About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Дали може да се постави камера во автомобил?


Прашање

Би сакала да ме информирате дали може да се постави камера во автомобил и таа да биде легална односно да служи како доказ во судски постапки?


Одговор

Во однос на камера уред поставена во автомобил, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата укажува дека само полицијата има право да постави уред за снимање на јавна површина со цел да служи како доказ во судските постапки. Доколку е поставена камера уред во автомобил, паричната казна која ќе ја наплати државата изнесува четиристотини евра во денарска против вредност, а дополнително на тоа кривична пријава за незаконско снимање на секоја личност чиј идентитет ќе биде утврден на видео записот од било каков вид на камера поставена во автомобил или станбена зграда. Поставување на камера уред во автомобил е дело казниво според Законот за лични податоци на Македонија.