About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Дали доколку живееш надвор од државата, кога ќе се вратиш може да учиш две години во една?


Прашање

Дали доколку живееш надвор од државата, кога ќе се вратиш да учиш две години во една?


Одговор

Согласно Законот за средно образование, ученикот кој во текот на образованието во јавните училишта се истакнува со способности, знаења и работни навики и има одличен успех може побрзо да напредува односно да заврши две години во текот на една учебна година преку полагање на испити.

Услов за завршување на две години во една учебна годнина е учениците да покажале одличен општ успех најмалку во последните две учебни години од нивното образование.

Приватните училишта со посебен акт ги определуваат условите под кои ученикот може побрзо да напредува.

Исто така, Законот за средно образование дозволува лице да се запише во својство на вонреден ученик кој што нема да присуствува на предавањата во текот на учебната година, туку оцени за предметите ќе добива преку полагање на испити.

 

Како вонреден ученик може да се запише лице кое исполнува еден од следниве услови: да е постар од 17 години; да е на боледување подолг период; да му е изречена педагошка мерка отстранување од училиштето; да е во работен однос и во други случаи утврдени со статутот на средното училиште.

За подетални информации можете да се обратите до вашето училиште или да го разгледате статутот на истото каде би можело да бидат содржани и други основи за вонредно запишување.