Дали ќе се загуби правото на стипендија, доколку студентот заснова работен однос?
Прашање
Работам во приватна компанија и имам случај каде редовен студент кој зема стипендија, сака да работи во текот на летниот период во нашата компанија. Како е можно да го извршиме вработувањето а студентот да не го загуби статусот на редовен студент и се разбира стипендијата?
Одговор
Согласно Законот за студентски стандард, условите за стипендија ги утврдува министерството за образование. Доколку станува збор за стипендии за социјална поддршка на ученици, во која материјалната состојба на потесното семејство, е услов за стекнување на стипендијата, тогаш би се прекинало правото на стипендија.
Доколку станува збор за стипендија, стекната врз друг основ, студентот не треба да се пријави како вонреден студент на факултет. Секако ова зависи од обемот на академски обврски и начинот на уредување на работното време.