About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Магдалена, Економски факултет – Скопје


Прашање

Дознав дека со просек над 9,00 во последната академска година имам право на бесплатно студирање во наредната година од студиите. Минатата академска година имав просек над 9,00, но не го знаев ова и никој на факултетот не ме насочи дека имам право да не плаќам партиципација.

Студирам на Економски факултет при УКИМ, Скопје. Која е процедурата да си го исполнам ова  право? Има ли некое барање/молба/формулар што треба да го пополнам/поднесам до факултетот?


Одговор

Здраво Магдалена,

потребно е да доставиш официјално писмено барање до деканот на факултетот на кој што студираш за да ти дозволи бесплатно школување во текот на тековната академска година од студиите. Ова барање ќе се заснова на член 110-а, став 4 од Законот за високо образование, според кој право на бесплатно школување имаат студенти кои во претходната академска година имале вкупен просек од минимум 9,00.

Во прилог  на барањето достави и копија од индексот според која ќе се увиди просекот од претходната академска година.