About Image

Колумни

Почетна / Колумни

Европскиот пат во очите на еден французин… // RRUGA EVROPIANE NË SYTË E NJË FRANCEZI…

01/12/2020


6

Пишува: Стефан Дојчиноски

Кога бев поканет да напишам збор два во оваа колумна првенствено требаше да се осврнам на слободата на говорот. Читајќи по нешто и размислувајќи на таа тема, почувствував потреба да го овозможам увидот до една сериозна лекција од минатото ( со сите сили колку тоа можам да го сторам ) затоа што ја сметам за особено битна, бидејќи мислам дека реорганизирана може да послужи во идното сноѓање на залутаните прогресивни сили во нашето општество и нивен потенцијален ангажман во евентуална супстанцијална интервенција и на тој начин „вистинска“ промена во политичкото.
Некои денешни состојби со слободата на изразување, но и воопшто, ќе се обидам да ги анализарам преку Алтузеровата лекција за идеологијата, која ќе пробам колку можам поавтентично да ја изнесам во ограничениот простор и да ја пронижам со психоаналитичките сознанија и тези за да успеам ( ако е воопшто такво нешто денес дофатливо ) да сугерирам можен правец на прогресивното делување. Во тој ‘од низ битните сознанија од минатото, поставувајќи ги симултано пиларите на нашата база на која ќе застанеме и од која ќе ја погледнеме денешницата, ќе упатам на падовите и трулите штици од сцената на театарот на прогресивноста кај нас.
Навраќањето на Алтузер го сметам за битно затоа што тој преку својот теоретски опус успева да понуди знаење за една општа теорија на идеологијата, преку која денес можеме да го разбереме она што се одвива политичката сцена. Таа сцена имено секогаш е одиграна преку ( во форма на ) идеологија, која во таа смисла претставува имагинарна престава која го содржи имагинарниот однос на индивидуите/субјектите спрема нивните услови на егзистенција односно со други зборови, во последна инстанца, спрема производните и класните односи. Од тоа произлегува неговата теза дека идеологијата всушност поседува материјална егзистенција односно идеологијата егзистира во секојдневните пракси и ритуали на субјектите кои самите, како свесни битија слободно ги избираат. Така, таа секогаш се базира на верување кај субјектот и тој секогаш делува во согласност со тоа верување. Доколку тоа не го прави или се работи за недоследност или за цинизам или перверзија што повлекува други проблеми кои тука не ни се од интерес. Тука е многу важно да се апострофира дека она што се претставува во идеологијата не е системот на реалните односи кои управуваат со егзистенцијата на индивидуите, туку имагинарниот однос на тие индивидуи спрема реалните односи во кои тие живеат.
Доаѓаме до неговата драгоцена теза дека идеологијата ги интерпелира индивидуите како субјекти. Без да го обременувам текстот со теоретизација ( во насока на полесно разбирање) ќе преминам на примерот кој го дава Алтузер, а кој одлично ја отслукува структурата на идеологијата и нејзината операција. Тоа е хипотетичката ситуација кога полицаец повикува одредена индивидуа на улица и вели : Еј, ти таму застани!, па во моментот кога луѓето од толпата се препознаваат и се вртат на таквиот повик се случува интерпелацијата и нивната трансформација во конкретни субјекти. Приметуваме дека структурата на идеологијата која ги интерпелира индивидуите како субјекти во име на Апослутниот Субјект ( во случајот полицаецот е еманација на апсолутниот Субјект –Правото/Законот/Монополот на физичка принуда) е спекуларна т.е огледална ( рефлексивна ) и тоа двозначно спекуларна. Тоа значи дека е таа центрирана и дека апсолутниот Субјект го зазема централното место во идеологијата и интерпелира мноштво индивидуи како субјекти во таа двозначна спекуларна врска која ги потчинува субјектите на Субјектот, додека им дава можност во рамки на Субјектот, секој субјект да ја контемплира сопствената слика и им дава гаранција дека се е така како што изгледа дека е. Така субјектот /индивидуата го создава своето место во општествениот ред и ја перцепира реалноста која е идеолошки обвиена, нужно непрепознавајќи и тоа во самата форма на препознавање дека во крајна линија се работи за репродукција на производните односи и односите кои потекнуваат од нив, односно за репродуцирање на постојното статус кво.
Кога говориме за апсолутниот Субјект во вид мораме да го имаме психоаналитичкиот увид дека симболниот поредок – односно јазикот/правото итн.. или како што тоа психоаналитичарите го нарекуваат Големиот Друг е фундаментално поделен односно со празнина. Тоа значи најсимплифицирано дека симболниот поредок ( јазикот, правото ) е несовршен и никогаш не може да се структурира во еден кохерентен систем, туку вечно ќе има нешто што останува недоречено, нешто што се одметнува од симболизацијата, некој недостаток за него конститутивен негативитет. Оваа теза за поделеноста на симболниот поредок е рефлексивна ( и релациона ) во однос на тезата за фундаменталната поделеност на субјектот која е револуционерна и служи како исклучително продуктивна алатка за критичко преиспитување на општеството денес. Овде ја нафрлам оваа теза зашто идеологијата ( било да е таа правна, религиска, политичка итн… ) секогаш е зборувана од и во јазикот и во таа смисла се реализира во рамки и низ симболната структура на општеството.
Имајќи ги во предвид овие лекции ( кои колку просторот дозволува ги презентирам на едно елементарно ниво) веднаш поинаку ни звучи тврдењето кое денеска го даваат т.н „левичари од парламентот“ дека законот морало да важи на целата територија и дека се немало суверенитет на целата територија на државата.
Во ваквиот навидум неутрален став изразувајќи ја строгата правна максима бидејќи е дадена во некаков контекст се разбира ( а сите го знаеме контекстот на нашето оптштество ), чувствуваме интуитивно дека нешто останува недокажано, нешто и одмакнува на симболизацијата. Правото како што напоменавме, е дел од симболната структура и така е идеолошки обоено, но што е уште поважно и фундаментално поделено со конститутивен недостаток, некохерентно и некомплетно. Оваа поделеност ( тој недостаток ) ја претставува неговата темна, обсцена страна која кажува на некој начин како тоа да биде толкувано. Жижек ова обсцена страна ја изведува дотаму да тврди дека заедницата е невозможна без овој дел од правото, односно дека јавното право како такво нема капацитет да ја одржи неа, па темната страна функционира како темел на заедницата односно им укажува, не на правилата кои треба да ги почитуваат ( оние достапни за сите, експлицитниот текст ) туку на правилата кои можат да ги прекршат со што им вели на субјектите дека се дел од одредена заедница, им ја обезбедува нивната припадност.
Нели инсистирањето на строгата максима целосно ја промашува навидум прогресивната поента и остава бришан простор за трансгресии во темната, обсцена страна, односно вообичаено се случува – оние „вистински“ македонци со возбуда да инсистираат да се нагазат „клетите албанци“, а пак „вистинските“ албанци да се сладат со условно кажано немоќта на институциите и наводната нивна недопирливст, со тоа продлабочувајжи го јазот помеѓу двете заедници.
Радикална интервенција од пратеничка говорница би било илустрацијата на две семејства затекнати во новонастанатите околности – едно македонско и едно албанско – кои се надвор од опфатот на законот, на работ на својата егзистенција и кои не можат да ја остварат здравствената заштита, токму според тој закон кој ја промовира еднаквоста и слободата за сите.
И нели радокалноста денес повеќе од се значи воведување во една поразлична универзалност, универзалност на антагонизирачите борби, кои не заземаат место помеѓу различностите, туку го разделуваат општеството во него самото, при што транс-културниот линк помеѓу заедниците може да биде воспоставен ( станува возможен ) преку споделената борба. И нели недостатокот на правото, неговиот негативитет, треба да биде експлоатиран во една поинаква смисла од овие избројани т.н „радикални актери“, кои ќе посочуваат на делот „кој нема дел во општеството“, кој стои како споменик на неправдата која ја репрезентира и истовремено ги издава.
Сумираните импресии од летните парламентарни избори и приближно стотте дена влада укажуваат на еден запрепастувачки факт кој што е неопходно да се посочи, а на кој никој не обрна внимание и токму затоа е сериозно опасен да предизвика дисторзија во демократските процеси повторно во иднина. Не сум сигурен дали се работи за незалечена рана или за карактеристика која секогаш-веќе-била-присутна и ги исцртувала контурите на политичкото. Тоа е фактот дека на овие избори најмногу добија политичките актери кои го експлоатираа националистичкиот дискурс кој ја детерминираше нивната идеологија која ја понудија и дека најмногу изгубија политичките актери кои тоа не го сторија, а од нив тоа се очекуваше.
Апропо Алтузеровата лекција, нашиот народ доминантно се препозна во таа идеологија што води кон заклучокот дека нивниот имагинарен однос кон реалните околности кои егзистираат се одвива доминантно преку таа деформирана имагинарна претстава. Тоа е забележливо и на материјален план, видно од праксите и ритуалите кои ги практикуваат низ секојдневниот живот особено во денешните услови на екстернизација на приватната сфера преку социјалните медиуми.
Така реалноста која се одвива во позадината на идеолошката претстава се непроменетите социјални околности кои остануваат недопрени. Денес никој не го споменува воспоставувањето на прогресивниот данок, реформите во образовниот процес, работното време и платите… интервенции кои алудираат токму на оние точки кои се генератори на неправдите и производствените односи кои остануваат непроменети.
Опасноста се состои во тоа што ваквиот националистички дискурс, екстремно десничарски го презема доменот резервиран за левицата, па чудно, но почнува да говори за некакви работнички и социјални прашања во рамки на националистичката идеологија. Ваквата состојба драматично ги менува работите за левицата која во новосоздадените околности не може да се пронајде и да конструира автентична идеологија која ќе и понуди препознавање на работничката класа во еден сосема нов однос кон материјалните услови на егзистенција. Ова е феномен кој опстојува и во Европа, а кој се создава со мигрантската криза, кај нас дополнет со паразитирање на ирационалните чувства кога се во прашање меѓуетничките односи. Далеку од тоа дека сум застапник на политичката коректност во говорот, напротив работите треба да се кажат така како што се. Но оваа новосоздадена десна реторика изобилува со насилство, при што полека станува непрепознатлово кое е елементарното ниво на достаоинствен дијалог кој е основна премиса ( оперативна вредност ) во демократските системи. Додека го сведочиме пропаѓањето и нефункционалноста на концептите на мултикултурализам и толеранција, новите политички актери јавајќи го гореспомениот нов спонтанитет на доживување, на однос кон реалните услови за егзистенција, не се плашат во давањето на обсцените/непристојни изјави кои ја обезбедуваат директната врска со разјарените обични луѓе незадоволни од нивните материјални услови, па се препознаваат во една сосема погрешна претстава која има потенцијал единствено да ги засили тенизиите кои ќе придонесат кон продлабочување на поделбите и нови кризи од кои излезот ќе се бара повторно преку некои нови идентитетски политики, кои и понатаму ќе ги репродуцираат постоечките околности.
Парадоксот на денешницата е дека тензиите кои ги носи ваквата суспензија на достоинствениот дијалог се одвива преку десницата и нивниот дискурс, што за прогресивните леви значи можеби дека во оваа рашомонијада на односи се поставува императивот да инсистира на демократските вредности и бидејќи во политиката нема ништо надвор од идеологијата, да ги нападне со застапување на она што кај нас се подразбира под евроинтегративниот процес како идеологија. Зашто како што вели Жижек, кога насилството продуцирано од десната реторика добива на интензитет, можеби единствената опција за левицата и прогресивните сили во насока на одење надвор од либералната демократија со цел да се спаси она-што-вреди-да-се-спаси од либералната демократија, е уште повеќе да веруваат и да ги застапуваат нејзините вредности.
Да не се разбереме погрешно партијата на власт во нејзиното кокетирање со крупниот капитал и тоа како идеолошки ги преобликува односите во рамки на она што се нарекува европски пат задржувајќи од постојното, па не гледаме некаква радикална промена во материјалните услови на егзистенција. Но тој пат, таа идеологија во овие околности е супстанцијално важна за нашето општество, бидејќи сугерира едно препознавање преку владеењето на правото, инсистирањето на човековите права, еднаквоста, рамноправноста, интеграцијата со другите народи и градењето на линкови за транс-културните борби…Секако ваквото инсистирање нужно мора да биде проследено со упатувањата на падовите во политиките кои не се доследни да ги менуваат вистински материјалните услови, праксите и ритуализацијата на односите опфаќајки што е можно повеќе сфери на општествена репродукција на односите ( образование, политика, право, наука, надворешни односи, меѓуетнички односи…)
Слепата точка ( blind spot ) на секоја идеологија е класната борба. Заземањето на таа позиција, застанувањето на таа точка претпоставува сериозен напор, но само така можеме да се помириме со парадоксот и да ги облечеме наочарите преку кои можеме да видиме што се одвива позади имагинарната претстава на нашите имагинарни односи кон нашите материјални услови за егзистенција.
Ситуацијата се чини безнадежна, но таа пречка, тоа ограничување својствено за симболичкото поле како такво, кое е структурирано фундаментално околу некоја блокада, не води кон резигнација, нити пак во прашање е парадоксот на „одушевувањето од резигнацијата“. Напротив самата резигнација, самото искуство на извесна невозможност го раѓа поттикот на ентузијазмот.

Стефан Дојчиноски

 

Kur u ftova të shkruaj dy-tri fjalë në këtë kolonë, fillimisht duhej të përqendrohem në lirinë e të shprehurit. Duke lexuar diçka dhe duke menduar për atë temë, ndjeva nevojën për ta mundësuar pasqyrën e një mësimi serioz nga e kaluara (me të gjitha forcat që i posedoj) sepse e konsideroj atë veçanërisht të rëndësishëm, sepse mendoj se riorganizimi mund të shërbejë në gjindshmërinë e ardhme të forcave të çorientuara progresive në shoqërinë tonë dhe në angazhimin e tyre të mundshëm në një ndërhyrje thelbësore eventuale dhe në këtë mënyrë ndryshim “real” në politikën.

Do të përpiqem të analizoj disa situata aktuale me lirinë e shprehjes, por edhe në përgjithësi, përmes mësimit të Altuzerit mbi ideologjinë, të cilin do të përpiqem ta paraqes sa më autentike në hapësirën e kufizuar dhe ta shqyrtoj me njohuritë dhe tezat psikoanalitike që të arrij (nëse sot në përgjithësi është e arritshme një gjë e tillë) të sugjeroj një drejtim të mundshëm të veprimit progresiv. Në këtë, përmes njohurive të rëndësishme të së kaluarës, duke vendosur njëkohësisht shtyllat në bazën tonë mbi të cilën do të qëndrojmë dhe nga e cila do ta shikojmë kohën e sodit, unë do të tregoj për rëniet dhe dërrasat e kalbura nga skena e teatrit të progresivitetit te ne.

Kthimin e Altuzerit e konsideroj të rëndësishëm sepse përmes opusit të tij teorik arrin të ofrojë njohuri për një teori të përgjithshme të ideologjisë, përmes së cilës sot mund të kuptojmë se çfarë po ndodh në skenën politike. Gjegjësisht, ajo skenë interpretohet gjithmonë përmes (në formën e) ideologjisë, e cila në atë kuptim është një shfaqje imagjinare që përmban raportet imagjinare të individëve/subjekteve ndaj kushteve të tyre të ekzistencës, me fjalë të tjera, në instancë të fundit, ndaj raporteve prodhuese dhe klasore. Nga kjo del edhe teza e tij se ideologjia posedon në të vërtetë ekzistencë materiale, përkatësisht ideologjia ekziston në praktikat dhe ritet e përditshme të subjekteve që ata vetë, si qenie të vetëdijshme, i zgjedhin lirisht. Kështu, gjithmonë bazohet në besim te subjekti dhe ai gjithmonë vepron në përputhje me atë besim. Nëse nuk e bën këtë, ose bëhet fjalë për cinizëm ose perverzion që sjell probleme të tjera që nuk janë me interes për ne këtu. Këtu është shumë e rëndësishme të theksohet se ajo që paraqitet në ideologjinë nuk është sistemi i marrëdhënieve reale që menaxhojnë ekzistencën e individëve, por marrëdhënia imagjinare e atyre individëve ndaj marrëdhënieve reale në të cilat ata jetojnë.

Vijmë te teza e tij e çmueshme që ideologjia i interpelon individët si subjekte[1]. Pa e ngarkuar tekstin me teorizim (për ta kuptuar më lehtë) do të kaloj te shembulli i dhënë nga Altuzer, i cili e pasqyron shkëlqyeshëm strukturën e ideologjisë dhe funksionimin e saj. Kjo është situata hipotetike kur një polic thërret një individ të caktuar në rrugë dhe i thotë: Hej, ti atje ndalu! dhe në momentin kur njerëzit nga turma njihen dhe kthehen ndodh interpelimi dhe transformimi i tyre në subjekte konkrete.  Vërejmë se struktura e ideologjisë që i interpelon individët si subjekte në emër të Subjektit Absolut (në këtë rast polici është burim i Subjektit absolut – E drejta / Ligji / Monopoli i detyrimit fizik) është spekulare, përkatësisht pasqyruese (reflektuese) dhe atë spekulare e paqartë.

Kjo do të thotë se ajo është e qendërzuar dhe se Subjekti absolut e zë vendin qendror në ideologjinë dhe interpelon shumë individë si subjekte në atë lidhje të dykuptimshme spekulare që i nënshtron subjektet ndaj Subjektit, përderisa u jep mundësi në kuadër të Subjektit, që çdo subjekt ta përpilojë pasqyrën e vet dhe u jep gjithçka është ashtu siç duket se është[2]. Kështu që subjekti / individi e krijon vendin e tij në rendin shoqëror dhe e percepton realitetin ideologjik, duke mos e njohur edhe në vetë formën e njohjes se në instancë të fundit bëhet fjalë për riprodhimin e marrëdhënieve prodhuese dhe marrëdhënieve që rrjedhin nga ato, përkatësisht për riprodhimin e statu kuosë ekzistuese.

Kur flasim për Subjektin absolut duhet patjetër ta kemi parasysh pasqyrën pasikoanalitike se rendi simbolik – përkatësisht gjuhën/të drejtën etj…ose siç e quajnë psikoanalistët Tjetri i madh i cili është i ndarë në mënyrë thelbësore përkatësisht me zbrazëtirë. Kjo, në mënyrë më të thjeshtë, do të thotë që rendi simbolik (gjuha, e drejta) nuk është i përkryer dhe se asnjëherë nuk mund të strukturohet në një sistem koherent, por gjithmonë do të ketë diçka që mbetet e pathënë, që del nga simbolizimi, ndonjë mangësi për të negativitet konstituiv. Kjo tezë për ndarjen e subjektit e cila është revolucionare dhe shërben si vegël veçanërisht produktive për rishqyrtim kritik të shoqërisë sot. Këtu e hedh këtë tezë sepse ideologjia (qoftë juridike, fetare, politike etj…) gjithmonë është folur nga dhe në gjuhën dhe në atë kuptim realizohet në kuadër të dhe përmes strukturës simbolike të shoqërisë.

Duke i pasur parasysh këto mësime (të cilat aq sa lejon hapësira i prezantoj në një nivel elementar) menjëherë na tingëllon më ndryshe pohimi të cilin sot e japin, të a.q. “majtistët nga parlamenti” se ligji duhet patjetër të vlejë në gjithë territorin dhe se nuk ka sovranitet në gjithë territorin e shtetit.

Në këtë qëndrim të tillë neutral duke e shprehur maksimën e rreptë juridike është dhënë në njëfarë konteksti, kuptohet (e të gjithë e dimë kontekstin e shoqërisë sonë), ndjejmë me intuitë se mbetet diçka e pathënë, diçka largohet nga simbolizmi. E drejta siç përmendëm, është pjesë e strukturës simbolike dhe ashtu është me ngjyrim ideologjik, por ajo që është ende më e rëndësishme është e ndarë në mënyrë thelbësore me mangësi konstituive, jokoherent, dhe e paplotë. Kjo ndarje (mangësi) e paraqet anën e saj e errët, të pahijshme që tregon në njëfarë mënyre si të interpretohet.

Zhizhek këtë anë të pahijshme e çon deri atje që të pohojë se bashkësia është e pamundshme pa këtë pjesë të së drejtës, përkatësisht se e drejta publike si e tillë nuk ka kapacitet për ta mbajtur atë, andaj ana e errët funksionin si themel i bashkësisë përkatësish u sugjeron, jo rregullat që duhet t’i respektojnë (ato të arritshme për të gjithë, teksti eksplicit) por rregullat që mund t’i shkelin[3] me ç’rast u thotë subjekteve se janë pjesë e bashkësisë së caktuar, ua siguron përkatësinë e tyre. Insistimi i maksimës së rreptë e anashkalon tërësisht qëllimin progresiv dhe lë hapësirë të fshirë për kalim në anën  e errët, të pahijshme, përkatësisht zakonisht ndodh – ato maqedonas “të vërtetë të emocionuar të insistojnë të shkelen “shqiptarët e mallkuar”, ndërsa shqiptarët “e vërtetë” të kënaqen thënë kushtimisht me pafuqinë e institucioneve dhe gjoja paprekshmërinë e tyre, në këtë mënyrë duke thelluar hendekun ndërmjet të dyja bashkësive. Ndërhyrja radikale nga folësja deputete do të jetë ilustrim i dy familjeve të hasura në rrethanat e sapokrijuara – njëra maqedonase dhe tjetra shqiptare – të cilat janë jashtë përfshirjes së ligjit, në buzë të ekzistencës dhe që nuk mund ta realizojnë mbrojtjen shëndetësore, pikërisht sipas atij ligji i cili e promovon barazinë dhe lirinë për të gjithë.

Dhe radikalizmi sot më shumë se gjithçka shënon futjen në një universalizëm më ndryshe, universalizëm të luftërave antagoniste, që nuk zënë vend ndërmjet diversiteteve, por e ndajnë shoqërinë në të, me ç’rast lidhja transkulturore ndërmjet bashkësive mund të vendoset (bëhet e mundshme) përmes luftës së ndarë. Dhe mungesa e të drejtës, negativiteti i saj, duhet të eksploatohet në një kuptim më ndryshe se ato a.q. “aktorë radikalë” të numëruar, të cilët do të theksojnë pjesën “e cila nuk ka pjesë në shoqërinë”, që qëndron si përmendore e padrejtësisë që e prezanton dhe njëkohësisht i lëshon. Impresionet e përmbledhura nga zgjedhjet parlamentare verore dhe përafërsisht njëqind ditë qeveri tregojnë një fakt befasues i cili është i domosdoshëm të theksohet, e të cilit askush nuk i ka kushtuar vëmendje dhe prandaj është seriozisht i rrezikshëm për të paraqitur distorzion në proceset demokratike në të ardhmen. Nuk jam i sigurt nëse bëhet fjalë për plagë të pashëruar ose për karakteristikë e cila gjithmonë ka qenë e pranishme dhe i ka përvijuar konturat e skenës politike. Ky është fakti se në këto zgjedhje më së shumti fituan aktorët politikë të cilët e eksploatuan diskursin nacionalist që e determinoi ideologjinë e tyre që e ofruan dhe se më së shumti humbën aktorët politikë që nuk e bënë atë, e që pritej prej tyre.  Apropo mësimit të Altuzerit, populli ynë kryesisht njohët në atë ideologji që shpie në konkluzionin se marrëdhënia e tyre imagjinare ndaj rrethanave reale që ekzistojnë zhvillohet kryesisht përmes asaj shfaqje të shformuar imagjinare. Kjo është e dukshme edhe në planin material, nga praktikat dhe ritet që i praktikojnë në jetën e përditshme, veçanërisht në kushtet e sotme të eksternizimit të sferës private përmes mediave sociale. Kështu realiteti i cili zhvillohet në prapavijën e shfaqjes ideologjike janë rrethanat e pandryshuara shoqërore që mbeten të paprekura. Sot askush nuk e përmend vendosjen e tatimit progresiv, reformat në procesin arsimor, orarin e punës dhe rrogat…intervenimet që aludojnë pikërisht në ato pika të cilat janë gjeneratorë të padrejtësive dhe marrëdhënieve prodhuese që mbeten të pandryshuara[4]

Rreziku përbëhet në atë që diskursi i tillë nacionalist, me orientim ekstrem djathtist e merr domenin e rezervuar për të majtën, dhe çuditërisht, por fillon të flasë për çështje të punëtorëve dhe çështje sociale në kuadër të ideologjisë nacionaliste. Gjendja e tillë i ndryshon gjërat në mënyrë dramatike për të majtën e cila në rrethanat e sapokrijuara nuk mund të gjejë veten dhe të konstruktojë ideologji autentike e cila do t’i ofrojë njohje klasës punëtore në një marrëdhënie krejtësisht të re me kushtet materiale të ekzistimit. Ky është fenomen i cili mbijeton edhe në Evropë, e që krijohet me krizën e imigrantëve, te ne i plotësuar me parazitim të ndjenjave joracionale kur janë në pyetje marrëdhëniet ndëretnike. Larg asaj se jam përfaqësues i korrektësisë politike në të shprehurit, përkundrazi gjërat duhet të thuhen ashtu siç janë. Por kjo retorikë e sapokrijuar djathtiste është përplot me dhunë, me ç’rast dalë ngadalë bëhet e panjohur e cila është niveli elementar i dialogut dinjitoz e që është premisë kryesore (vlerë operative) në sistemet demokratike. Derisa e dëshmojmë dështimin dhe mosfunksionimin e koncepteve të multikulturalizimit dhe tolerancës, aktorët e rinj politikë duke e përmendur spontanitetin e ri të lartpërmendur të përjetimit, të marrëdhënies me kushtet reale për ekzistencë, nuk kanë frikë në dhënien e deklaratave të pahijshme që e sigurojnë lidhjen e drejtpërdrejtë me njerëzit e rëndomtë të tërbuar, të pakënaqur nga kushtet e tyre materiale, njihen në një ide krejtësisht të gabuar që ka potencial vetëm për t’i forcuar tensionet që do të kontribuojnë në thellimin e ndarjeve dhe krizave të reja nga të cilat dalja do të kërkohet përsëri përmes disa politikave të reja të identitetit, të cilat edhe më tutje do t’i riprodhojnë rrethanat ekzistuese. Paradoksi i kohës së sotme është se tensionet që i sjell suspensioni i tillë i dialogut dinjitoz zhvillohet përmes të djathtës dhe diskursit të tyre, që për të majtët progresivë do të thotë ndoshta se në këtë rashomoniadë marrëdhëniesh vendoset imperativi që të insistojë në vlerat demokratike dhe meqë në politikë nuk ka asgjë jashtë ideologjisë, t’i sulmojë me përfaqësim atë asaj që procesi eurointegrues te ne nënkupton si ideologji. Sepse siç thotë Zhizhek, kur dhuna e prodhuar nga retorika e djathtë fiton intensitet, ndoshta opsioni i vetëm për të majtën dhe forcat progresive në drejtim të shkuarjes jashtë demokracisë liberale me qëllim të shpëtimit të asaj që vlen të shpëtohet nga demokracia liberale, është ende për të besuar dhe përfaqësuar vlerat e saj.  Të mos keqkuptohemi partia në pushtet në shfrytëzimin e kapitalit vëllimor dhe atë se si i riformon ideologjikisht marrëdhëniet në kuadër të asaj që quhet rrugë evropiane dujke e mbajtur ekzistuesen, dhe nuk shohim kurrfarë ndryshimi radikal në kushtet materiale të ekzistencës. Por ajo rrugë, ajo ideologji në këto rrethana është shumë e rëndësishme për shoqërinë tonë, sepse sugjeron një njohje përmes sundimit të së drejtës, insistimit të të drejtave të njeriut, barazisë, integrimit me popuj tjerë dhe ndërtimit të lidhjeve për luftëra transkulturore…Gjithsesi insistimi i tillë doemos duhet të ndiqet me informimin për rëniet në politikat të cilat nuk janë konsekuent për të ndryshuar kushtet e vërteta materiale, praktikat dhe ritualizimin e marrëdhënieve duke përfshirë sa më shumë sfera të riprodhimit shoqëror të marrëdhënieve (arsimi, politika, e drejta, shkenca, marrëdhëniet e jashtme, marrëdhëniet ndëretnike…) Këndi i vdekur (blind spot) i çdo ideologjie është luftë e klasave. Marrja e asaj pozite, qëndrimi në atë kënd paraqet përpjekje serioze, por vetëm ashtu mund të pajtohem me paradoksin dhe t’i vëmë syzet përmes të cilave mund të shohim çfarë zhvillohet pas shfaqjes imagjinare të marrëdhënieve tona imagjinare me kushtet tona materiale për ekzistencë. Gjendja duket e pashpresë, por ajo pengesë, ai kufizim tipik për fushën simbolike, e cila është e strukturuar thelbësisht rreth një bllokade, nuk shpie në resignacion, as që është në pyetje paradoksi i “kënaqësisë nga resignacioni”. Përkundrazi, vetë resignacioni, vetë përvoja e pamundësisë së caktuar e lind nxitjen e entuziazmit.

[1] “Ideology and Ideological State Apparatuses“ , Althusser Louis 

[2] Ibid; individi është interpeluar si subjekt i lirë dhe ashtu lirisht u nënshtrohet urdhrave të Subjektit, përkatësisht e pranon lirisht nënshtrimin e vet dhe në atë mënyrë me iniciativë të vet i bën gjestet dhe veprat e nënshtrimit të vet; Althusser Louis

[3] Pjesëmarrja në rite të errëta të anës së pahijshme të së drejtës, p.sh. fisi Ku Kluks në Amerikë

[4] Larg asaj se temat që i prekin disa politika të identitetit ose çështjet momentale lidhur me marrëdhëniet e jashtme të shtetit me fqinjët nuk janë të vlefshme për diskutim dhe analizë, por ajo në rast tjetër me shpresë se do të kemi mundësi edhe atë hapësirë diskutimi ta riorganizojmë të themi në dritën e Letrës  së përbashkët të intelektualëve maqedonas dhe bullgar…

Stefan Dojchinoski