About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Дали може професорите да ја прогласат содржината на предавањето за доверлива?


Прашање

Што можам да направам ако мојот факултет ми забрани да зборувам пред медиуми за тема дискутирана за време на предавањата. Дали може професорите да ја прогласат содржината на предавањето за доверлива?


Одговор

Предавања на професор на факултет не може да бидат предмет на класификација, односно да бидат прогласени за доверливи.

Имајќи ја предвид слободата на говор, јавно изразување на мислата и јавен настап кои ви ги гарантира Уставот, имате право јавно да дискутирате на било кои теми, се додека притоа не ги повредувате правата на другите (на пример преку говор на омраза, клевета и навреда, неовластено споделување на лични податоци, загрозување на јавната бебедност и сл.).

Сепак, доколку предавањата вклучуваат индивидуален интелектуаен придонес на професорот, истите може да претставуваат авторско дело, па детално изложување на содржината на предавањето може да доведе до повреда на авторските права на професорот.