About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Дали може да барам продолжување на рокот за одбрана за магистерска без да плаќам пенали поради бременост?


Прашање

Дали може да барам продолжување на рокот за одбрана за магистерска без да плаќам пенали поради бременост?


Одговор

Постапката за пријава, оцена и одбрана на магистерскиот труд ја определуваат универзитетите со внатрешни акти.

Така,  на пример, согласно Правилникот за условите, критериумите, правилата и постапката за запишување на студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, студентот е должен да го изработи и предаде магистерскиот труд најдоцна во рок од една година од денот на одобрувањето на темата на магистерскиот труд.

Сепак, овој рок може да биде продолжен пo барање на студентот, односно предвидено е дека факултетот може да одобри продолжување на рокот за изработка на магистерскиот труд, за времето додека траеле причините за спреченост за работа на магистерскиот труд. По истекот на овој рок, студентот губи право да го брани пријавениот стручен, односно магистерски труд.