Дали законот дозволува да се вработам за време на студии, а притоа сум во државна квота?
Прашање
Дали законот дозволува да се вработам за време на студии, а притоа сум во државна квота? Има ли ограничувања во врска со договорот за работа? Има ли разлика меѓу УКИМ/УГД или единствено приватен/државен факултет во врска со ова прашање?
Одговор
Согласно законските прописи и актите на универзитетите, дозволено е паралелно со студиите да бидете вработени, меѓутоа, за таа цел потребно е да имате статус на вонреден студент независно на кој од универзитетите студирате.
Доколку престане потребата од вонредно студирање, постои можност за повторно утврдување на статус редовен студент согласно актите на универзитетите.