About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Моментално сум редовен студент на државен факултет, но сакам паралелно со студиите и да работам. Кои се моите права во врска со ова, дали можам да имам работен ангажман додека сум запишан на редовни студии и каков вид на ангажман ми е дозволен?

Прашање

Одговор

Согласно законските прописи и актите на факултетите, дозволено е студентите кои што се запишани на факултет паралелно со студиите да можат и да работат. Меѓутоа, согласно правилата за студирање, за да може едно лице паралелно со студиите да работи мора да има статус на вонреден студент. Тоа значи дека доколку сте вонреден студент немате право да полагате на колоквиуми, туку полагате само испити. За упис како вонреден студент лицето е должно да достави потврда до факултетот дека е вработено. Односно доколку имате склучено договор за вработување, истиот треба да го приложите на факултет како би можеле статусот од редовен студент да го промените во вонреден.

Редовните студенти и вонредните студенти студираат како студенти со еднакво финансирање на студиите, односно школарината е иста.

Доколку вонредниот студент сака да го промени статусот во редовен студент, тоа може да го направи со доставувањеБарање во Службата за студентски прашања. Промената на статусот се врши при запишувањето на нареден семестар.