Дали кога некој ми се заканува преку телефон смеам да го снимам и снимката да ја искористам како доказ?
Прашање
Дали кога некој ми се заканува преку телефон смеам да го снимам и снимката да ја искористам како доказ? Дали треба да го известам дека го снимам или е дозволено и без негово знаење? Кои се последиците за заканувачот?
Одговор
Во правниот систем на Р.Северна Македонија снимањето без одобрение се поведува како кривично дело по чл. 152 од Кривичниот законик доколку со самото дејствие се открие идентитетот на одредено лице. Лицето кое што било неовластено снимано може да поднесе кривична пријава против сторителот на кривичното дело. Што се однесува пак до снимките, дали истите можат да бидат користени како докази во судска постапка, согласо законите само полицијата е овластена да постави уреди за снимање на јавни места, а доколку станува збор за аудио снимки преку телефонски апарат, во таквите случаи јавното обвинителство може да поднесе предлог до судот за посебни истражни мерки (ПИМ) за следење на телекомуникацијата.