Дали може да се положи државна матура следната година доколку сте надвор од државата?
Прашање
Дали има можност да се положи државната матура следната година,доколку сте надвор од државата и не можете да патувате поради оправдани причини и дали следи некоја казна по тој основ?
Одговор
Не. Државната матура не може да се полага предвреме. Според Правилникот донесен од Министерството за образование, државната матура се полага во два испитни рока: јунски и августовски испитен рок.
Екстерните испити и екстерните делови од испитите сите кандидати во државата ги полагаат на ист датум и во исто време. Термините за полагање на испитите од државната матура се објавуваат на училишната огласна табла најдоцна еден месец пред почетокот на полагањето на државната матура а,кандидатот во еден ден може да полага најмногу еден испит. За сите промени на датумот, начинот и концептот на полaгање на државната матура, Државниот испитен центар е должен навремено да ги извести училиштата за настанатата промена.
Согласно Правилникот за полагање на државната матура, може да се пријави секој кандидат кој што има завршено четиригодишно средно образование. Во случај, државната матура да не биде пријавена навремено од оправдани причини, кандидатот има можност да ја пријави во наредните учебни години кога се спроведува државната матура, воедно кандидатот е должен да достави писмен доказ за спреченост да полага матура до Училишната матурска комисија. Во однос на казната, истата не е предвидена.Целиот текст на правилникот се наоѓа на следниот линк.
Повеќе информации за полагањето на државната матура може да погледнете на Matura.