Дали студенти со висок просек имаат право да студираат на УКИМ бесплатно на постдипломски студии или ако запишат нов факултет?
Прашање
Ги завршувам своите студии по социологија и размислувам да го продолжам моето образование на постдипломските програми на некој од факултетите при Универзитетот „Кирил и Методиј“.
Имам висок просек (над 9.8) и колешка ми спомна дека студенти со висок просек имаат право да студираат на УКИМ бесплатно на постдипломски студии или ако запишат нов факултет.
Дали е ова се уште случај?
Одговор
Магистерските студии се еден вид на надградување на степенот на високо образование на оние кои што дипломирале претходно, па во однос на тоа за магистерските студии задолжително е плаќање на партиципатија. Што се однесува пак до додипломските студии согласно чл.87 од Законот за високо образование високообразовната установа нема да наплатува партиципација за: деца без родители, лица од прв и втор степен на инвалидност, воени инвалиди и лица растени во домови за напуштени деца. Меѓутоа, секој факултет може да донесе Правилник, поединечно за секој објавен конкурс во кој ќе определи дали ќе има и други критериуми за ослободување од плаќање на партиципација (на пример: од сите студиски програми заедно, еден најдобро рангиран кандидат (со највисок број на поени) во квотата на примените редовни студенти, по завршувањето на првиот уписен рок, ќе биде ослободен од плаќање партиципација за првата година на студии.)
Сепак, студентите кои што имаат висок просек, можат да конкурираат за стипендии коишто се објавени од страна на Министерството за образование.