About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Дали мојот магистерски труд му припаѓа на Универзитетот?


Прашање

Пред извесно време увидов дека на веб сајтот на репозиториумот од Универзитетот каде студирав на постдипломски студии, мојот магистерски труд (одбранет на крајот на 2017 г.) е поставен така да секој што ќе достапи на линкот да може да си го симне (бесплатно и без најава). Не бев воопшто информирана, т.е. не беше побарана никаква согласност од моја страна за да биде прикачен. Дали трудот му припаѓа на Универзитетот (и може буквално да прави што сака, така да се изразам) или сепак требаше да биде побарана моја согласност или во најмала рака барем да бидам известена за тоа?


Одговор

Авторските права на магистерскиот труд му припаѓаат исклучиво на  авторот со самото создавање на делото, тоа значи магистерскот труд е сопственост на тој што го изработува и истиот не може да служи за комерицајни цели од страна на Универзитетот или било кој друг без согласност од авторот,  Одбраната и магистерскиот труд се јавни, а Универзитете се должни да добијат изјава за авторство на трудот и  дозвола за публикација на трудот во електронска форма пред истиот да биде јавно објавен. За повеќе информации погледнете во Законот за авторство и другите  сродни права и  Законот за публикации.