Живеам во зграда во Скопје и често имаме проблеми со паркирани коли на наши приватни паркинзи. Која легална процедура може да се започне за да се заштитиме?
Прашање
Живеам во зграда во Скопје и често имаме проблеми со паркирани коли(од кафичи или случајни странци) паркирани на наши приватни паркинзи како и паркирање на едната страна од слепа уличка притоа правејќи ја непристапна/делумно блокирана. Постои иницијатива помеѓу двете згради(таа што е карши мојата) и што ја делиме истата слепа уличка за влегување во приватен паркинг како и за стигнување во нашите домови, да си платиме рампа и да има секој станар клуч/сензор од таа рампа. Станува неподносливо да си дојдеш дома, често среќаваш туѓи коли на свој имот, а често има и сообраќајки и несреќи заради прелоша видна прегледност. Која легална процедура може да се започне за да се заштитиме од ‘натрапници’?
Одговор
Со цел поставување на рампа на паркинг во Ваша сопственост, потребно е да поднесете барање пред надлежната општина за добивање на согласност за изградба на истата. За таа цел, како сопственици на посебни делови (станови) од зградата за која станува збор, потребно е претходно да донесете одлука за отпочнување на наведената постапка.
Одлуката за започнување на постапката треба да биде напишана во писмена форма и во истата треба да се наведе дека за одредениот простор (број на катастарска парцела) станарите даваат согласност на истиот да биде поставена рампа, а на станарите од тие две згради ќе им биде даден пристап за паркирање на нивните возила.
Доколку со Вашата зграда управува станбен управител, можете да се обратите до истиот за спроведување на постапката. Воедно, за обезбедување подетални информации околу потребната документација и начинот на поднесување на барањето до општината, можете да се обратите секторот за урбанизам во рамки на истата.