About Image

Колумни

Почетна / Колумни

Слободата на изразување како можност за критика / Liria e shprehjes si mundësi për kritikë

01/09/2020


5

Пишува: Никола Шиндре

За слободата нема кратка, прецизна или сосема концизна дефиниција. Слободата за човекот од секогаш означувала различи нешта. Човекот низ историјата и низ контекстот различно ја поимал и ја дефинирал слободата. Слободата на изразување како важен дел од слободата на човекот се дефинира како можност човекот својата мисла непречено да ја вербализира и да ја материјализира. Слободата на изразување се остварува низ правото на говор и обврската за одговорноста за кажаното – критиката. Правото на говор треба да гарантира дека човекот може да ја ужива сопствената слобода на изразување без да биде обвинет, нападнат или оштетен за тоа. Обврската за одговорноста за кажаното треба да го спречи поединецот да обвинува, да напаѓа или да им штети на други со тоа што го користи своето право на говор. Вака дефинирана слободата на изразување низ правото на говор и обврската за одговорноста за кажаното даваат можност за развој на едно демократско општество во кое што луѓето нема да бидат спречени да ги уживаат своите слободи низ стекнатите права, а притоа нивниот разум ќе ги спречи да им ја напаѓаат слободата на другите.

Не секој човек сака да ја ужива слободата на изразување и да го користи своето право на говор затоа што можеби не сака да ја сноси обврската што доаѓа со правото и слободата. Ова значи дека некој можеби не ја поима слободата на изразување онака како што претходно ја дефиниравме и покрај тоа што човештвото се изборило овие слободи да бидат неприкосновени и да се остваруваат низ правата и обврските во општеството. Веројатно е важно да се напомене дека оној што не сака да користи одредени права за да нема обврски не значи дека му отстапува повеќе слобода на другиот што сака да ја користи, а ниту пак дека му одзема дел од слободата со тоа што не ја ужива сопствената. Во демократските општества важно е да се почитува волјата на другиот.

Она што е важно да се разбере во врска со правото на говор е дека правото на говор во јавниот простор до некаде е и привилегија за малкумина кои што можат да бидат чуени од помала или од поголема публика. Не секој граѓанин може во кое било време да се обрати до јавноста, а уште помалку да биде чуен од другите. Така тој што секогаш може да биде чуен од повеќето треба да внимава во својот говор да не навреди или повреди некој или некоја група или заедница затоа што неговата обврска да биде одоговорен е далеку поголема. Тој што се наоѓа на повисока позиција на моќ нужно има поголема обврска да биде јасен, прецизен, да не навредува или повредува. Тој треба да знае дека неговите зборови влијаат врз многу луѓе, а тоа може да предизвика и разни последици и тоа особено врз оние кои што не секогаш можат да бидат чуени во јавноста.

Од ова произлегува дека различи луѓе на различни позиции во општеството со различни ставови треба различно да се однесуваат за да може сите да се слободни, а и секој еден од нив да е слободен. Тоа значи дека колку поголема екстензија на правото на говор има некој, односно постои поголема можност да биде слушнат, толку поголема е обврската на неговите плеќи да размислува како точно да се изрази за да не биде погрешно сфатен и за да не повредува некој друг со своето право на говор. На пример, главниот и одговорен уредник на националниот сервис има поголема можност да го оствари правото на говор затоа што може во секој момент да биде чуен од сите што ја гледаат/слушаат таа фреквенција, но и поголема обврска за да не ја повреди слободата на другите. Колумнистот од некој локален весник има помала можност да биде прочитан, а со тоа следува и помала одговорност затоа што неговиот збор сепак не може да допре до толку голем број на читатели. Но, сепак и кај двајцата стои одговорноста кон кажаниот збор, без разлика на тоа кој колкава публика има.

Тука природно доаѓа да си го поставиме прашањето што пак со оние кои што не можат да бидат чуени. Секој што размислува за слободата на изразување треба да ја има предвид и таа група на граѓани – маргинилизираните. Луѓето од маргините никогаш не можат да допрат до слухот на јавноста. Тие едноставно се исклучени од јавните расправи, за нив и за нивните проблеми секогаш дискутираат други. Тие луѓе имаат право да бидат погласни во моментот кога ќе имаат можност да бидат чуени. Маргиналната личност има право на поголема критика затоа што суштински здравата критика спрема општеството и системот и од таму може да почне, односно од луѓето кои не ја доживеале слободата на изразување. Тие се оние кои што можат и треба да ја вознемират власта, но и јавноста.

Обврската што потекнува од слободата на изразување е критиката. Секој авторитет и секој што говори во јавноста е подлежен на јавна критика. Се разбира дека за да може да има слобода на изразување треба поединецот да научи дека и тој може да биде мета на критика, но и тоа е здраво за едно општество. Критиката помага за поставување на најгорливите прашања во едно општество, помага да се развиваат процесите за преиспитување на моќта и авторитетот. Јавните личности треба да знаат и умеат како да ги прифаќаат критиките за да може сите да се чувствуваат слободни. Колку е поширока јавноста до кој некој има можност да се обрати, до толку треба да биде поширока и критиката.

Одговорноста на општеството пак во врска со слободата на изразување е да воспостави механизми за спроведување на правото на говор, односно оној што слободно ќе говори да нема реперкусии врз неговата безбедност за кажаното или инаку кажано дека општеството треба да има минимум демократски капацитети тој што сака јавно да се изрази да не биде физички нападнат за тоа. Особено е важно и јавноста да се покаже одговорна и подготвена за развојот на демократијата, а со тоа што ќе прифати различни интерпретации на фактите од различни личности – припадници на различни групи или заедници во општеството. Секоја индивидуа или заедница има различни ставови или идеи, а слушањето на другиот е другата страна на слободата за изразување.

Она што не смее да се избегне во оваа дискусија е прашањето за функционирањето на овој систем на слободи преку права и обврски. Како потесно ќе се дефинира правото на говор, а како обврската за кажаното. Овие дискусии секогаш треба да се отворени затоа што општеството не е затворен систем на вредности, ставови и сфаќања, но е отворен простор во кој што се наоѓаат сите луѓе, па затоа е важно секогаш да се преиспитуваат начините на користење на слободата на изразување, но и што таа означува и како некој ќе ја поима. Впрочем за да може да се развиваат такви дебати, дискусии и расправи треба да има минимум свест и совест кај сите чинители во општеството, а уште поголемо развиено чувство за демократија кај оние што се одговорни за зачувување и запазување на неприкосновените и стекнатите слободи, права и обврски на човекот. На тој начин секој ќе може да ја ужива својата слобода на изразување, да го користи своето право на глас и да ја сноси обврската за одоговорноста за кажаното на начин кој нему му одговара.

Конечно, сметам дека слободата на изразување треба да се бара во можноста за критика и преиспитување на постојното. Општеството треба да нуди можности за критика на авторитетите и да отвора простор за слух на исклучените. Сите ние треба да создаваме можности за антагонизација на мислите и идеите на спротивставените страни во вид на јавна расправа во која што секој ќе биде слободен, а слободен така што ќе може да го користи своето право на говор, а ќе ја носи обврската за критиката.

 

Никола Шиндре

 

Për lirinë nuk ka përkufizim të shkurtër, preciz ose tërësisht konciz. Liria për njeriun gjithmonë ka shënuar gjëra të ndryshme. Njeriu gjatë historisë dhe rrethanave e ka kuptuar dhe përkufizuar lirinë ndryshe. Liria e shprehjes si pjesë e rëndësishme e lirisë së njeriut përkufizohet si mundësi që njeriu mendimin e vet ta shprehë dhe ta materializojë pa pengesa. Liria e shprehjes realizohet përmes të drejtës së fjalës dhe obligimit për përgjegjësinë për e thënën-kritikën. E drejta e fjalës duhet të garantojë se njeriu mund ta gëzojë lirinë e tij të shprehjes pa u akuzuar, sulmuar ose dëmtuar për atë. Obligimi për përgjegjësinë për të thënën duhet ta ndalojë individin që të mos akuzojë, sulmojë ose dëmtojë të tjerët me atë që e shfrytëzon të drejtën e tij të fjalës. Përkufizuar kështu, liria e shprehjes përmes të drejtës së fjalës dhe obligimi për atë që thuhet japin mundësinë për zhvillimin e një shoqërie demokratike në të cilën njerëzit nuk do të pengohen t’i gëzojnë liritë e tyre përmes të drejtave të fituara, dhe njëkohësisht arsyeja e tyre do t’i pengojë ata të mos e sulmojnë lirinë e të tjerëve.

Jo çdo person dëshiron ta gëzojë lirinë e shprehjes dhe ta shfrytëzojë të drejtën e tij të fjalës, sepse ndoshta nuk dëshiron ta bartë obligimin që vjen me të drejtën dhe lirinë. Kjo do të thotë që dikush ndoshta nuk mund ta kuptojë lirinë e shprehjes siç e kemi përkufizuar më lart, megjithëse njerëzimi ka zgjedhur që këto liri të jenë të pacenueshme dhe të realizohen përmes të drejtave dhe obligimeve në shoqërinë. Me siguri është e rëndësishme të theksohet se ai që nuk dëshiron të shfrytëzojë të drejta të caktuara që të mos ketë obligime nuk do të thotë që ai i jep më shumë liri tjetrit që dëshiron ta shfrytëzojë atë, as nuk i heq një pjesë të lirisë duke mos e gëzuar të tijën. Në shoqëritë demokratike është me rëndësi të respektohet vullneti i tjetrit.

Ajo që është me rëndësi të kuptohet në lidhje me të drejtën e fjalës është se e drejta e fjalës në hapësirën publike në njëfarë mase është edhe privilegj për pak njerëz që mund të dëgjohen nga publiku më i vogël ose më i madh. Jo çdo qytetar mund t’i drejtohet publikut në çdo kohë, aq më pak të dëgjohet nga të tjerët. Kështu ai që gjithmonë mund të dëgjohet nga shumica duhet të jetë i kujdesshëm në fjalën e tij për të mos fyer ose lënduar ndokënd ose ndonjë grup ose komunitet sepse obligimi i tij për të qenë i përgjegjshëm është shumë më i madh. Ai që është në një pozitë më të lartë të pushtetit domosdoshmërisht ka një obligim më të madh të jetë i qartë, preciz, të mos ofendojë ose lëndojë. Ai duhet ta dijë që fjalët e tij ndikojnë mbi shumë njerëz, dhe kjo mund të shkaktojë edhe pasoja të ndryshme, veçanërisht ndaj atyre që jo gjithmonë mund të dëgjohen në publik.

Nga kjo rrjedh që njerëz të ndryshëm në pozicione të ndryshme në shoqëri me pikëpamje të ndryshme duhet të sillen ndryshe në mënyrë që të gjithë të jenë të lirë dhe secili prej tyre të jetë i lirë. Kjo do të thotë se sa më e madhe që është shtrirja e së drejtës për të folur, pra ekziston mundësi më të madhe për t’u dëgjuar, aq më i madh është obligimi mbi supet e tij për të menduar se si të shprehet saktësisht në mënyrë që të mos keqkuptohet dhe të mos lëndojë dikë tjetër me të e drejtën e tij të fjalës. Për shembull, kryeredaktori i servisit kombëtar ka një mundësi më të madhe për ta realizuar të drejtën e fjalës sepse mund të dëgjohet në çdo kohë nga të gjithë ata që e shohin/dëgjojnë atë frekuencë, por edhe obligim më të madh për të mos e cenuar lirinë e të tjerëve. Opinionisti i një gazete lokale ka më pak mundësi për t’u lexuar, dhe me këtë ka edhe më pak përgjegjësi sepse fjala e tij megjithatë nuk mund të arrijë te një numër kaq të madh të lexuesve. Sidoqoftë, të dy kanë përgjegjësinë për fjalën e thënë, pa marrë parasysh se kush sa publik ka.

Këtu natyrisht parashtrohet edhe pyetja kush janë ato që nuk mund të dëgjohen. Secili që mendon për lirinë e shprehjes duhet ta ketë parasysh edhe atë grup të qytetarëve të margjinalizuar. Njerëzit e margjinalizuar asnjëherë nuk mund të dëgjohen nga publiku. Ato thjesht janë të përjashtuar nga diskutimet publike, për to dhe për problemet e tyre gjithmonë diskutojnë të tjerët. Ato kanë të drejtë të jenë më të zëshëm në momentin kur do të kenë mundësi të dëgjohen. Personi i margjinalizuar ka të drejtë të kritikojë më shumë, sepse në thelb kritika e shëndetshme ndaj shoqërisë dhe sistemit mund të fillojë prej andej, përkatësisht nga njerëzit që nuk e kanë gëzuar lirinë e shprehjes. Ato janë ato që mund dhe duhet ta shqetësojnë pushtetin, por edhe publikun.

Obligimi që rrjedh nga liria e shprehjes është kritika. Çdo autoritet dhe secili që flet në publik është i nënshtruar ndaj kritikës publike. Kuptohet që të ketë liri të shprehjes, individi duhet të mësojë se ai gjithashtu mund të jetë pre e kritikave, por edhe kjo është e shëndetshme për një shoqëri. Kritika ndihmon për të parashtruar pyetjet më të rëndësishme në një shoqëri, ndihmon për të zhvilluar proceset e rishqyrtimit të pushtetit dhe autoritetit. Figurat publike duhet të posedojnë njohuri dhe aftësi si t’i pranojnë kritikat që të mund të ndjehen të lirë të gjithë. Gjerësia e kritikës duhet të jetë aq sa është i gjerë publiku të cilit dikush mund t’i drejtohet.

Përgjegjësia e shoqërisë në lidhje me lirinë e shprehjes është vendosja e mekanizmave për realizimin e të drejtës së fjalës, përkatësisht ai që do të flasë i lirë të mos ketë pasoja mbi sigurinë e tij për atë që e thotë ose thënë ndryshe se shoqëria duhet të ketë kapacitete minimale demokratike që ai që dëshiron të shprehet publikisht të mos sulmohet fizikisht për atë që e thotë.  Veçanërisht e rëndësishme është që edhe publiku të tregojë përgjegjësi dhe gatishmëri për zhvillimin e demokracisë, duke pranuar interpretime të ndryshme të fakteve nga njerëz të ndryshëm – pjesëtarë të grupeve ose komuniteteve të ndryshme në shoqëri. Secili individ ose komunitet ka pikëpamje ose ide të ndryshme, ndërsa dëgjimi i tjetrit është ana tjetër e lirisë së shprehjes.

Ajo që nuk duhet shmangur në këtë diskutim është çështja e funksionimit të këtij sistemi të lirive përmes të drejtave dhe obligimeve. Si do të përkufizohet më ngushtë e drejta e fjalës, e si obligimi për atë që është thënë. Këto diskutime duhet të jenë gjithmonë të hapura sepse shoqëria nuk është një sistem i mbyllur vlerash, qëndrimesh dhe kuptimesh, por është një hapësirë ​​e hapur në të cilën ndodhen të gjithë njerëzit, prandaj është e rëndësishme të rishqyrtohen gjithmonë mënyrat e shfrytëzimit të lirisë së shprehjes, por dhe çfarë do të thotë dhe si do ta kuptojë dikush. Në fakt, në mënyrë që të mund të zhvillohen, diskutime të tilla, duhet të ekzistojë minimum vetëdije dhe ndërgjegje te të gjithë aktorët në shoqëri, dhe sens akoma më të zhvilluar të demokracisë te ato që janë përgjegjës për ruajtjen dhe respektimin e lirive, të drejtave dhe obligimeve të pacenueshme dhe të fituara të njeriut. Në atë mënyrë, secili do të mund ta gëzojë lirinë e tij të shprehjes, ta shfrytëzojë të drejtën e tij të votës dhe ta bartë obligimin e përgjegjësisë për atë që është thënë në mënyrë që i konvenon atij.

Më në fund, konsideroj se liria e shprehjes duhet të kërkohet në mundësinë për kritikë dhe rishqyrtim të ekzistueses. Shoqëria duhet të ofrojë mundësi për kritikë ndaj autoriteteve dhe të hapë hapësirë për t’i dëgjuar të margjinalizuarit. Ne të gjithë duhet të krijojmë mundësi për t’i kundërshtuar mendimet dhe idetë e palëve kundërshtare në formën e një debati publik në të cilin të gjithë do të jenë të lirë për ta shfrytëzuar të drejtën e tyre të fjalës, dhe për ta bartur obligimin e kritikës.

 

Nikolla Shindre