Партиципација за припадници на безбедносните сили
Прашање
Дали студентите (припадник на безбедносните сили) запишани на трет циклус на студии се осободени од школарина согласно Законот за посебните парава на припадниците на безбедносните сили на РСМакедонија и на членовите на нивните семејства?
Одговор
Согласно Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили, припадникот на безбедносните сили, децата на загинат или починат припадник на безбедносните сили и децата на воен инвалид имаат предност при запишување во високо образовни установи без плаќање на партиципација, под услов да исполнат минимум бодови утврдени со Конкурсот за упис. Ова право лицата може да го искористат со запишување надвор од државната квота без поднесување трошоци за студирање, под услови за запишување утврдени во Конкурсот, а нивниот број може да изнесува најмногу до 10% од вкупниот број студенти на ниво на студиска програма. Оваа одредба од овој закон се однесува само за упис на студенти на прв циклус на студии. Можноста за користење на ова право е наведено во секој конкурс кој што е објавен од страна на Универзитетите во делот на критериумите за запишување на студенти.
Сите лица кои што сакаат да го продолжат образованието на втор и трет циклус на студии имаат обврска со запишувањето да ги подмират сите трошоци кои што произлегуваат од процесот.