About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Дали видео клипови од камери поставени на автомобил може да се принесат како доказ во судски спор?


Прашање

Сѐ повеќе гледам видео клипови од камери поставени на автомобили кои во движење собираат видео материјал од околината. Ме интересира дали во нашата држава постои некаква регулација за овие камери, т.е. дали видео материјалот од овие камери може да се принесе и биде прифатен како доказ во одреден судски процес (на пример за сообраќајка)?


Одговор

Во правниот систем на Р.Северна Македонија снимањето без одобрение се поведува како кривично дело по чл. 152 од Кривичниот законик доколку со самото дејствие се открие идентитетот на одредено лице. Лицето кое што било неовластено снимано може да поднесе кривична пријава против сторителот на кривичното дело. Доколку во автомобил е поставена камера без одобрение, на лицето (сопственикот на автомобилот) може да му биде изречена парична казна како сторен прекршок согласно Законот за заштита на лични податоци. Што се однесува пак до снимките, дали истите можат да бидат користени како докази во судска постапка, согласно член 369 став 1 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата само полицијата е овластена да постави уреди за снимање на јавни места на кои се одвива сообраќај и на кои може да се извршуваат прекршоци од областа на сообраќајот на патиштата согласно со закон.