Ивана, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Прашање
Јас сум студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Ме интересира дали кога би сакала да запишам магистерски студии е потребно да имам просек 8.5 од сите три години.
Одговор
Здраво Ивана,
согласно Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2013/14 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје на вториот циклус студии може да се запише студент којшто претходно завршил тригодишни правни студии од првиот циклус со освоени најмалку 180 кредити односно кој се стекнал со диплома „дипломиран правник“.
Просекот на тригодишните правни студии од првиот циклус не е услов за запишување на втор циклус правни студии.
Но, распоредот на студентите по насоки се извршува согласно успехот остварен на првите три години од студирањето и приоритетите дадени во изјавите на студентите при конкурирањето за насоките на постдипломските студии.