На каков начин би можела порано да го завршам факултетот?
Прашање
На каков начин би можела порано да го завршам факултетот? Навистина ми оди и имам научено предмети од погорни семестри.
Одговор
Законот за високо образование предвидува дека студентот има право и да може да напредува и да ги заврши студиите за пократко време отколку што е предвидено со студиската програма. Најпрвин проверете дали студиската програма на која сте запишани остава можност да ја завршите пред рокот предвиден за завршување на истата, и дали е возможно да запишете предмет повеќе од тие што во моментов ги следите согласно кредитите кои ги носи секој предмет. Според ЕКТС системот секоја студиска програма опфаќа задолжителни и факултативни предмети кои носаат различен број на кредити (бодови) во текот на една година. Студентот во текот на студирањето напредува, односно запишува предмети преку бројот на остварените кредити (бодови). По правило студентот запишува 30 кредити по семестар, но може да запише број на предмети кои носат минимум 18 кредити (бодови), но не повеќе од 42 кредити (бодови) во семестар.