About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Доколку се откаже/одложи Државната матура за учебна 2020/21 кои би биле последиците врз нас матурантите?


Прашање

Во последно време се повеќе се дискутира за одржување, односно откажување на Државната матура за учебна 2020/21 година. Моите грижи лежат во прашањето, „Доколку се откаже/одложи Државната матура за учебна 2020/21 кои би биле последиците врз нас матурантите?“


Одговор

Одлука за откажување на Државната матура за учебната 2020/2021 година донесува Министерството за образование и наука, односно се поднесува предлог за измена и дополнување на Законот за средно образование што се поднесува до Собранието на Р.Северна Македонија. Министерството за образование и наука врз основа на состојбите прави проценка за тоа на кој начин ќе биде откажана матурата, како и кои ќе бидат последиците од тоа, односно како ќе се регулираат понатамошните прашања за учениците што не полагале матура (пр.упис на факултет). Согласно искуството од минатата година, со оглед на тоа дека и минатата учебна година не се полагаше државна матура, критериумите за упис во учебната 2019/2020 на универзитетите беа прилагодени, односно беше предвиден посебен начин на бодување за учениците кои не полагале државна матура со цел да биде овозможено ученикот на поинаков начин да ги достигне бодовите кои би ги добил доколку полагал државна матура. Сепак, не може однапред со сигурност да се предвиди како ситуацијата ќе биде регулирана, бидејќи тоа биде конечно утврдено по донесување на одлука за откажување на Државната матура.