Дали ако приметам злоупотреба на позиција од страна на полицијата (несоодветно однесување кон некој граѓанин) смеам да го снимам настанот или би можела да бидам казнета поради снимање службени лица?
Прашање
Дали ако приметам злоупотреба на позиција од страна на полицијата (несоодветно однесување кон некој граѓанин) смеам да го снимам настанот или би можела да бидам казнета поради снимање службени лица?
Одговор
Согласно Кривичниот законик, снимањето без овластување е кривично дело доколку притоа може да биде откриен идентитетот на лицето кое се снима. Оттука, во случај на забележување на незаконито постапување на полициски службеник, не е дозволено да го снимате настанот.
Сепак, Законот за внатрешни работи предвидува посебно правно средство за заштита од злоупотреба на овластувањата на полициските службеници.
Така, доколку сметате дека со постапувањето на работник во Министерството за внатрешни работи Ви се повредени слободите и правата имате право да поднесете претставка до Министерството односно до Одделот заради заштита и остварување на своите права и кога. За извршената проверка на наводите во претставката Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во рок не подолг од 30 дена од приемот на претставката во писмена форма треба да Ве за утврдената состојба и преземените мерки.
Согласно Законот за внатрешни работи, Одделот за внатрешна контрола, криминалистичи истраги и професионални стандарди е посебна и независна организациска единица на Министерството за внатрешни работи која остварува внатрешна контрола за потребите на Mинистерството и спроведува постапки за оценување на законитоста на постапувањето на вработените во МВР.