About Image

Колумни

Почетна / Колумни

Средношколски муабети во време на пандемија // Muhabete të nxënësve të shkollave të mesme në kohë pandemie

22/12/2020


6

Пишува: Игор Стојков

Не е нов факт дека пандемија го промени начинот на живот на сите луѓе на планетата, но пандемијата со КОВИД19 најмногу ја погоди токму оваа група на млади, а тоа се средношколците. Исто така, треба да се напомене дека вистински кажано, ситуацијата со средношколците, но и општо младите лица во земјава, не изгледаше најсјајно многу долго време и пред да започне пандемијата. Ние средношколците, можеби, не успеавме најдобро да се сносиме со сите промени што се случуваа во светот и во државата. Јас проблемот го наоѓам во целиот образовен систем во земјава, кој нас не не подготви вистински да се носиме со промените како што тоа го прават нашите врсници во Западна Европа и Америка, и во другите поразвиени земји. Вистинската пандемија со младите датира многу подалеку од 2020 година. Сметам дека првата пандемија започна со сериозно нарушување на менталното здравје на младите и средношколците многу одамна, а за тоа да се случи придонесоа многу фактори. Дел од факторите се натрупувањето на информации и огромни очекувања од општеството (родители, професори, пријатели), социјалните мрежи и перфектниот живот во нив, како и неадресирање на проблемите со врсничко насилство, вознемирување, говори и дела од омраза и многу други работи. Нашата држава, а конкретно и образовниот систем во државата сеуште не изнајде вистински решенија за да ги адресира и реши сите овие проблеми.Всушност, самиот образовен систем придонесе за тие проблеми да земат поголем замав, со самото игнорирање на истите. Сите овие проблеми уште повеќе се истакнаа, односно се забележуваат со почетокот на пандемијата со КОВИД19.  Исто така, како еден од најголемите проблеми, јас ја сметам огромната разлика помеѓу генерациите на нашите родилите, со нашата генерација. Нормативите на нашата генерација претставуваат апсурди за генерацијата на нашите родители. За многу од нас, вистински борци за ЏенЗет културата, прифаќање на лицата кои се со поинаква родова, сексуална, етничка или било каква идентификација претставува норматив, а тоа е нешто што нашите родители не успеале да го прифатат земајќи го во обзир времето и периодот во кој тие израснале и живееле, што секако, во никој случај не им дава за право да продолжат да нормализираат општество на неприфаќање и појави што не треба да се појават во овој современ век. 


Со почетокот на пандемијата и затворањето на училиштата, студентите го загубија чуството на рутина и нормалност. Со секојдневните рутини, во најмала рака, ние успевавме да ги осигураме основните здрави навики како што се: будење во одредено време во денот, средби и интеракција со други средношколци и професори, кафе дружби, пешачење до дома, учење, излегување низ град и така натаму. Со почетокот на пандемијата, и во целото времетрање на истата, ние не само што престанавме да ги извршуваме сите овие здрави навики, туку ние се наоѓаме во ситуација кадешто вршење на најмалите задачи, спортување па и во некои ситуации оддржување на хигиена претставуваат потешкотија за нас. Леснотијата и лежерноста на онлајн наставата прави ние да се чуствуваме мрзеливи, немотивирани, нетрпеливи и без желба за работа и учење. Важно е да се зборува и за особено потешката ситуација во која се наоѓаат матурантите. Сиот стрес што го носи учењето во четврта година во средно училиште е мултиплициран со десет, поради глобалната пандемија. Матурантите се наоѓаат пред можеби најважната одлука во својот живот, а тоа е изборот на факултети и насоки на факултетите, што самото по себе е стресно, а да не зборуваме и за фактот дека матурантите треба да следат неефективна онлајн настава, а потоа и да полагаат државна матура. Пред некое време, некој имаше напишано: ‘’Ние матурантите не го видовме убавото од средношколскиот живот, како што се екскурзиите, забавите и матурските забави, а го видовме само стресното – тестови и државни матури’’. Токму таа реченица е можеби најреалната слика за тоа како матурантите се чуствуваат во овие моменти.Матурантите, оправдано или не, продолжуваат да го искажуваат револтот кон одлуката за полагање на државна матура на крајот од учебната година. Тие одлучија револтот да го покажат со бојкотирање на наставата во рок од една недела, на ниво на целата држава. Она што најмногу ги изреволтира матурантите е отсуството на медиумски простор за оваа категорија на млади. Имено, речиси ниту еден медиум не обезбеди медиумска покриеност на бојкотот и протестите на средношколците, што се случува на национално ниво. 

Пандемијата е очигледно најлошиот светски феномен после Втората Светска војна. Исто така, пандемијата само ги потенцираше недостатоците и проблемите во сите сфери на живеење во нашата држава. Важно е да се потенцираат проблемите со образованието, кое се покажа како тотално неинклузивно и како привилегија, а не право. Министерството за образование и наука излезе со податок дека дури 90% од учениците имаат пристап до уреди за следење на наставата. Можеби на прв поглед 10% и не изгледаат толку многу. Доколку се претворат процентите во број на ученици, ќе се увиди дека дури околу 8000 средношколци немаат пристап до уред за следење на онлајн наставата во првите неколку месеци од истата. Самиот тој факт кажува за огромните пропусти и грешки на системот за образование. Во исто време, се потврдува фактот дека социјалната и економска ‘’класа’’ на младите има сериозно влијание врз понатамошниот развој и прилики за едукација и работа на нив на долгорочно ниво. Кога се зборува за социјалната и економска ‘’класа’’ кај младите и средношколците, важно е и да се објасни како таа влијаеше врз процентот на заразени кај младите. Имено, според повеќе анкети,анализи  и мислења на повеќе реномирани експерти во повеќе области, младите и средношколците од социјално загрозените семејства се изложени на ризик многу повеќе од оние кои доаѓаат од привилегирани средини. Таа појава е како резултат на фактот дека младите од социјално загрозените средини имаат поголема потреба од работа за време на пандемијата, помалку средства за да купуваат заштитни маски и средства за дезинфекција, и општа потреба за почести излегувања и изложувања на опасност. Воодушевувачки е фактот дека всушност средношколците, и општо младите, се најмалку скептични во однос на постоењето и опасноста од вирусот, како и потребата и желбата за примање на вакцината против КОВИД19. Со тоа докажуваме дека младите не само што не се себични, туку и се спремни да застанат во првите редови кога станува збор за понудување на било каква помош во врска со пандемијата.


Доколку сумираме се, ќе сфатиме дека промени во системот, но и начинот на кој живееме, мора да има. Пандемијата со КОВИД19, како и речиси сите други светски пандемии, е високо поврзана со неетичката консумпција на животински производи ( читај климатски промени ). Средношколците, или за мене подобро кажано ЏенЗет генерацијата, е најмалку виновна за сите проблеми во врска со појавувањето на паднемијата и климатските промени и глобалното затоплување. Во секој случај, проблемот со глобалното затоплување, но и економската неактивност и рецесија предизвикана од КОВИД19 пандемијата, се проблеми со коишто ние ќе се соочиме во иднина. Бидете повеќе од сигурни дека ЏенЗет тие проблеми ќе ги запише во историјата. 

 

 

Nuk është fakt i ri se pandemia e ka ndryshuar mënyrën e jetës së të gjithë njerëzve në planet, por pandemia me KOVID 19 më shumë e preku pikërisht këtë grup të të rinjve, ndërsa këta janë nxënësit e shkollave të mesme.  Gjithashtu, duhet përmendur se thënë në të vërtetë, situata me nxënësit e shkollave të mesme, por edhe e të rinjve në përgjithësi në vend, nuk dukej e shkëlqyer për shumë kohë edhe para se të fillojë pandemia.  Ne nxënësit e shkollave të mesëm, ndoshta nuk a dolëm më së miri t’i bëjmë ballë të gjitha ndryshmeve që ndodhën në botë por edhe në shtet.  Unë problemin e gjej tek i gjithë sistemi arsimor në vend, i cili ne nuk na përgatiti në mënyrën e vërtetë të ballafaqohemi me ndryshimet siç e bëjnë këtë moshatarët tanë në Evropën Perëndimore dhe në Amerikë, dhe në vende të tjera më të zhvilluara. Pandemia e vërtetë me të rinjtë daton shumë më herët se në vitin 2020. Konsideroj se pandemia e parë filloi me çrregullimin serioz të shëndetit mental të të rinjve dhe nxënësve të shkollave të mesme që kohë më parë, ndërsa që të ndodhë kjo, kontribuuan shumë faktorë.  Një pjesë e faktorëve janë grumbullimi i informacioneve dhe pritshmëritë e mëdha nga shoqëria (prindër, profesorë, miq), rrjetet sociale dhe jeta perfektë në to, si dhe mos adresimi i problemeve me dhunën ndërmjet moshatarëve, shqetësimet, fjala dhe veprat nga urrejtja dhe shumë gjëra të tjera.  Vendi jonë, ndërsa konkretisht edhe sistemi arsimor në shtet ende nuk gjetën zgjidhjen e duhur për të adresuar dhe zgjidhur të gjitha këto probleme. Në fakt, vetë sistemi arsimor kontribuoi që këto probleme të marrin hov më të madh, me vetë injorimin e tyre. Të gjitha këto probleme dolëm edhe më tepër në pah, përkatësisht u vërejtën me fillimin e pandemisë me KOVID 19. Gjithashtu, si një nga problemet më të mëdha, unë e konsideroj dallimin e madh ndërmjet gjeneratave të prindërve tanë, me gjeneratën tonë.  Normat e gjeneratës sonë paraqesin absurd për gjeneratën e prindërve tanë.  Për shumë nga ne, luftëtarët e vërtetë për XhenZet kulturën, pranimi i personave që janë me identifikim më të ndryshëm gjinor seksual, etnik ose ndonjë identifikim tjetër, paraqet normativ ndërsa kjo është diçka që prindërit tanë nuk kanë mundur ta pranojnë duke e marrë parasysh kohën dhe periudhën në të cilën ata janë rritur dhe kur kanë jetuar, që sigurisht, në asnjë rast nuk ju jep të drejtë të vazhdojnë të  normalizojnë shoqëri të mos pranimit dhe dukurive që nuk duhet të paraqiten në këtë shekull modern.  


Me fillimin e pandemisë dhe mbylljen e shkollave, studentët e humbën ndjenjën e rutinës dhe normalitetit.  Me rutinën e përditshme, në masë më të vogël, ne ia dolëm të sigurojmë shprehitë themelore shëndetësore, siç janë: zgjimi në kohë të caktuar të ditës, takime dhe interaksion me nxënës të tjerë gjimnazistë dhe profesorë, shoqërime në kafe, ecje deri në shtëpi, mësim, shëtitje në qytet dhe kështu me radhë.  Me fillimin e pandemisë dhe në gjithë kohëzgjatjen e saj, ne jo vetëm që ndaluam së bëri këto shprehi të shëndetshme, por ne gjendemi në situatë kur kryerja e detyrave më të vogla, sporti po edhe në disa situata ruajtja e higjienës paraqet vështirësi për ne.  Lehtësia dhe komoditeti me online mësimin bëri që ne të ndihemi dembel, të pa motivuar, jo tolerant dhe pa dëshirë për punë dhe mësim.  Është me rëndësi të flitet edhe për situatën në veçanti të vështirë në të cilën gjenden maturantët.  I gjithë stresi që më vete e bart mësimi në vitin e katërt të shkollës së mesme është multiplikuar me dhjetë, për shkak të pandemisë globale.  Maturantët gjenden ndoshta para vendimit më të rëndësishëm në jetën e tyre, ndërsa kjo është zgjedhja e fakulteteve dhe drejtimeve në fakultetet, që në vetvete paraqet stres, ndërsa mos flasim edhe për faktin se maturantët duhet të ndjekin online mësimin jo efektiv dhe më pas edhe të kalojnë maturën shtetërore.  Para disa kohe, dikush pati shkruar: “Ne maturantët nuk e pamë jetën e bukur të shkollës së mesme, siç janë ekskursionet, argëtimet dhe ahengjet maturante por i pamë vetëm testet stresuese dhe maturën shtetërore”. Pikërisht ajo fjali është ndoshta imazhi më real për atë se si ndihen maturantët në këto momente. Maturantët, me arsye ose jo, vazhdojnë të shprehin revolen e tyre ndaj vendimit për dhënien e provimit për maturën shtetërore në fund të vitit shkollor.  Ata vendosën revoltën ta shfaqin me bojkotimin e mësimit në afat prej një javë, në nivel të të gjithë shtetit. Ajo që i revoltoi më tepër maturantët është mungesa e hapësirës mediatike për këtë kategori të të rinjve.  Gjegjësisht, pothuajse asnjë media nuk siguroi mbulim mediatik për bojkotin dhe protestat e nxënësve të shkollave të mesme, që ndodhin në nivel nacional.  

Pandemia evidente se është fenomeni më i keq botëror pas Luftës së Dytë Botërore. Gjithashtu, pandemia vetëm se i theksoi mangësitë dhe problemet në të gjitha fushat e jetës në vendin tonë. Është me rëndësi të theksohen problemet me arsimin, të cilat u treguan totalisht jo inkluzive dhe si privilegj jo si e drejtë. Ministria e Arsimit dhe Shkencës, doli me informacionin se madje 90% e nxënësve kanë qasje në pajisje për ndjekjen e mësimit.  Ndoshta në shikim të parë 10% edhe nuk duket aq shumë. Nëse shndërrohen përqindjet në numra të nxënësve, do të shihet se madje rreth 8000 nxënës të shkollave të mesme nuk kanë qasje në ndjekjen e mësimit online në disa muajt e parë të vitit shkollor. Vetë ai fakt tregon për lëshime shumë të mëdha dhe gabime në sistemin e arsimit. Njëkohësisht, konfirmohet fakti se “klasa” sociale dhe ekonomike e të rinjve kanë ndikim serioz mbi zhvillimin e mëtejmë dhe ngjarjet për edukim dhe punë në lidhje me ato, në nivel afatgjatë. Kur bëhet fjalë për “klasën” sociale dhe ekonomike te të rinjtë dhe nxënësit e shkollave të mesme është me rëndësi të sqarohet se si ndikon ajo mbi përqindjen e të rinjve të infektuar. Respektivisht, sipas më shumë anketave, analizave dhe mendimeve të më shumë ekspertëve me renome në më shumë fusha, të rinjtë dhe nxënësit e shkollave të mesme nga familjes në rrezik social janë më shumë të ekspozuara në raport me ata që vijnë nga mjedise të privilegjuara. Kjo dukuri është si rezultat i faktit se të rinjtë nga mjedise të rrezikuara sociale kanë nevojë më të madhe për punë në kohë pandemie, më pak mjete për blerjen e maskave mbrojtëse dhe mjete për dezinfektim dhe nevojë të përgjithshme për dalje më të shpeshta dhe ekspozim në rrezik.  Habit fakti se në fakt nxënësit e shkollave të mesme dhe në përgjithësi të rinjtë, janë më pak skeptikë në lidhje me ekzistimin dhe rrezikun nga virusi, si dhe nevojën dhe dëshirën për pranimin e vaksinës kundër KOVID 19. Me këtë vërtetojmë se të rinjtë jo vetëm që nuk janë egoistë, por edhe janë të gatshëm të qëndrojnë në radhët e para kur bëhet fjalë për ofrimin e çfarë do lloj ndihme në lidhje me pandeminë. 


Nëse përmbledhin gjithçka, do të kuptojmë se ndryshime në sistem, por edhe në mënyrën në të cilën jetojmë, duhet të ketë.  Pandemia me KOVID 19, si pothuajse të gjitha pandemitë të tjera botërore, është shumë e lidhur me konsumin jo etik të produkteve jo organike (lexo ndryshime klimatike).  Nxënësit e shkollave të mesme ose për mua më mirë thënë XhenZet gjenerata, është më pak fajtore për të gjitha problemet në lidhje me paraqitjen e pandemisë dhe ndryshimeve klimatike dhe ngrohjen globale. Në këtë rast, problemi me ngrohjen globale por edhe për jo aktivitetin ekonomik dhe recesionin e shkaktuar nga KOVID 19 pandemia, janë probleme me të cilat ne do të ballafaqohemi në të ardhmen. Të jeni më se të sigurt se XhenZet ato probleme do t’ia përshkruaj historisë.