About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Сајбер булинг


Прашање

Еден соученик ми се заканува на Фејсбук и ме навредува со погрдни зборови. Што можам да направам?


Одговор

Во конкретниов случај се работи за класична форма на сајбер булинг .

Голем број на ученици во основно, средно па и студенти, се соочуваат со низа проблеми кои вклучуваат психичко и физичко насилство, но во голема мера и САЈБЕР БУЛИНГ (Cyber bulling)“ . Сајбер  Булинг всушност вклучува малтретирање, понижување, навредување и закани изразени преку интернет, а најмногу преку социјалните медиуми.

Насилството преку интернет во најголемиот број случаи се игнорира или се минимизира затоа што не е толку впечатливо, меѓутоа не помалку влијае врз своите жртви .

Во македонското законодавство не постои изразот „сајбер-булинг“. Затоа во законот нема одредба со која би можело директно да се влијае на овој вид насилство. Сепак во Кривичниот законик според членот 144, став 4 се вели дека за тој што по пат на информатички систем ќе се заканува дека ќе стори кривично дело се предвидува казна затвор од пет години. 

Имајќи во предвид да заканата сторена преку социјални мрежи е еднакво значајна како и секоја друга форма на закана истата не треба да се занемари и треба да се пријави во најблиската полициска станица. Пред да се пријави случајот во полиција жртвата треба да биде сигурна дека зачувала копија (screenshot) од комуникацијата како и копија(screenshot) од профилот на осомничениот како доказ дека бил постоечки во моментот, во случај подоцна  да го отстрани.

Дополнително треба да се информира класниот раководител и стручната служба во училиштето кои соодветно би постапиле во дадената ситуација .