About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Лидија, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје


Прашање

Здраво, јас сум студентка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Имам еден проблем, поради тоа што морав да правам операција немав време и не успеав да ги положам испитите


Одговор

Здраво Лидија,

согласно Водичот за студирање на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје, во академската 2013/2014 година, 

http://www.pf.ukim.edu.mk/images/File/AKTI/%D0%92%D0%9E%D0%94%D0%98%D0%A7%20-%202013-14%20%D0%B3%D0%BE%D0%B4%D0%B8%D0%BD%D0%B0.pdf 

студентите имаат можност да полагаат предметна програма најмногу 3 (три) пати, во 3 (три) последователни испитни сесии во тековната учебна година (почнувајќи од испитната сесија кога за првпат се стекнуваат со правото да ја полагаат предметната програма), пред да ја презапишат истата предметна програма.

Студентите имаат можност да ги полагаат предметните програми од I, III и V семестар во трите последователни сесии во тековната учебна година (јануари, јуни и септември). 

Тоа значи дека, испитите од првиот семестар имаш право да ги полагаш во три последователни сесии од моментот кога си се стекнала со право за полагање, односно можеш да ги полагаш уште во септемвриска сесија, без да ги презапишуваш.

Па така, доколку студентите заклучно со септемвриската испитна сесија во тековната учебна година, не положат предметна програма, тогаш ја презапишуваат предметната програма.