од редовен студент да го промените во вонреден.
Редовните студенти и вонредните студенти студираат како студенти со еднакво финансирање на студиите, односно школарината е иста.
Доколку вонредниот студент сака да го промени статусот во редовен студент, тоа може да го направи со доставувањеБарање во Службата за студентски прашања. Промената на статусот се врши при запишувањето на нареден семестар.
Секој студент кој што е запишан во високообразовна инститиција има право на заштита на личноста на студентот од злоупотреба и неговото достоинство. За жал, користењето на сексуални или сексистички шеги за време на предавањето доколку не е потенцирано спрема точно одредена личност не е регулирано како би се санкционирало доколку биде пријавен професорот. Меѓутоа, доколку лично се соочувате со сексуално вознемирување од страна на професор без разлика дали е пред поголема група на луѓе или не како студент имате право да го пријавите тој професор. Пријавувањето може да биде преку студентскиот правобранител на вашиот факултет (Студентскиот правобранител претставува студент или студентка чија примарна работа е заштита на правата на студентите. Тоа значи дека секој пат кога студентот или студентката смета дека се прекршени неговите/нејзините права, треба да се обрати кај правобранителот со цел решавање на конкретниот проблем.)
Воедно, сексуално вознемирување од страна на професор можете да пријавите и во Државниот просветен инспекторат (http://www.is.gov.mk/opshti-informacii-prosveten.nspx).
Во секој случај, како студенти имате право да го оцените професорот при процесот на самоевалуација, која факултетите се должни да ја спродедат на крајот на секој семестар. Имено, оценувањето од страна на студентите се врши во вид на анкета која ја добиваат студентите, каде имаат можност да оценат повеќе сегменти од начинот на изведување на наставата и извршување на обврските од страна на наставниот и соработничкиот кадар, а резултатите од евалуацијата се земаат предвид при нивен избор во звање.
Начинот на изразување незадоволство на студентот против добиена оцена од спроведените испит, се уредуваат со внатрешни акти на универзитетите.
Така, на пример, согласно Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување на студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, студентот во рок од 3 (три) работни дена од денот на објавувањето на резултатите, може да поднесе приговор до предметниот наставник, ако не е задоволен од резултатите од испитот, или дел од испитот, односно оценката, или ако смета дека испитот не е спроведен во согласност со актите на универзитетот и факултетот.
Доколку наставникот утврди дека се исполнети условите должен е да ја преиспита оценката од резултетите од испитот или дел од испитот во рок од 7(седум) работни дена од поднесувањето на приговорот, така што може да ја потврди оценката што ја утврдил или да ја преиначи.
Во горенаведениот случај, предвидено е и дека факултетот со внатрешен акт може да определи комисиско полагање на студентот. Комисијата се формира од страна на деканот и истата е тричлена, составена од наставници од исто или сродно наставно-научно подрачје. Наставникот кај кого полагал студентот не е член на комисијата.
Владата донесе Уредба со која ги ослободи учениците од генерацијата 2019/2020 година да полагаат државна матура поради КОВИД-19 вирусот. Истите можат да се запишат со диплома за завршено средно образование.
Иако не се предвидени посебни квоти за учениците кои полагале државна матура изминатите години, во конкурсите за упис на некои од универзитетите утврден е посебен начин на бодување за кандидатите кои полагале државна матура во учебната 2013/2014 до учебната 2018/2019 година и за оние кои не полагале државна матура во учебната 2019/2020 година.
Така, според конкурсот за упис на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, критериумите се следни:
За кандидатите кои средното образование го завршиле во учебната 2019/20 година и не полагале матура согласно Уредбата со законска сила за примена на Законот за средното образование за време на вонредна состојба, освен пресметувањето на бодовите од точка 5.а.1, се пресметуваат и најмногу 40 поени од предметите кои се значајни за студиската програма, и тоа: збирот од оценките од секој од двата предмета значајни за студиската програма (Прилог 1) се дели со бројот на оценките (независно во колку години предметот се слушал во средното образование) и вака добиениот среден успех, за секој предмет одделно, се множи со 4. По оваа основа може да се добијат најмногу 20 поени за еден предмет, односно вкупно 40 поени за двата предмета.
За кандидатите кои полагале државна матура во учебната 2013/2014 до учебната 2018/2019 година бодирањето на успехот постигнат при полагањето на државната матура носи најмногу 40 поени и се врши на следниов начин: За трите екстерни предмети: – За кандидатите кои на државната матура полагале екстерен предмет кој е соодветен за студиската програма на која конкурираат, кон оценката од секој екстерен предмет се додава перцентилниот ранг на кандидатот (изразен во проценти) за содветниот предмет поделен со 20. – За кандидатите кои на државната матура полагале екстерен предмет кој е несоодветен за студиската програма на која конкурираат, поените од тој предмет, добиени според горната методологија, се множат со фактор 0,5. По оваа основа можат да се добијат најмногу 30 поени за трите екстерни предмети. За интерниот предмет: – Оценката од интерниот предмет кој се полага на државната матура, а кој е соодветен за студиската програма на која кандидатот конкурира, се множи со коефициент 1,2. – Оценката од интерниот предмет кој се полага на државната матура, а кој е несоодветен за студиската програма на која кандидатот конкурира, се множи со коефициент 0,8. По оваа основа можат да се добијат најмногу 6 поени за соодветен, односно 4 поени за несоодветен интерен предмет. За проектната задача: Оценката добиена на проектната задача се множи со коефициент 0,8. По оваа основа можат да се добијат најмногу 4 поени.
И во двата случаи, кандидатите во овој дел можат да добијат најмногу 40 поени.
Постапката за пријава, оцена и одбрана на магистерскиот труд ја определуваат универзитетите со внатрешни акти.
Така, на пример, согласно Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување на студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, студентот е должен да го изработи и предаде магистерскиот труд најдоцна во рок од една година од денот на одобрувањето на темата на магистерскиот труд.
Сепак, овој рок може да биде продолжен пo барање на студентот, односно предвидено е дека факултетот може да одобри продолжување на рокот за изработка на магистерскиот труд, за времето додека траеле причините за спреченост за работа на магистерскиот труд. По истекот на овој рок, студентот губи право да го брани пријавениот стручен, односно магистерски труд.
Голема група од 550 студенти се соочува со прекршување на правото за финансиска поддршка за млади лица преку издавање на „Домашна платежна картичка“. Овие студенти иако ги исполнуваат сите услови наведени во Уредбата која го регулира издавањето, критериумите и користењето на ДПК, сепак не добија картичка, односно не беа додадени на списокот објавен на веб страната gov.mk. Откако беше објавен првичниот список, сите студенти поднесоа приговори заклучно со 15.6.2020, преку наведениот мејл од страна на Генералниот секретаријат на Владата, меѓутоа се уште немаат добиено одговор на овие приговори. Министерката за финансии објави дека сите приговори се разгледани, а само мал дел се усвоени, при што оваа група на студенти остана изоставена од списокот. Дополнително, оваа група не доби одговор за причините поради кои не е дел од групата на граѓани кои ќе добијат ДПК.
Прашањето ни е, кои се следните чекори кои овие студенти можат да ги преземат, како би го оствариле своето право на „Домашна платежна картичка“?
Со оглед на тоа дека формално немате добиено одговор дека вашите приговори се одбиени и не се усвоени, најпрво треба да побарате од Министерството за финансии да ви достави писмено решение кое што ќе биде образложено како постапиле по вашите приговори. Исто така можете да пратите уште еден поднесок до Министерството за финансии со кој ќе го известите дека сеуште не е постапено по приговорот кој што сте го поднеле и дека сеуште немате добиено одговор на истиот.
Тимот на правници на Советодавнот сервис за права на млади се соочи со многу дилеми и препреки за да стигне до одговорот, кој всушност не е целосен одговор. Затоа почустввуавме потреба да дадеме дополнително објаснување кое можете да го прочитате подолу.
Одговорот на прашањето е комплексен затоа што институциите немаат јасни информации на кои би можеле да се повикаме.
Она што досега го утврдивме е следново:
По разгледување на опциите за поднесување на правен лек, со тоа што првично треба да се утврди за каков приговор станува збор и каде истиот е уреден, дојдено е до следните заклучоци:
Со Уредбата со која се регулира домашната платежна картичка не се предвидени правни лекови, по разгледување на приговорот предвиден со Законот за општа управна постапка како правен лек против реални акти.
Така, согласно член 118 став 1 од законот, против реален акт или негово пропуштање, странката може да изјави управен приговор до јавниот орган кој го преземал или не го преземал реалниот акт, ако странката тврди дека нејзините права или правни интереси се повредени од тие дејствија или неизвршувањето на дејствијата.
Реален акт е дефиниран како акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт или управен договор, што може да има правно дејство врз правата, обврските или правните интереси на некое лице, како што се јавните информации, примање изјави, водење евиденција, издавање уверенија, дејствија на извршување и други фактички дејствија.
По однос на ова, проблематично е што под поимот “јавен орган” во ЗОУП не е наведена Владата, како што тоа е случај со Законот за управните спорови, па се поставува прашањето дали актите на Владата подлежат на овој закон.
Доколку станува збор за овој правен лек, согласно одредбите од член 119 став 3 од ЗОУП јавниот орган одлучува по приговорот со управен акт најдоцна во рок од 15 дена по прием на истиот.
Управен акт е дефиниран како поединечен акт на јавен орган кој е донесен врз основа на закон со кој се решава за правата, обврските и правните интереси на странките. Управните акти можат да бидат насловени како решение, одлука, наредба, лиценца, дозвола, забрана, одобрение или други.
Следно спорно прашање е дали е воопшто се донесени одлуки по приговорите или истите се донесени, но не им се соодветно доставени на подносителите.
Со Законот за управни спорови предвидена е можност да поднесување на тужба до Управниот суд поради недонесување на управен акт од страна на управните органи во законски предвидениот рок.
Согласно одредбата од член 26 став 2 од ЗУС предвидено е дека кога се поведува управен спор поради недонесување на одреден акт во пропишаниот рок (молчење на управата), тужбата се поднесува во рок од 30 дена по истекот на законски утврдениот рок за донесување на актот, па доколку го имаме предвид приговорот од член 118 од ЗОУП овој рок е изминат.
Согласно став 3 кој ја покрива втората опција, предвидено е дека кога актот не и бил доставен на странката во согласност со пропишаните правила за достава, тужбата може да биде поднесена во рок од 30 дена од моментот кога странката дознала за одлуката, но не подолго од една година од денот на донесување на актот, па може да се разгледа дали истото би можело да биде од корист зависно од конкретната фактичка состојба.
Секако, треба да се има предвид дека такса за поднесување на тужба до Управниот суд изнесува 480 денари.
Секако не е исклучена опцијата за барање за донесување на формална одлука по пат на поднесоци и/или ургенции со што би можеле да имаме и конкретен акт и да поднесеме соодветен правен лек против истиот во законски предвидените рокови.
Генералното прашање останува дали воопшто постапката по приговор е водена по некакви законски утврдени правила или истото е правено произволно од страна на Владата со оглед на состојбата со која се соочуваме.
Со цел поставување на рампа на паркинг во Ваша сопственост, потребно е да поднесете барање пред надлежната општина за добивање на согласност за изградба на истата. За таа цел, како сопственици на посебни делови (станови) од зградата за која станува збор, потребно е претходно да донесете одлука за отпочнување на наведената постапка.
Одлуката за започнување на постапката треба да биде напишана во писмена форма и во истата треба да се наведе дека за одредениот простор (број на катастарска парцела) станарите даваат согласност на истиот да биде поставена рампа, а на станарите од тие две згради ќе им биде даден пристап за паркирање на нивните возила.
Доколку со Вашата зграда управува станбен управител, можете да се обратите до истиот за спроведување на постапката. Воедно, за обезбедување подетални информации околу потребната документација и начинот на поднесување на барањето до општината, можете да се обратите секторот за урбанизам во рамки на истата.
Со цел определување на начинот на одвивање на наставата, наставниот процес и студирањето, универзитетите донесуваат внатрешни акти во кои се уредени овие и други прашања.
Согласно Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање на прв циклус на студии и втор цисклус студии на УКИМ, на пример, со цел разјаснување на прашања од студиската програма, секој наставник и соработник е должен да одржува консултации со студентите четири часа седмично, а терминот за одржување на консултации се објавува на почетокот на семестарот. Отсуството во определениот термин за консултации наставникот е должен да го најави.
Оттука, доколку сте студенти на овој универзитет или студирате на универзитет со слична организација во поглед на ова прашање, а имате проблем да остварите контакт со наставникот по пат на е-маил комуникација, можете да се обратите до наставникот во неговото приемно време во кое истиот е должен да биде достапен за студентите.
Доколку наставникот не ја почитува оваа обврска, можете да дадете соодветна оцена за неговата достапност во текот на процесот на самоевалуација.
Имено, согласно Законот за високо образование, студентите имаат право да учествуваат во процесот на самоевалуацијата на универзитетот, односно процес кој опфаќа проценка на квалитетот на акдемскиот кадар, научноистражувачката дејност и студиските програми на универзитетот.
Конкретно делот на оценување од страна на страна на студентите се врши по пат на анкета која се спроведува на факултетите во втората половина од семестарот, односно учебната година.
Оттука, доколку имате основана забелешка на соработката и односот на професорот кон Вас како студенти, истата можете да ја интегрирате во анкетата и соодветно да го оцените професорот.
Согласно законот, оценката на студентите се зема предвид при напредувањето на наставникот во наставно-научно звање.
Истовремено, доколку сметате дека се повредени Вашите права како студент, можете да се обратите со поднесок до Студентскиот правобранител со опис на повредата сторена спрема Вас.
Согласно Правилата за студирање на Правниот факултет “Јустинијан Први”, студенот напредува во текот на студирањето според бројот на стекнати кредити. Оттука, студентот нема право да запише нови предметни програми од следниот семестар доколку не се стекне со предвидениот број на кредити од претходниот семестар.
Конкретно, бројот на кредити стекнати во VIII семстар предвидени како услов за запишување на нови предметни програми IX семестар по секоја од програмите на постдипломските студии поединечно се следните:
- За правни студии – 14 кредити;
- За политички студии – 14 кредити;
- За студии по новинарство – 12 кредити;
- За односи со јавност – 12 кредити.
Тоа значи дека доколку ги немате стекнато предвидените кредити во VIII семестар немате право да полагате испити од IX семестар се додека не се стекнете со истите.
Сепак, согласно Правилата, студентите кои што запишале семестар иако немаат исполнето услов да ги полагаат предметите од наредниот семестар (во овој случај од IX семестар) имаат право да присуствуват на предавањата од IX семестар и да спроведуваат активности поврзани со предметите од IX семестар.
Дополнително, кога ќе се стекнете со кредитите од претходниот семестар, ќе имате право да ги полагате испитите и од IX семестар.
Дали е можно, и ако да на кој начин може ученик во средно образование да земе повеќе години во една?
Согласно Законот за средно образование, ученикот кој во текот на образованието во јавните училишта се истакнува со способности, знаења и работни навики и има одличен успех може побрзо да напредува односно да заврши две години во текот на една учебна година.
Услов за завршување на две години во една учебна годнина е учениците да покажале одличен општ успех најмалку во последните две учебни години од нивното образование.
За поуспешно подготвување на учениците кои се истакнуваат со способности и знаења, работни навики и имаат одличен успех и кои сакаат образованието да го стекнат за покусо време, училиштето организира групни и индивидуални форми на наставна работа.
Завршувањето на учебната година се остварува по пат на полагање на испити кои се полагаат по правило само еднаш во три испитни рока, односно април, јуни и август.
Доколку учениците добијат позитивни оцени по сите предмети предвидени со планот и програмата за видот на среднто образование во кое е запишан ученикот и ги исполнат барања предвидени со задолжителните изборни програми, односно од задолжителните активности, истите ја завршуваат годината на образование. Учениците, пак, кои нема да ги положат испитите по сите предмети за годината на образование, го продолжуваат образованието по редовна постапка.
Приватните училишта со посебен акт ги определуваат условите под кои ученикот може побрзо да напредува.
*врз основа на член 52 од Законот за средно образование и членови 29-32 од Правилникот за начинот на следење, проверување и оценување, полагање на испити и напредување на учениците во средното образование.
Според правилникот за втор циклус на студии, чл.29 за секое отсуство, предавачот треба да биде однапред известен доколку студентот не може да присуствува на испитот. Овозможувањето испит во таа испитна сесија зависи од образложението на студентот и од можноста за организирање испит. Така што нема основ за враќање на финансиските средства, со оглед на тоа дека во правилникот изрично е наведено дека однапред мора да се извести.
Во случај кога контролорите на ЈСП – Скопје ќе констатираат дека патник се вози во автобус без билет можат да изречат парична казна (1000 денари) која треба да се плати во рок од 8 дена. Ако патникот не го плати бараниот износ и во дополнителниот рок од осум дена, Инспекторатот за сообраќај на Град Скопје може да поднесе Барање за поведување прекршочна постапка до Министерството за транспорт и врски пред Комисија за водење на прекршочна постапка.
Глобата за непоседување на билет во ваков случај предвидена во Законот за превоз во патниот сообраќај изнесува 50 евра.
Пред поднесување на Барање за поведување на прекршочна постапка, инспекторот мора да спроведе постапка за порамнување. Доколку во текот на постапката го признаете прекршокот, инспекторот ќе Ви издаде прекршочен платен налог заради наплата на глобата предвидена за прекршокот. Со потписот на платниот налог се смета дека се согласувате да ја платите предвидената глоба и ако ја платите во рок од 8 дена, должни сте да платите само половина од глобата.
Во спротивно, инспекторот поднесува Барање за поведување на прекршочна постапка. Прекршочниот орган, односно Комисијата пред донесување на Решение мора да Ве извести за постапката, при што можете да поднесете писмена одбрана до Комисијата во која ќе се изјасните за фактите и доказите во определениот рок.
Доколку Комисијата по испитување на предметот утврди дека сте го сториле прекршокот, истата донесува Решение со кое изрекува глоба во износ од 50 евра, Ве задолжува со трошоците на постапката и определува рок за плаќање на истите.
Против ова Решение имате право да поднесете жалба во рок од 8 дена по приемот на истото, преку Комисијата за прекршоци до Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка.
Доколку не поднесете жалба или истата ја поднесете по изминување на рокот, Решението станува правосилно, така што ако доброволно не ја платите глобата во определениот рок, истата може да Ви биде наплатена присилно во постапка за извршување.
По извршената анализа на релевантните законски одредби по однос на горепоставеното прашање, ја утвдивме следната состојба:
1. Согласно Законот за општа управна постапка, издавањето на уверение претставува реален акт на органите, односно од содржината на одредбата од членот 4 од законот, цитираме: „Реален акт“ е акт или дејствие на јавниот орган што не е управен акт или управен договор, што може да има правно дејство врз правата, обврските или правните интереси на некое лице, како што се јавните информации, примање изјави, водење евиденција, издавање уверенија, дејствија на извршување и други фактички дејствија.”
Согласно член 102 став 2 од цитираниот закон, правен лек предвиден конкретно за постапката на донесување на реален акт е управниот приговор кој подетално е уреден со членовите 118 и 119 од законот.
Така, согласно членот 118 од законот: против реален акт или негово пропуштање, странката може да изјави управен приговор до јавниот орган кој го преземал или не го преземал реалниот акт, ако странката тврди дека нејзините права или правни интереси се повредени од тие дејствија или неизвршувањето на дејствијата.
Во однос на постапката по приговорот, во членот 119 е предвидено следното: (1) Постапката по приговорот против реални акти или нивно пропуштање ја спроведува посебна организационата единица или колегијално тело на јавниот орган кој го издава реалниот акт. (3) Јавниот орган решава за управниот приговор против реални акти или нивно пропуштање преку управен акт кој треба да се донесе и достави без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена по приемот на приговорот. (4) Против овој управен акт може да се поведе управен спор пред надлежен суд.
2. Предвид на изложените законски одредби од ЗОУП, во конкретниов случај со оглед на тоа дека органот – факултетот, по истек на законски предвидениот рок од 30 дена не го издал бараното уверение, односно не го донел реалниот акт, на располагање е правниот лек – приговор поради пропуштање на донесување на реален акт – уверение, кој што се поднесува до предметниот факултет, односно организациона единица на факутетот надлежната да постапува согласно актите на истиот, што најчесто е деканската управа.
Притоа, потребно е причините за поднесување на приговорот да бидат соодветно образложени, односно во случајов да биде наведен датумот на поднесување на предметот до факултетот, со цел потенцирање на протекот на временски период од 3 месеци во рамки на кои не е постапено од страна на истиот, а кое што постапување е спротивно на законот. При изготвување на приговорот, пожелно е да се наведе архивскиот број под кој е примен предметот во архивата на факултетот (врска) со цел полесно лоцирање на предметот и неговото движење во рамките на факултетот, како и утвдување на фактичката состојба.
Постапувајќи по приговорот, органот може да наложи донесување на уверението во краток временски период или самиот да го донесе истото.
Доколку од страна на органот не е постапено по приговорот во законскиот рок од 15 дена или истиот е одбиен, предвиден е уште еден правен лек, односно тужба до Управниот суд согласно горецитираниот член 119 од ЗОУП, а последна инстанца во постапката е жалба против пресудата на Управниот суд до Вишиот управен суд.
Во конкретниов случај се работи за класична форма на сајбер булинг .
Голем број на ученици во основно, средно па и студенти, се соочуваат со низа проблеми кои вклучуваат психичко и физичко насилство, но во голема мера и САЈБЕР БУЛИНГ (Cyber bulling)“ . Сајбер Булинг всушност вклучува малтретирање, понижување, навредување и закани изразени преку интернет, а најмногу преку социјалните медиуми.
Насилството преку интернет во најголемиот број случаи се игнорира или се минимизира затоа што не е толку впечатливо, меѓутоа не помалку влијае врз своите жртви .
Во македонското законодавство не постои изразот „сајбер-булинг“. Затоа во законот нема одредба со која би можело директно да се влијае на овој вид насилство. Сепак во Кривичниот законик според членот 144, став 4 се вели дека за тој што по пат на информатички систем ќе се заканува дека ќе стори кривично дело се предвидува казна затвор од пет години.
Имајќи во предвид да заканата сторена преку социјални мрежи е еднакво значајна како и секоја друга форма на закана истата не треба да се занемари и треба да се пријави во најблиската полициска станица. Пред да се пријави случајот во полиција жртвата треба да биде сигурна дека зачувала копија (screenshot) од комуникацијата како и копија(screenshot) од профилот на осомничениот како доказ дека бил постоечки во моментот, во случај подоцна да го отстрани.
Дополнително треба да се информира класниот раководител и стручната служба во училиштето кои соодветно би постапиле во дадената ситуација .
Здраво Златка,
согласно Законот за волонтерство, член 5, волонтер може да биде и малолетно лице со писмена согласност од неговите родители. Исто така со оваа писмена согласност волонтерот согласно овој закон може да склучи и договор за волонтирање што е всушност и основата за вадење на книшката. Штом може договор да склучи мора да се даде книшка бидејќи тоа е единствен документ за евидентирање на волонтерството. Во Скопје сме имале случаи кога се издавало волонтерска книшка и на малолетен така што не би требало да има некаков проблем.
Дотолку повеќе што не постои акт, документ или член што ограничува вадење на волонтерска книшка на малолетници. Ако ова ти го кажат по втор пат побарај им документ/акт кој што кажува дека тие не смеат да издаваат волонтерска книшка на малолетници.
Срдечен поздрав и слободно пиши ни повторно, доколку се јави потреба.
Здраво Христина,
Пред сè, ти благодариме за интересот да се обратиш до Советодавниот сервис за права на млади и се надеваме дека ќе успееме да ти помогнеме во твојата ситуација.
Согласно правилата на АВРМ (Агенција за вработување на Република Македонија), за жал, пријавувањето мора да го направиш лично, на датумот кој ти е предвиден од самата агенција. Доколку го пропуштиш предвидениот рок, ќе бидеш избришана од евиденција. Во однос на вториот дел од твоето прашање, пријавувањето во АВРМ не е поврзано и нема влијание врз твоето здравствено осигурување, тоа го регулира ФЗО (Фонд за здравствено осигурување) и доколку регуларно таму си пријавена, тогаш ќе ти издаваат сини картони, или ако веќе имаш здравствена картичка ќе можеш да си ја користиш.
Здраво Давид,
Пред сè, ти благодариме за интересот да се обратиш до Советодавниот сервис за права на млади.
Во статутот на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип не е уредено прашањето за предвремено полагање на испити или организирање на дополнителна испитна сесија по барање на студентите.
Од голема корист би било доколку ни кажеш на кој факултет студираш при Универзитетот Гоце Делчев-Штип. Оваа информација ни е потребна од причина што секој факултет или високообразовна установа при универзитетите има свој Правилник со кој поблиску се уредуваат начинот и условите за студирање, па можно е во овој документ да е регулирано ова прашање.
Тимот на Советодавниот сервис за права на млади истражуваше за тоа како е ова прашање уредено на другите универзитети во РМ и дојдовме до информација дека на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, има можност да им се дозволи на студенти предвремено да полагаат испити токму поради заминување во САД преку програмата „Work &travel“ во САД.
Студентите од овој факултет се обратиле до Студентскиот парламент кој во нивно име се обратил до Деканот на факултетот и предвремената сесија била одобрена.
Тоа што Советодавниот сервис за права на млади може да те посоветува да направиш е следново: Поднеси официјално писмено барање/молба до Деканатот во кое ќе наведеш дека бараш предвремено да полагаш поради престој во странство. Како доказ достави ги копиите од добиената виза и резервираната авионска карта. Она што останува е да видиш како ќе одговори деканот на ова барање и по кој основ евентуално ќе те одбие.
Во меѓувреме, ти предлагаме да се обратиш до службеното лице на факултетот одговорно за пристап до информации од јавен карактер и усно да побараш копија од Правилата за студирање и Правилник за внатрешни односи и работење или некој ваков сличен документ. Согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, ако барањето се поднесува усно, имателот на информацијата е должен да ти одговори во рок од 5 дена.
По добиениот одговор од страна на факултетот, односно доколку ги добиеш бараните документи, може да провериме дали и како е уредено прашањето за предвремено полагање испити. Штом добиеш одговор на барањето за слободен пристап, слободно обрати ни се доколку имаш дополнителни прашања.
Доколку сакаш, можеш да се обратиш и до Студентскиот парламент при твојот факултет. Пред да го поднесеш официјалното писмено барање до Деканатот, обрати се до Студентскиот парламент и доколку добиеш поддршка од нивна страна, може позитивно да влијае при одлучувањето на Деканот за твоето барање.
Те советуваме обраќањето до Студентскиот парламент да не биде усно, туку со писмена молба/барање во која ќе ја образложиш твојата ситуација и ќе им објасниш зошто ти е потребно предвремено полагање.
Здраво Сања,
можеш да го оствариш твоето право на здравствено осигурување доколку си невработена, на начин што ќе одиш во ФЗО (Фонд за здравствено осигурување) со копија од документ за лична идентификација (лична карта), копија од извод од матичната книга на родени и ќе пополниш ЗО 1 формулар (пријава), соодветна изјава за остварени приходи во претходната година (личните примања не треба да надминуваат 96 600,00 денари на годишно ниво, како и во случајот кога си остварила од 96 000 денари до 183 546 денари приход под услов во изминатите два месеци во семејството да нема приход поголем од 16 000 денари) во спротивност секој месец ќе бидеш обврзана да плаќаш соодветен надоместок) и формулар за согласност за заштита на личните податоци, сите три формулари можеш да ги набавиш од самиот ФЗО. Пријавувањето се врши еднаш годишно, освен ако во меѓу време немаш некакви промени во однос на твоите приходи и работниот статус.
Здраво Елена,
доколку си незадоволна од некои од годишните оценки што ти се соопштени, имаш право во рок од 3 (три) дена од соопштувањето на оценките да поднесеш приговор до наставничкиот совет на јавното училиште.
Што претставува приговорот?
Правото на приговор значи правна можност за заштита на ученикот во случај кога смета дека нешто не е во ред, дека му е нанесена повреда или е оштетен со преземање или непреземање на определено дејствие. Со самото тоа што еден ученик ќе поднесе приговор до Архивата на училиштето, која истото ќе го завери дека го примила, а еден примерок останува кај ученикот како доказ дека поднел приговор, веќе никој не смее да го игнорира ученикот и мора да постапува по тој приговор.
Што содржи приговорот?
Во приговорот потребно е да ги објасниш причините поради кои си незадоволна од оценката. Во приговорот можеш да поставиш и барање за изземање на предметниот или друг наставник за да не биде член во испитната комисија доколку ти се одобри повторно проверување на знаењето, доколку докажеш дека е доведена во прашање непристрасноста на наставникот.
До кого се поднесува приговорот?
Приговорот уредно напишан и потпишан од ученикот, се поднесува во писмена форма до Наставничкиот совет во училиштето.
Што може да направи Наставно-научниот совет?
Наставничкиот совет може (врз основа на факти) да одлучи оценката да ја потврди, да ја измени или да организира повторно проверување на знаењето. Одлуката донесена по приговорот на ученикот која е конечна, се изготвува во писмена форма со образложение во кое се објаснуваат причините за донесувањето на таква одлука.
Дали некој друг го надглегува работењето на училиштето?
Врз квалитетот на образовниот процес, ефективноста и примената на законите, другите прописи и општи акти од областа на образованието и воспитувањето, се врши просветен инспекциски надзор. Тоа значи дека државниот просветен инспекторат будно ги следи состојбите во училиштата и има широки надлежности. Меѓу нив е и можноста државниот просветен инспектор да предложи поништување на оценката и да определи повторна проверка на знаењето и оценувањето на учениците.
А дали некој ги оценува и наставниците?
Советодавниот сервис во овој случај ќе поднесе барање за слободен пристап до информации од јавен карактер и ќе ја побара ранг листата на отстапување од добиените показатели врз основа на добиените резултати од екстерното проверување на постигнувањата на учениците во средното образование. На овој начин може да се види како екстерното оценување ги оценува професорите.
Здраво Наташа,
Министерот за образование по предлог на Бирото за развој на образованието, носи Правилник за начинот на изведување на училишните екскурзии на учениците од средните училишта. Согласно овој Правилник, непосредно по организирање на екскурзијата, задолжително е поднесување извештај со оценка за изведувањето на екскурзијата и квалитетот на дадените услуги за време на истата.
Овој извештај се разгледува од страна на Наставничкиот совет и Советот на родителите, а го усвојува Училишниот одбор. Вашите родители се запознаваат со содржината на Извештајот на родителските средби и можат да дадат свое мислење или пак да приговараат доколку сметаат дека постои основана причина (како во вашиот случај кога директно вие како ученици сте биле оштетени од страна на агенцијата која ја организирала екскурзијата).
Во овој случај потребно е вие да им кажете на вашите родители, при разгледување на извештајот за изведување на екскурзијата дека можат да поднесат барање во име на учениците до директорот на училиштето, да го побараат договорот што е склучен со понудувачот (агенцијата) и да бараат училиштето да постапи согласно договорот склучен со понудувачот (агенцијата).
Училиштето е должно да постапува согласно погоре споменатиот Правилник, бидејќи надзор врз неговото спроведување врши Државниот просветен инспекторат и овластениот просветен инспектор на општината односно Градот Скопје.
Здраво Стефан,
предметите кои ги имаш слушано можеш да ги полагаш.
Зависи дали некои од тие испити си ги полагал досега или не. (на пример на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје можеш еден испит најмногу во 3 последователни сесии да го полагаш, а по тоа треба предметот да се презапише).
Извести нè дали испитите кои сакаш да ги полагаш ги имаш ислушано и полагано досега. Исто така, обрати се на Студентски прашања и прашај како е уредено ова прашање на твојот факултет и кои се роковите кои треба да ги запазиш во однос на уплатата и последователните сесии на полагање пред да е потребно предметот да се презапише.
Здраво Петар,
најпрвин законски да дефинираме што претставува авторско дело. Тоа е дело, во смисла на Законот за авторско и други сродни права, односно интелектуална и индивидуална творба од областа на книжевноста, науката и уметноста, изразена на кој било начин и форма.
Во самиот момент кога ти ги изработуваш тие семинарски задачи или проекти, стануваш автор на тоа дело и имаш авторско право на истите.
Ти ни кажуваш дека при изработката на разни семинарски и други проекти по некое правило соработуваш со т.н. ментор и во таа смисла може да се повикаме на еден член од горенаведениот закон кој вели дека авторското право на дело создадено во соработка на две или повеќе лица, им припаѓа на сите тие лица (коавтори).
За секое користење на тоа дело, потребна е согласност од секој од коавторите.
Во однос на начинот како можеш ти лично да се заштитиш доколку сметаш дека некој друг го злоупотребил твоето дело, постојат повеќе опции. Односно, повторно го користиме Законот за авторско право и други сродни права кои ни вели дека авторското право и сродните права уживаат кривична, граѓанска и прекршочна заштита.
Би сакале да те посоветуваме и во друга насока, имајќи ја предвид материјата која ти ја изучуваш на твојот факултет. Иако не сме доволно запознаени со творбите кои ти ги изработуваш, сепак сметаме дека може и ова да ти биде корисно.
Постои закон кој го регулира индустрискиот дизајн, односно тоа е Законот за индустриска сопственост. Согласно овој закон, ти можеш тоа што ќе го создадеш, доколку сметаш дека е нов, односно суштествено се разликува од некој што порано бил пријавен, да си поведеш постапка пред Државниот завод за индустриска сопственост и да бараш заштита на твојот индустриски дизајн. Доколку сакаш дополнително да те информираме за оваа постапка, слободно обрати се до нашиот Советодавен сервис кој секогаш е подготвен да одговори на поставените прашања.
Здраво Вилдан,
Законот за високо образование дава можност на студентите да студираат на две или повеќе студиски програми од прв циклус на студии истовремено (паралелно студирање) на една или повеќе високообразовни установи.
Студентот е ослободен од плаќање на трошоците за студирање на втората и секоја наредна студиска програма на која ќе биде запишан доколку:
– првата студиска програма ја има успешно завршено на првата академска година и ја завршува секоја наредна академска година со просек на оценките над 9,00 и
– втората и секоја наредна студиска програма на која ќе биде запишан е од научното подрачје на биотехничките, техничко-технолошките или природно-математичките науки со исклучок на студиските програми од научните полиња на воено-техничките науки, сообраќај и транспорт, индустриско инжинерство и менаџмент, контрола на квалитет, животна средина и географија.
Во однос на делот од прашањето за цената за студирање на вториот факултет и обврската за присуствување на предавања и слично, секој факултет поединечно со посебен правилник го уредува прашањето за паралелно студирање со кој поблиску се уредуваат начинот и условите за студирање.
Поради тоа, те советуваме да се обратиш во службите на факултетот и да го побараш соодветниот правилник кој го уредува ова прашање или да ни дадеш информација за кој факултет се работи односно на кој факултет паралелно планираш да студираш.
Здраво Ивана,
согласно Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2013/14 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје на вториот циклус студии може да се запише студент којшто претходно завршил тригодишни правни студии од првиот циклус со освоени најмалку 180 кредити односно кој се стекнал со диплома „дипломиран правник“.
Просекот на тригодишните правни студии од првиот циклус не е услов за запишување на втор циклус правни студии.
Но, распоредот на студентите по насоки се извршува согласно успехот остварен на првите три години од студирањето и приоритетите дадени во изјавите на студентите при конкурирањето за насоките на постдипломските студии.
Согласно законските одредби секој кој организира некаква приредба (јавен настан) со поголем број луѓе во затворен или на отворен простор одговара за евентуалната штета настаната во случај на смрт или телесна повреда што некој ќе ја претрпи поради вонредни околности што можат да настанат во такви прилики, како што е бранување на масите, општ неред и слично, без оглед на постоењето на вина.
Имајќи предвид дека во конкретниот случај станува збор за малолетни деца, одговорноста која ја имаат родителите, се пренесува на оној кој моментално врши надзор над децата – конкретно самата организација, која може да се ослободи од одговорноста само ако се докаже дека надзорот го вршела на начинот на кој е обврзана или дека штетата би настанала и при грижливо вршење на надзорот и контролата.
Што значи дека не може однапред да се изврши ослободување од одговорност, туку единствено може и треба да се прибават соодветни дозволи од родителите со кои тие кажуваат дека се согласни и дозволуваат нивното малолетно дете да учествува на јавниот настан (академијата/турнирот).
Здраво Ана,
поднеси официјално барање/молба до Деканот на твојот факултет во кое ќе наведеш дека бараш да ти се овозможи предвремено или пак одложено полагање на колоквиумите/испитите поради здравствени причини. Детално објасни за што станува збор и не заборавај да доставиш копија од медицинската документација во прилог. Пожелно би било да доставиш и мислење од доктор дека по извршената операција, потребно ќе ти биде опоравување во времетраење од најмалку 1 месец.
Здраво Лидија,
согласно Водичот за студирање на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје, во академската 2013/2014 година,
студентите имаат можност да полагаат предметна програма најмногу 3 (три) пати, во 3 (три) последователни испитни сесии во тековната учебна година (почнувајќи од испитната сесија кога за првпат се стекнуваат со правото да ја полагаат предметната програма), пред да ја презапишат истата предметна програма.
Студентите имаат можност да ги полагаат предметните програми од I, III и V семестар во трите последователни сесии во тековната учебна година (јануари, јуни и септември).
Тоа значи дека, испитите од првиот семестар имаш право да ги полагаш во три последователни сесии од моментот кога си се стекнала со право за полагање, односно можеш да ги полагаш уште во септемвриска сесија, без да ги презапишуваш.
Па така, доколку студентите заклучно со септемвриската испитна сесија во тековната учебна година, не положат предметна програма, тогаш ја презапишуваат предметната програма.
Здраво Магдалена,
потребно е да доставиш официјално писмено барање до деканот на факултетот на кој што студираш за да ти дозволи бесплатно школување во текот на тековната академска година од студиите. Ова барање ќе се заснова на член 110-а, став 4 од Законот за високо образование, според кој право на бесплатно школување имаат студенти кои во претходната академска година имале вкупен просек од минимум 9,00.
Во прилог на барањето достави и копија од индексот според која ќе се увиди просекот од претходната академска година.
Согласно член 324 од Статутот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на секој студент може да му мируваат обврските во следниве случаи:
- за време на бременост;
- со дете до 1 (една) година старост;
- за време на болест подолга од 1 (еден) семестар;
- поради семејни причини;
- за време на меѓународна размена на студентите во траење подолго од 30 дена во текот на одржувањето на наставата, доколку со наведената размена не се стекнуваат ЕКТС-кредити;
- за време на подготовка и настапи на спортски настани кога има статус на член на репрезентацијата на РепубликаМакедонија;
- неможност за исполнување на финансиските обврски;
- во други случаи за чија оправданост одлучува деканот, односно лицето овластено од него.
Во конкретниот случај, твоето барање за мирување на студиите би се подвело под точка 8, односно за истото треба да одлучи деканот или по негово овластување, продеканот за настава, по твое писмено поднесено барање и доставена соодветна документација.
Доколку за време на мирувањето на обврските настанат измени во студиската програма, ти ќе продолжиш да студираш на изменетата студиска програма и си должен да ги исполниш обврските што претставуваат разлика помеѓу двете студиски програми.
За време на мирувањето на обврските, можеш да полагаш испити доколку за полагањето на тие испити си ги исполнил условите.
Исто така, имај во предвид дека си должен да го активираш студирањето во рок од 15 дена по истекувањето на настапувањето на причините за мирување.
Доколку пак не го активираш мирувањето, ниту, пак, запишеш година, односно семестар, ќе ти престане статусот на студент.
За времетраењето на мирувањето на обврските ти не си задолжен со финансиски обврски доколку ги имаш подмирено заостанатите финансиски обврски.
Здраво Петар,
личната карта како документ за идентификација се вади и се вршат промени во местото каде што се наоѓа органот на Министерството за внатрешни работи кој ја издал личната карта, ако во меѓувреме не си го променил местото на живеење. Тоа значи дека ако твоето моментално престојувалиште е во Скопје, ќе мораш да одиш во Битола и таму да извадиш нова лична карта.
Промена на лична карта се врши во случаите:
– Aко на личната карта и истекува рокот на важење (во тој случај потребно е во рок од 30 дена пред датумот на кој истекува личната карта да поднесете барање за замена на лична карта);
– Ако го промените местото на живеење (живеалиште или адресата на станот на живеалиштето);
– Во случај доколку го промениш своето лично име;
– Ако твојата лична карта е оштетена или дотраена (во таков случај во рок од 15 дена се поднесува барање за замена на личната карта).
Што е потребно да направиш?
– Да поднесеш барање за замена на личната карта (ќе го подигнеш од органот за внатрешни работи);
– Да поднесеш доказ за извршената промена (истечената лична карта, оштетената или дотраена лична карта);
– Доказ за промена на местото на живеење односно доказ за промена на личното име;
– Да уплатиш 190 денари на жиро сметка за образецот за личната карта.
Министерството за внатрешни работи ќе ти издаде нова лична карта во рок од 15 дена од денот кога си го поднел барањето за замена на личната карта. Кога ќе ја подигнеш новата лична карта ќе мораш да ја предадеш старата во органот за внатрешни работи за да ја поништи.
Во твојот случај надлежен орган за постапување е Министерството за внатрешни работи – СВР Скопје, попрецизно Отсекот за живеалиште, претојувалиште, лични карти и патни исправи во Скопје.
Постапката започнува со поднесување на молба (во прилог ти го испраќаме образецот на молбата од МВР).
Потребни документи:
– Имотен лист во оригинал на увид и копија од истиот кој останува кај органот;
– Изјава на сопственикот на имотот лично во органот или доколку не е во можност да дојде изјава заверена на нотар дека лицето ќе живее во станот и дека ќе извади лична карта во Скопје;
– Извод од матичната книга на родените.
Доколку ти си сопственикот на недвижноста тогаш нема потреба од изјава туку само твој извод од матичната книга на родени и имотен лист во оригинал на увид и копија заедно со молбата за одобрување на живеалиште во Скопје.
Потребно е да отидеш во просториите на Министерството за внатрешни работи (ул. Кеј Димитар Влахов бб – во зградата на МТВ) во соба бр. 34 и таму сите документи да ги поднесеш и да ја започнеш постапката.