Дали е возможно паралелно да студирам на два факултети, едниот како редовен студент на државен факултет, а другиот на приватен факултет како вонреден студент?
Прашање
Дали е возможно паралелно да студирам на два факултети, едниот како редовен студент на државен факултет, а другиот на приватен факултет како вонреден студент?
Одговор
Според Законот за високо образование студент може да студира паралелно на две или повеќе студиски програми од прв циклус на една или повеќе високообразовни установи во државата (државни или приватни). Каков статус ќе имате во текот на параленото студирање зависи од тоа како високообразовните институции тоа го регулираат со интерните акти, и најдобро е да се обратите до службата за студентски прашања на институциите на кои сакате да студирате. Студентите по правило се запишуваат како редовни студенти, а статус на вонреден студент добиваат лица кои се вработени или од здравствени причини не се во можност да посетуваат редовни предавања. Исто така, паралелното студирање најмногу зависи од студиските програми на кои сакате да запишите студии, бидејќи еден од условите за паралено студирање е истото да не претставува пречка за исполнување на обврските кои произлегуваат за студентот како на пример, присуство на предавања и вежби. Повеќе инфорамци за параленото студирање на Универзитетот св.Кирил и Методиј“-Скопје може да добиете со увид во Правилнкот, за параленото студирање на Универзитетот св. „Климент Охридски“-Битола повеќе инфорамции може да добиете тука, а за Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип на https://www.ugd.edu.mk/index.