About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Дали кога запишувам следна година, може повторно да се вратам во државна квота?


Прашање

Бев запишана на Медицински факултет во Штип во државна квота, бидејќи една иста година презапишав по 3 пат, ме префрлија во приватна квота. Сакам да прашам дали е можно кога ќе запишувам следна година повторно да се вратам во државна квота?


Одговор

Трансферот и статусот на студент, во државна или приватна квота, не е определен во Законот за високо образование. Истото се определува со конкурсите на универзитетите.

Според последниот конкурс на универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, не е дозволено префрлување од кофинансирање или вонредно студирање во државна квота.