About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Полагање на државна матура предвремено


Прашање

Дали во нашата држава може да се полага предвреме матура?


Одговор

Не. Државната матура не може да се полага предвреме. Според Правилникот донесен од Министерството за образование, државната матура се полага во два испитни рока: јунски и августовски испитен рок. 

Екстерните испити и екстерните делови од испитите сите кандидати во државата ги полагаат на ист датум и во исто време. Термините за полагање на испитите од државната матура се објавуваат на училишната огласна табла најдоцна еден месец пред почетокот на полагањето на државната матура а,кандидатот во еден ден може да полага најмногу еден испит.  За сите промени на датумот, начинот и концептот на полгање на државната матура, Државниот испитен центар  е должен навремено да ги извести  училиштата за настатнатата промена.    Повеќе информации за полагањето на државната матура може да погледнете на Matura.