Дали државата обесштетува загуба животни поради болест?
Прашање
Мои роднини ги изгубија пчелите поради болест, сакам да прашам дали државата во вакви ситуации дава некое обесштетување?
Одговор
Законот за ветеринарно здравство, предвидува обесштетување во случаи со загуби на животни од болест, но само како последица од мерки кои се спроведени од страна на државните органи заради некои причини. Во тој случај причините за надоместок се:
- Директни загуби на сопствениците на животните настанати како резултат на убивање или колење на животните, или уништувањето на производите и
- Поставувањето дијагноза и спроведувањето на мерките за сузбивање и искоренување или превенција на болестите.