About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Аленос


Прашање

Студирам на приватен факултет и кога дојде редот прв пат да пријавам електронски испити, ги пријавив истите.

Меѓутоа во овој период и периодот на полагање, близок член од семејството запаѓа во критична состојба и ние целиов период одевме по клиники со моето семејство.

Доаѓа и она најтрагичното, почина блискиот член на семејството. Јас не бев во ситуација тогаш да полагам бидејќи се наоѓав во многу тежок период од животот и испитите не можеа во тој период да се одјават.

Сега сум веќе апсолвент на две годишните мастер студии и пред одбрана на магистерската теза.

Поднесов барање до деканот и продеканот на Универзитетот за ослободување од тие трошоци, со доказ (извод од матична книга на умрените), тоа се 5 испита по 1500 денари = 7500 денари, бидејќи не се појавив физички на испитите и поради оправдани причини, инаку се работи за УЈИЕ (Универзитет на Југоисточна Европа) кампус Скопје и се обратив дури и до Студентскиот Правобранител за оваа проблематика.

Не сакаат да излезат во пресрет.

Јас целата школарина си ја плаќам со стипендија и последната финансиска поддршка целосно ја предадов на универзитетот за плаќање на последниот семестар и регистрација на летниот семестар.


Одговор

Според правилникот за втор циклус на студии, чл.29 за секое отсуство, предавачот треба да биде однапред известен доколку студентот не може да присуствува на испитот. Овозможувањето испит во таа испитна сесија зависи од образложението на студентот и од можноста за организирање испит. Така што нема основ за враќање на финансиските средства, со оглед на тоа дека во правилникот изрично е наведено дека однапред мора да се извести.