Би сакала да прашам како треба да постапам доколку положам испит на факултет со одредена оценка, а сметам дека заслужувам повеќе, но професорот не сака да ги оцени прашањата/задачите коректно?
Прашање
Би сакала да прашам како треба да постапам доколку положам испит на факултет со одредена оценка, а сметам дека заслужувам повеќе, но професорот не сака да ги оцени прашањата/задачите коректно?
Одговор
Начинот на изразување незадоволство на студентот против добиена оцена од спроведените испит, се уредуваат со внатрешни акти на универзитетите.
Така, на пример, согласно Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување на студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, студентот во рок од 3 (три) работни дена од денот на објавувањето на резултатите, може да поднесе приговор до предметниот наставник, ако не е задоволен од резултатите од испитот, или дел од испитот, односно оценката, или ако смета дека испитот не е спроведен во согласност со актите на универзитетот и факултетот.
Доколку наставникот утврди дека се исполнети условите должен е да ја преиспита оценката од резултетите од испитот или дел од испитот во рок од 7(седум) работни дена од поднесувањето на приговорот, така што може да ја потврди оценката што ја утврдил или да ја преиначи.
Во горенаведениот случај, предвидено е и дека факултетот со внатрешен акт може да определи комисиско полагање на студентот. Комисијата се формира од страна на деканот и истата е тричлена, составена од наставници од исто или сродно наставно-научно подрачје. Наставникот кај кого полагал студентот не е член на комисијата.