About Image

Колумни

Почетна / Колумни

Слободата на изразување како предуслов за развој / Liria e shprehjes si parakuhst për zhvillim

27/12/2018


4

Пишува: м-р Константин Битраков

На 22 јуни 1633 година еден од најголемите научници во периодот на ренесансата, Галилео Галилеј, бил осуден за ерес од страна на Инквизицијата. Причината била неговата хелиоцентристичка теорија според која Сонцето е центарот на универзимот, а планетите ротираат околу него.[1][2] Во август 2012 година три членки на рускиот панк-рок бенд „Pussy Riot“ беа осудени за хулиганизам мотивиран од религиска омраза. Тоа следеше по нивниот перформанс во една од московските цркви, изведен, според нив, за да се изрази незадоволството од блиските врски меѓу Руската православна црква и владеачките структури во државата.[3] На 28 февруари 2018 година македонските новинари ја распространија веста за корупцијата во Државната комисија за спречување на корупција (се разбира, мошне парадоксално). Оваа вест се базираше на наодите на Управата за јавни приходи која имаше извршено ревизија во споменатата Комисија.[4][5] Сепак, ревизијата на Управата за јавни приходи беше од интерен карактер, а наодите беа доверливи. Оттаму, јасно е дека македонските новинари го заштитиле идентитетот на нивниот извор. Но, зошто ги споменуваме токму овие три случаи? Која е нивната заедничка точка? Одговорот лежи во правото на слободно изразување (или неговиот недостаток).

Правото на слободно изразување (некаде може да се сретне и како слобода на изразување или право на слобода на изразување) претставува фундаментално човеково право загарантирано во низа меѓународни акти,[6] но и во Уставот на Република Македонија. Идејата зад ова право е дека секој поединец (и секоја група во рамки на општеството) ќе може слободно да комуницира и да го изразува своето мислење, да прима и пренесува информации и идеи,[7] без притоа да постои ризик од санкција (казна). Всушност, правото на слободно изразување мошне често се истакнува како еден од основните предуслови на функционалната демократија и плуралистичкото општество. Слободното изразување од страна на граѓаните овозможува ширење на идеи кои придонесуваат кон развојот на општеството, но и свест така што се спречуваат апсолутната моќ, корупцијата, погубните политики, неоправданите трошења и слично. Слободните медиуми, пак, ја играат услогата на „чувар на законитоста“ и ја следат секоја постапка на власта (независно дали законодавна, извршна или судска).[8] Се разбира, таквата улога на медиумите би можела да се оствари единствено ако новинарите можат да гo заштитат идентитетот на својот извор, односно идентитетот на таканаречените „свиркачи“.[9] Така, врската меѓу трите горенаведени примери станува појасна. Кога во тоа време би постоеле гаранции за слободата на изразувањето, Галилео Галилеј не би можел да биде осуден поради неговите научни согледби. Кога правото на слободно изразување доследно би се почитувало во Руската федерација, бендот „Pussy Riot“ не би бил под закана од репресивниот апарат на државата. Со други зборови, како што истакнува организацијата Amnesty International, трите членки на бендот се „затворенички на нивната совест“ поради фактот што тие не сториле никаква штета туку ги истакнале своите политички уверувања.[10] На крај, кога медиумите не би можеле слободно да објавуваат податоци за корупција во државните органи, но и кога тие не би можеле да ги заштитат своите извори, македонската јавност не би дознала за „корупцијата во анти-корупциската комисија“. Имено, без слобода на изразувањето веројатно не би постоел никаков техничко-технолошки развој во светот, а демократијата би била ништо повеќе од термин без суштина.

            Во Република Македонија правото на слободно изразување е уредено во членот 16 од Уставот кој гласи: „[с]е гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата (ст. 1). Се гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање и слободното основање на институции за јавно информирање. (ст. 2) Се гарантира слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации. (ст. 3) Се гарантира правото на одговор во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на исправка во средствата за јавно информирање. Се гарантира правото на заштита на изворот на информацијата во средствата за јавно информирање (ст. 4). Цензурата е забранета. (ст. 5)“

Следствено, македонската правна рамка во поглед на правото на слободно изразување е исклучително широка. Прво, таа не само што ја гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата туку ги споменува и слободата на говорот и јавниот настап. Со тоа се имплицира и слободата на мирен собир и изразување на протест која е понатаму спомената во членот 21 од Уставот. Второто, македонскиот правен систем го издигнал слободното основање на медиуми (наречени институции за јавно информирање) на степен на уставно-правна заштита. Законот за медиуми,[11] Законот за аудио и аудиовизуелни услуги[12] не би смееле да постават забрани во поглед на тоа кој смее да формира медиум. Трето, како составен дел на слободата на изразување, Уставот го предвидува и слободниот пристап кон информациите. Ова право е понатаму уредено во Законот за слободен пристап до информации од јавен катактер[13] каде се предвидува дека секое физичко или правно лице може да се обрати до органите на државната власт (органите на управата), општините, установите, јавните претпријатија и сл. и да добие информација со која тие располагаат и која ја создале во текот на работата. Не би требало посебно да се осврнеме на тоа колку би тешко да се откријат недоследностите во постапките за јавни набавки, унапредувањата и уназадувањата на административните службеници и слично доколку овие информации би биле недостапни за граѓаните. Четврто, Уставот непосредно се осврнал и на изворот на информацијата на медиумите, односно укажувачите. Ваквата одредба доведува до постоење на Законот за заштита на укажувачите[14] кој ѝм овозможувa на лицата кои располагаат со критични информации да ги објават, а притоа да добијат заштита. Петто, Уставот целосно ја забранува цензурата во Република Македонија.

Така, македонските граѓани (и правни лица) имаат широка рамка за слободен говор или слободно изразување. Ваквото право не само што ужива меѓународноправна и устаноправна заштита туку е операционализирано и во низа закони. Сепак, колку правото на слободно изразување ќе биде искористено, односно колку ќе биде уживано со цел демократизација и придонес кон владеењето на правото, зависи од самите граѓани. Органите на власта, судовите, установите (културни, образовни, здравствени), општините и јавните претпријатија би имале значително помал простор за злоупотреба на своите законски надлежности и заштита на интересите на индивидуите наспроти општата јавност доколку секој вработен кој располага со критички информации нив би ги пријавувал согласно Законот за заштита на укажувачите, а и доколку заинтересираните лица редовно би поднесувале барања согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер. Работата на новинарите и медиумите би била значително полесна кога тие би добивале редовен придонес од граѓаните, а работата на власта и политичките партии би била поодговорна и ажурна. Имено, секој од нас е должен ефективно да го искористува правото на слободно изразување и да ги споделува своите сознанија со јавноста. Единствено на тој начин ќе придонесеме кон развој не само на демократијата и владеењето на правото туку и на државата воопшто. Корупцијата во Државната комисија за спречување на корупција беше откриена од совесни граѓани чиј идентитет беше и останува заштитен. Кога сите вработени би пријавувале што се случува во нивните органи, кога сите студенти би пријавувале што се случува на нивните факултети, кога сите здравствени работници би говореле за јавните набавки во ресорот и сл., напредокот би бил неизбежен.

—————————————————————————————————————————————————————————————————————

[1] Црковното учење во тоа време било геоцентричко, односно според него Земјата била центар на универзумот, а сите останати планети и сонцето ротирале околу неа.

[2] https://www.history.com/this-day-in-history/galileo-in-rome-for-inquisition.

[3] https://www.theatlantic.com/international/archive/2012/11/what-pussy-riots-punk-prayer-really-said/264562/.

[4] http://www.sudstvo.mk/%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D0%BB-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D1%83%D0%BF%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%80%D1%83%D0%BF%D1%86%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0/.

[5] https://telma.com.mk/antikoruptsionerite-so-lazhni-nalozi-dobivale-poveke-pari-za-patni-troshotsi/.

[6] Универзалната декларација за човековите права, Меѓународниот пакт за граѓанските и политичките права, Меѓународниот пакт за економските, социјалните и културните права, Европската конвенција за заштита на човековите права (целосен назив: Конвенција за заштита на човековите права и основните слободи), и сл.

[7] Публикација „Остварување на правото на слобода на изразување – теорија и практика“, стр. 5, достапна на: http://ihr.org.mk/uploads/publications_pdf/Pravo_na_slobodata_na_izrazuvanje_MK_web.pdf.

[8] Слични се ставовите на Советот на Европа: https://www.coe.int/en/web/impact-convention-human-rights/freedom-of-speech.

[9] Публикација „Protecting the Right to Freedom of Expression Under the European Convention on Human Rights“, стр. 100-102, достапна на: https://rm.coe.int/handbook-freedom-of-expression-eng/1680732814.

[10] Јавна изјава на Amnesty International под насловот „Russia: Release punk singers held after performance in church“ од 03 април 2012 година, достапна на: https://www.amnesty.org/download/Documents/20000/eur460142012en.pdf.

[11] „Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/2013 и 13/2014.

[12] „Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/2013, 13/2014, 44/2014, 101/2014, 132/2014, 142/2016, 132/2017 и 168/2018.

[13] „Службен весник на Република Македонија” бр. 13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015, 55/2016 и 64/2018.

[14] „Службен весник на Република Македонија“ бр. 196/2015 и 35/2018.

 

 

Liria e shprehjes si parakuhst për zhvillim

Më 22 qershor 1633 një prej shkencëtarëve më të  mëdhenj gjatë periudhës së renesancës, Galileo Galilej, është dënuar për herezi nga Inkuizicioni.  Shkaku ka qenë teoria e tij heliocentrike sipas së cilës Dielli është qendra e universit, ndërsa planetët rrotullojnë rreth tij. [1][2] Në Gusht 2012-ën tre anëtare të pank rok – bandës ruse “Pussy Riot” u dënuan për huliganizëm të motivuar nga urrejtja fetare.   Kjo vijoji pas performimit të tyre në një nga kishat e Moskës, që sipas tyre, u bë për të shprehur pakënaqësinë nga lidhjet e ngushta ndërmjet Kishës ortodokse ruse dhe strukturave qeveritare të shtetit. [3] Më 28 shkurt 2018 gazetarë maqedonas e përhapën lajmin për korrupsion në Komisionin Shtetëror për Parandalimin e Korrupsionit (kuptohet, shumë paradoksale).  Ky lajm bazohej mbi konstatimet e Drejtorisë së të Ardhurave Publike që kishte bërë revizion në Komisionin në fjalë. [4][5] Megjithatë, revizioni i Drejtorisë së të Ardhurave Publike ishte i karakterit interno, ndërsa konstatimet ishin të besueshme.  Së këndejmi, është e qartë se gazetarët maqedonas kanë mbrojtur identitetin e burimit të tyre.  Por, pse i përmendim pikërisht këto tre raste? Cila është pika e tyre e përbashkët? Përgjigjja qëndron në lirinë e shprehjes (ose mungesën e saj).

Fillimisht për shprehje të lirë (diku mund të haset edhe si liri e shprehjes ose e drejtë për shprehje të lirë) paraqet e drejtë fondamentale e njeriut e garantuar me një sërë akte ndërkombëtare[6], por edhe me Kushtetutën e Republikës së Maqedonisë.   Ideja që mbështet këtë të drejtë është se çdo individ (dhe çdo grup në kuadër të shoqërisë) do të mundet lirshëm të komunikojë dhe të shprehë mendimin e tij, të pranojë dhe bartë informacione dhe ide, [7] gjatë kësaj pa pasur rrezik nga sanksioni (dënimi).   Në fakt, e drejta e shprehjes së lirë, shumë shpesh theksohet si një nga parakushtet themelore të funksionimit të demokracisë dhe shoqërisë pluraliste.   Shprehja e lirë nga qytetarët mundëson përhapjen e ideve të cilat kontribuojnë drejt zhvillimit të shoqërisë, por paraqet edhe vetëdije, kështu që parandalohen fuqia absolute, korrupsioni, politikat humbëse, shpenzimet e pa arsyeshme dhe ngjashëm.  Mediet e lira, nga ana tjetër, e luajnë rolin e “rojtarit të ligjshmërisë” dhe e ndjekin çdo hap të pushtetit (pa marrë parasysh nëse bëhet fjalë për pushtetin ligjvënës, ekzekutiv ose gjyqësor). [8] Kuptohet, roli i këtillë i medieve do të mund të realizohet vetëm nëse gazetarët mund të mbrojnë identitetin e burimit të tyre, respektivisht identitetin e të ashtu quajturve “denoncues”. [9] Kështu, lidhja ndërmjet tre shembujve të lartpërmendur bëhet më e qartë.   Në atë kohë nëse do të kishin ekzistuar garanci për lirinë e shprehjes, Galileo Galilej nuk do të ishte dënuar për shkak të pikëpamjeve të tij shkencore.  Kur e drejta e shprehjes në mënyrë konsekuente do të ishte respektuar në Federatën Ruse, banda “Pussy Riot” nuk do të ishte nën kërcënimin e aparatit represiv të shtetit.  Me fjalë të tjera, siç thekson organizata Amnesty International, tre anëtaret e bandës janë “të burgosura të vetëdijes së tyre” për faktin se ato nuk kanë bërë asnjë dëm por i kanë shprehur bindjet e tyre politike. [10] Në fund, kur mediet nuk do të kishin mundur lirisht të publikojnë të dhëna për korrupsionin në organet shtetërore, por edhe në rastin kur ato nuk do të kishin mundur të mbrojnë burimet e tyre, publiku maqedonas nuk do të kishte kuptuar për “korrupsionin në komisionin anti – korrupsion”.  Respektivisht, pa liri të shprehjes me siguri nuk do të ekzistonte asnjë lloj zhvillimi teknik – teknologjik në botë, ndërsa demokracia do të ishte diçka më tepër se nocion pa esencë.  

Në Republikën e Maqedonisë e drejta e lirisë së shprehjes është rregulluar me nenin 16 të Kushtetutës, si vijon:  “garantohet liria e bindjes, vetëdijes, mendimit dhe shprehjes së lirë të mendimit (faqe 1). Garantohet liria e fjalës, paraqitjes publike, informimit publik dhe themelimit të lirë të institucioneve për informim publik.  (faqe 2) Garantohet liria e qasjes drejt informatave, liria e pranimit dhe bartjes së informatave.  (faqe 3) Garantohet e drejta e përgjigjes në mjetet për informim publik.  Garantohet e drejta për korrigjim në mjetet për informim publik.  Garantohet e drejta për mbrojtjen e burimit të informacionit në mjetet për informim publik (faqe 4). Censura, ndalohet.  (faqe 5)“

Në mënyrë konsekuente, korniza ligjore maqedonase në drejtim të së drejtës së lirisë së shprehjes është jashtëzakonisht e gjerë.  Fillimisht, ajo jo vetëm që garanton lirinë e shprehjes së bindjes, vetëdijes, mendimit dhe shprehjes publike të mendimit por i përmend edhe lirinë e fjalës dhe paraqitjes publike.  Me këtë implikohet edhe liria e tubimit paqësor dhe shprehjes së protestës e cila më tutje përmendet më pas në nenin 21 të Kushtetutës.  E dyta, sistemi juridik maqedonas, e ka lartësuar themelimin e lirë të medieve (të quajtura institucione për informim publik) në shkallën e mbrojtjes kushtetuese – juridike të mbrojtjes.  Ligji për media, [11] Ligji për shërbime audio dhe audio – vizuale[12] mund të vendosin ndalime në drejtim të asaj kush guxon të formojë media.  E treta, si pjesë përbërëse e lirisë së shprehjes, Kushtetuta e parasheh edhe qasjen e lirë drejt informatave.  Kjo e drejtë më tutje rregullohet me Ligjin për qasje të lirë drejt informatave me karakter publik[13], ku parashihet se çdo person fizik ose subjekt juridik mund t’i drejtohet organeve të pushtetit shtetëror (organeve të administratës), komunave, institucioneve, ndërmarrjeve publike dhe ngjashëm dhe të sigurojë informacionin me të cilin disponojnë ata dhe të cilën e kanë krijuar gjatë punës.  Nuk do të duhet në veçanti të flasim rreth asaj se sa vështirë do të ishin zbuluar mangësitë gjatë procedurave për furnizime publike, avancime dhe regres të nëpunësve administrativ dhe ngjashëm nëse, këto informacione do të ishin të qasshme për qytetarët.  E katërta, Kushtetuta në mënyrë të drejtpërdrejtë i referohet edhe burimit të informacionit të medieve, respektivisht denoncuesve.  Dispozita e këtillë rezulton me ekzistimin e Ligjit për mbrojtjen e denoncuesve[14], i cili mundëson personat që disponojnë me informata kritike t’i publikojë, ndërsa gjatë kësaj të fitojnë mbrojtje.   E pesta, Kushtetuta tërësisht e ndalon censurën në Republikën e Maqedonisë.

Në këtë mënyrë, qytetarët maqedonas (dhe subjektet juridike) kanë kornizë të gjerë të fjalës së lirë ose lirisë së shprehjes. E drejta e këtillë jo vetëm që gëzon mbrojtje ndërkombëtare dhe institucionale – juridike por është operacionalizuar edhe në një sërë ligje.  Megjithatë, sa do të përdoret shprehja e lirë, respektivisht sa do të gëzohet me qëllim demokratizim dhe kontribut drejt sundimit të së drejtës, varet nga vetë qytetarët.  Organet e pushtetit, gjykatat, institucionet (kulturore, arsimore, shëndetësore), komunat dhe ndërmarrjet publike do të kishin hapësirë dukshëm më të vogël për keqpërdorimin e kompetencave të tyre ligjore dhe mbrojtjen e interesave të individëve përkundër publikut të përgjithshëm, nëse çdo i punësuar i cili posedon me informata kritike, të njëjtit do t’i kishte paraqitur në pajtim me Ligjin për mbrojtjen e denoncuesve, por edhe nëse personat e interesuar rregullisht do të kishin paraqitur kërkesa në pajtim me Ligjin për qasje të lirë drejt informatave me karakter publik.   Puna e gazetarëve dhe medieve do të ishte dukshëm më e lehtë nëse ata do të kishin fituar kontribut të vazhdueshëm nga qytetarët, ndërsa puna e pushtetit dh partive politike do të ishte më përgjegjëse dhe më vigjilente.   Respektivisht, secili nga ne është i obliguar në mënyrë aktive të shfrytëzojë të drejtën e shprehjes së lirë dhe të ndajë njohuritë e veta me publikun.  Vetëm në këtë mënyrë do të kontribuojmë drejt zhvillimit jo vetëm të demokracisë dhe sundimit të së drejtës por dhe të shtetit në përgjithësi.  Korrupsioni në Komision Shtetëror për Parandalimin e Korrupsionit, ishte zbuluar nga qytetarë të vetëdijshëm identiteti i të cilëve ngel i mbrojtur.  Në rast se të gjithë të punësuarit do të kishin denoncuar çfarë ndodh në organet e tyre, nëse të gjithë studentët do të paraqisnin çfarë ndodh në fakultetet e tyre, nëse të gjithë punëtorët shëndetëson do të kishin folur për furnizimet publike në resorin përkatës dhe ngjashëm, progresi do të ishte i pa evitueshëm.


———————————————————————-

[1] Mësimi kishtar në atë kohë ka qenë gjeo-centrik, respektivisht sipas kishës, Toka ka qenë qendra e universit, ndërsa planetët të tjerë dhe Dielli kanë rrotulluar rreth saj.

[2] https://www.history.com/this-day-in-history/galileo-in-rome-for-inquisition.

[3] https://www.theatlantic.com/international/archive/2012/11/what-pussy-riots-punk-prayer-really-said/264562/.

[4] http://www.sudstvo.mk/%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%BD%D0%B4%D0%B0%D0%BB-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D1%83%D0%BF%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%B0%D0%BD%D1%82%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D1%80%D1%83%D0%BF%D1%86%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%B0/.

[5] https://telma.com.mk/antikoruptsionerite-so-lazhni-nalozi-dobivale-poveke-pari-za-patni-troshotsi/.

[6] Deklarata Universale për të Drejtat e Njeriut, Pakti ndërkombëtar për të drejtat qytetare dhe të drejtat politike, Pakti ndërkombëtar për të drejtat ekonomike, sociale dhe kulturore, Konventa Evropiane për mbrojtjen e të drejtave të njeriut (titulli i plotë: Konventa për mbrojtjen e të drejtave të njeriut dhe të drejtave themelore), dhe ngjashëm.

[7] Publikimi „Realizimi i së drejtës për lirinë e shprehjes – teoria dhe praktika“, faqe 5, e qasshme në: http://ihr.org.mk/uploads/publications_pdf/Pravo_na_slobodata_na_izrazuvanje_MK_web.pdf.

[8] Të ngjashme me qëndrimet e Këshillit të Evropës: https://www.coe.int/en/web/impact-convention-human-rights/freedom-of-speech.

[9] Publikimi „Protecting the Right to Freedom of Expression Under the European Convention on Human Rights“, faqe 100-102, e qasshme në: https://rm.coe.int/handbook-freedom-of-expression-eng/1680732814.

[10] Deklarata publike e Amnesty International me titull „Russia: Release punk singers held after performance in church“ të datës 03 prill 2012 është e qasshme në: https://www.amnesty.org/download/Documents/20000/eur460142012en.pdf.

[11] „Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ nr. 184/2013 dhe 13/2014.

[12] „ Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ nr. 184/2013, 13/2014, 44/2014, 101/2014, 132/2014, 142/2016, 132/2017 dhe 168/2018.

[13] „ Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ nr. 13/2006, 86/2008, 6/2010, 42/2014, 148/2015, 55/2016 dhe 64/2018.

[14] „ Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë“ nr. 196/2015 dhe 35/2018.