Инклузија – сплотеност и прифаќaње
22/10/2021
Пишува: Милена Лаловиќ и Кристина Симонова
Инклузија – сплотеност и прифаќње
Живот без предрасуди, прифаќање на различностите и стремеж кон посреќно утре. Инклузијата значи вистинска прифатеност на секој, позитивна емоционална клима и чувство на припадност. Детството е клучен период за учење на важноста на разликите и за создавање ставови кои покажуваат почит кон различноста. Во тие години треба да им се помогне на децата да изградат цврста, позитивна слика за себе, а истовремено да научат како да ги почитуваат и како да живеат со луѓето кои се поинакви од нив. Најголема радост за едно дете со атипичен развој е прифатеноста од страна на своите другарчиња и соученици како еднаков. Училиштата се домот на инклузијата како образовна така и социјална. Едно дете со атипичен развој може најмногу да постигне во средина каде што ќе се чуствува заштитено и прифатено. Училиштето со својот персонал се главниот извор на знаења за децата. Наставниците можат најлесно да ги поучат децата за различности, еднаквост, и правда. Позитивниот став и пристап на наставникот е клуч за прифаќање на различноста од страна на учениците. Важно е да се најдат начини да им се објасни на децата дека сите луѓе се различни, но и дека сите се еднакви. Еднаквоста не значи дека сите луѓе се третираат исто во сите ситуации, таа значи дека се одговара на индивидуалните потреби на сите луѓе. Учениците секогаш ќе имаат различни способности и потреби, но тоа е она што ги прави уникатни и ја прави разновидноста дел од природата. Тоа ја зајакнува заедницата, а не ја ослабнува. Преку инклузијата образовниот кадар оди чекор напред со тоа што се залага да се цени и прифаќа различноста во училиштето. Инклузивното образование е процес со кој им се излегува во пресрет и им се одговара на различните потреби на децата и учениците кои се соочуваат со такви. Притоа имаме модификации на образовните содржини , организација и стратегии за да се овозможи квалитетно образование за сите. Инклузивното образование подразбира дека сите деца, без оглед на нивните карактеристики, се вклучени и се прифатени. Децата со посебни потреби се вклучуваат во редовните одделенија и им се обезбедуваат соодветни услови за учење, напредување и учество во животот на училиштето без оглед на нивните потенцијали или слабости во некои области. Инклузијата е можност сите да учат и на сите деца да им се овозможи потребната поддршка во процесот на учење како и почитување на сите разлики помеѓу децата и тоа по возраст, пол, етничка припадност, јазик, попреченост и социјален статус. Вклучува и формирање на образовна структура, систем и методологија која ќе ги задоволува потребите на сите деца: емоционални, физички, интелектуални, социјални и слично. Потребна е и адаптација на програмските структури преку изготвување на индвидуален образовен план согласно можностите и потребите на децата, промена на ставовите, однесувањето и акомодацијата на средината со интенција за задоволување на потребите на сите деца. Инклузијата подразбира можност за намалување на екслузијата и дискриминацијата и промоција на инклузивноста во поширокото општество. Кога децата со посебни потреби се вклучени во редовно училиште имаат поголема веројатност да покажат позитивно социјално и емоционално однесување. Преовладувачко овде за децата со посебни потреби во инклузивни средини е тоа што тие имаат шанса да комуницираат со врсници кои демонстрираат широк спектар на социјални и емоционални способности, со што создаваат модели на однесување кои учениците со посебни потреби ги учат и со што учат соодветно социјално и емоционално однесување. Истражувањата покажале дека децата со посебни потреби кои се во контакт со нивни врсници имаат повисоко ниво на социјални вештини бидејќи ги имитираат во иднина.
Вклучувањето на децата со посебни потреби во редовните училишта до сега е докажано дека не покажало негативно влијание врз врсниците со типичен развој. Децата со типичен развој не се загрозени нити пак имаат нарушено образование во инклузивната училница, тие растат и се развиваат како резултат на врските кои ги создаваат и ги одржуваат со своите врсници кои се различни од нив. Покрај најважното нешто за развој на овие деца, а тоа беше прифаќањето од околината има и други дополнителни начини на кои може да им помогнеме и кои се применуваат во училиштата низ нашата држава. Образовните асистенти се од голема важност и помош за овие дечиња. Ресурсните центри (посебните училишта) доделија образовни асистенти на сите оние семејства кои се пријавија за таква потреба. Образовните асистенти се ангажираат како поддршка на лицето кое има таква потреба при извршување на секојдневните активности. Ваквата поддршка му овозможува на детето да стекне поголема самостојност и функционалност со цел полесно да се вклучи во средината и самиот воспитно-образовен процес. Сензорните соби имаат огромна улога во подобрување на развојот на овие дечиња. Во Република С.Македонија многу успешно се имплементирани ваквите соби кои се донација од многу фонадиции, невладини организации и од самата држава. Обука на наставници,семинари и презентации се исто така важен дел од инклузијата и нејзиното унапредување. Здружението Ајнштајн има за цел создавање инклузивно општество која ја постигнуваат со огромен број на едукативни вебинари. Асистивна технологија е достапна низ 33 училишта во нашата држава, а таа е овозможена преку проект на УСАИД Македонија и здружението “Отворете ги прозорците”. Голем проект на кој моментално се работи и се спроведува е „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Овој проект има за цел да обезбеди целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта, кои прераснуваат во институции отворени и пристапни за сите деца и посветени кон обезбедување квалитетно образование. Можеме да заклучиме дека инклузијата во нашата земја се повеќе напредува и е застапена во поголем дел од образованието.
Информации:
Сензорни соби, градини, игралишта, сензорни реквизити и дидактички материјали:
- Инклузивни средини наменети на креирање инклузивна клима и обезбедување инклузивна просторија во основни училишта во рурална средина во рамки на проектот From disAbility to foodability на шведска организација We effect, Национална федерација на фармери, каде Филозофскиот факултет, односно Институт за специјална едукација и рехабилитација дава експертска помош:
- ООУ “Живко Брајковски” – Бутел
- ООУ “Марко Цепенков” – Зелениково
- ОУ “Симче Настовски” – село Вратница, Јагуновце
- ООУ “Кирил и Методиј” – Свети Николе
- ООУ “Методија Митевски Брицо” – Лозово
- ООУ “Наум Охридски” – Гази Баба
- 12 инклузивни паркови во: село Морани (Студеничани), Гостивар, Македонски брод, село Пласница, Струмица, Велес, Василево, Босилово, Зрновци и Чашка.
- ООУ “Даме Груев општина” Градско – сензорна градина
- ОУ “Браќа Миладиновци” – Куманово, сензорна соба
- Градинка “Астибо” – Штип, сензорна соба
- ООУ “25 мај” Скопје, Гази Баба – сенозрна соба
- Градинска “Кочо Рацин”, Скопје-Центар – сензорна соба
- Општина Ресен – инклузивно игралиште
Пишува: Милена Лаловиќ и Кристина Симонова
Октомври 2021