About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Како може да се извади здравствено осигурување кога немаш документи и во која инстуција?


Прашање

Член на моето семејство, живее во Македонија многу години, но нема ниту еден содветен документ и нема ниту здравствено осигурување. Како ќе може да извади барем здравствено осигурување и во која инстуција ке треба да се обратиме?


Одговор

Согласно законите во нашата држава, најпрво она што ви е потребно е да извадите е извод од матична книга на родени во Управата за водење на матичните книги, па врз основа на тој извод потребно ќе биде да поднесете барање за вадење на документ за лична идентификација односно лична карта во Министерството за внатрешни работи. Доколку имате потреба од помош при поднесување на документите и барањата до надлежните институции, ве советуваме да се обратите до граѓански организации кои што нудат бесплатна правна помош, па ќе ви помогнат во процесот на вадење документи.

Граѓански организации кои пружаат бесплатна правна помош се: Хелсиншки комитет за човекови права, Коалиција „Сите за правично судење“ , Македонско здружение на млади правници и други.