About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Го прочитав новиот закон за млади и имам некои предлози за изменување на истиот, како треба да ги доставам истите?


Прашање

Го прочитав новиот закон за млади и имам некои предлози за изменување на истиот, како треба да ги доставам истите?


Одговор

Предлози за изменување и дополнување на законите може да се дадат од граѓани само доколку законот е во процес на изработка во рамки на некое министерство (предлог-законот изработен од работната група формирана во рамки на министерството се објавува на ЕНЕР ener.gov.mk), доколку пак законот е во собраниска процедура, за истиот предлози и амандмани може да поднесуваат пратениците во Собранието на Р.Северна Македонија.