About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Дали по завршувањето на студиите е задолжително да се пријавам во Агенцијата за вработување?


Прашање

Штотуку дознав дека по завршувањето на студиите треба да се пријавам во завод за вработување. Според информациите кои ги добив, се додека не се вработам, ова пријавување треба да го правам секој месец, односно на секои 30 дена. Дали доколку тоа не го направам (привремено сум надвор од град, не сум во можност да отидам…) ќе ми биде изречена некаква санкција и ако да, каква?


Одговор

Пријавувањето во Агенцијата за вработување по завршување на студиите не е задолжително. Доколку сакате да се пријавите, можете да се пријавите како активен или пасивен барател на работа. Активен барател на работа има обврска да се пријавува секој месец, односно на 30 до 60 дена (во зелената книшка која што ја даваат од Агенцијата секогаш го наведуваат датумот кога треба да се пријавите). Пасивен барател на работа има обврска да се пријавува на секои 6 месеци. Доколку не се пријавите во рокот кој што е предвиден и заведен во зелената книшка нема никаква санкција, само ќе бидете избришани од Регистарот на невработени лица и нема да имате право да се пријавите во наредните 12 месеци.