About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Како да побарам ревизија на мојата оценка?


Прашање

Не сум задоволна од оценувањето на еден професор во моето училиште. Како да побарам ревизија на мојата оценка?


Одговор

Согласно законот за средно образование доколку  ученикот не е задоволен со некои од годишните оценки што му се соопштени, во рок од три дена од соопштувањето на оценките има право да поднесе приговор до наставничкиот совет на училиштето. Наставничкиот совет може да одлучи оценката да ја потврди, да ја измени или да организира повторно проверување на знаењето на ученикот.