Советодавниот сервис за права на млади е информативна и едукативна платформа која цели да ги запознае младите со нивните права и обврски во општеството, да споделува информации од области кои се од младински интерес и да дава упатства и насоки за решавање на дел од средношколските, студентските и младинските прашања, дилеми и проблеми.
На оваа страница младите ќе можат да се обратат преку платформата „Постави прашање“ и директно да побараат одговор од проектниот тим или да пронајдат совет и решение за своето прашање низ веќе објавените одговори на самата страница.
Советодавен сервис за права на млади е креиран од Младински образовен форум во 2014 година, со поддршка од Амбасадата на САД во Скопје, а подоцна е поддржан и од Проектот на УСАИД за граѓанско општество и Фондацијата Отворено општество Македонија. Страницата е редизајнирана и објавена во нова форма во 2018 година, преку Проектот за младинско изразување поддржан од Европската Унија.
* Оваа содржина е направена во рамки на проектот „Квалитетни образовни политики и можности за младите“, финансиран од Фондацијата Отворено општество Македонија.“
Младински образовен форум е младинска заедница која создава простор за дебата, слободно изразување и младинско организирање, охрабрува активизам, ги штити и унапредува младинските права и политики.
МОФ ги остварува своите цели преку информирање, едукација, дискусија, соработка и преку мотивирање и поддршка на младите.
Активностите на организацијата се остваруваат преку четири програми:
1. Дебатна програма
2. Учиме право
3. Програма за истражување, анализа и креирање на младински образовни и политики
4. Програма за младински активизам
МОФ е основана 1999 година, а е активна на национално ниво, спроведувајќи ги своите активности во 9 градови Скопје, Тетово, Струга, Битола, Прилеп, Велес, Неготино, Крушево и Куманово. Во младинските клубови на МОФ на годишно ниво членуваат повеќе од 500 членови.
Програмата Учиме право (Steet Law) е насочена кон едукација на младите за човековите, граѓанските и политичките слободи и права, демократијата и концептот на владеење на правото, Европската Унија и процесот на евроинтеграција на Република Македонија. Програмата е изградена врз основните принципи на неформалното образование и преку интерактивни методи на работа и интерактивни предавања кои се разликуваат од традиционалниот начин на предавање во училниците. Основна идеја Учиме право е дека демократските вредности не се наследни, туку секојдневно се учат и само преку негување на овие вредности и нивно секојдневно практикување може да се очекува постоење на младина која е свесна за своите загарантирани слободи и права и активна во процесот на развој на демократското општество, остварување на принципот на владеење на правото и јакнење на правната држава.
E-mail: ucime_pravo@mof.org.mk
Facebook: Учиме право – клуб за владеење на правото
Напреден „Учиме Право“ клуб