About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Дали можам да запишам 9 семестар и да ги слушам предметите од тој семестар иако немам доволно кредити од 8 семестар?


Прашање

Јас сум студент на мастер студии на правниот факултет Јустинијан Први. Имам положено 3 од 4 предмети во 7 семестар и 2 од 3 предмети во 8 семестар.
Дали можам да запишам 9 семестар и да ги слушам предметите од тој семестар иако немам доволно кредити од 8 семестар?


Одговор

Согласно Правилата за студирање на Правниот факултет “Јустинијан Први”, студенот напредува во текот на студирањето според бројот на стекнати кредити. Оттука, студентот нема право да запише нови предметни програми од следниот семестар доколку не се стекне со предвидениот број на кредити од претходниот семестар.

Конкретно, бројот на кредити стекнати во VIII семстар предвидени како услов за запишување на нови предметни програми IX семестар по секоја од програмите на постдипломските студии поединечно се следните:

  • За правни студии – 14 кредити;
  • За политички студии – 14 кредити;
  • За студии по новинарство – 12 кредити;
  • За односи со јавност – 12 кредити.

Тоа значи дека доколку ги немате стекнато предвидените кредити во VIII семестар немате право да полагате испити од IX семестар се додека не се стекнете со истите.

Сепак, согласно Правилата, студентите кои што запишале семестар иако немаат исполнето услов да ги полагаат предметите од наредниот семестар (во овој случај од IX семестар) имаат право да присуствуват на предавањата од IX семестар и да спроведуваат активности поврзани со предметите од IX семестар.

Дополнително, кога ќе се стекнете со кредитите од претходниот семестар, ќе имате право да ги полагате испитите и од IX семестар.