Ана, Битола
Прашање
Некаде во декември/јануари би требало да одам на мала операција која што и покрај тоа што не е сериозна, бара одмарање барем еден месец. Според академскиот календар на факултетот на којшто се запишав, во тој период ќе имам колоквиумска недела, а потоа и испитна сесија. Бидејќи од септември сум бруцош и сè уште не знам како се движат работите, дали моето отсуство би било оправдано, односно дали ќе влијае врз моите постигнувања и дали има некоја постапка што би можела да се спроведе за да ги полагам колоквиумите предвремено или пак отпосле?
Одговор
Здраво Ана,
поднеси официјално барање/молба до Деканот на твојот факултет во кое ќе наведеш дека бараш да ти се овозможи предвремено или пак одложено полагање на колоквиумите/испитите поради здравствени причини. Детално објасни за што станува збор и не заборавај да доставиш копија од медицинската документација во прилог. Пожелно би било да доставиш и мислење од доктор дека по извршената операција, потребно ќе ти биде опоравување во времетраење од најмалку 1 месец.