About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Петар, Битола


Прашање

Здраво, кои се потребните документи за промена на личната карта? Роден сум во Битола и личната карта ми се води во Битола. Моментално живеам во Скопје и сакам да ја променам личната карта тука. Кои документи ми се потребни за целата процедура? Имам битолска лична карта со рок на важење до 2016 година и сакам да извадам скопска лична карта поради тоа што ми е променето местото на живеење.


Одговор

Здраво Петар,

личната карта како документ за идентификација се вади и се вршат промени во местото каде што се наоѓа органот на Министерството за внатрешни работи кој ја издал личната карта, ако во меѓувреме не си го променил местото на живеење. Тоа значи дека ако твоето моментално престојувалиште е во Скопје, ќе мораш да одиш во Битола и таму да извадиш нова лична карта.


Промена на лична карта се врши во случаите:

– Aко на личната карта и истекува рокот на важење (во тој случај потребно е во рок од 30 дена пред датумот на кој истекува личната карта да поднесете барање за замена на лична карта);

– Ако го промените местото на живеење (живеалиште или адресата на станот на живеалиштето);

– Во случај доколку го промениш своето лично име;

– Ако твојата лична карта е оштетена или дотраена (во таков случај во рок од 15 дена се поднесува барање за замена на личната карта).

 Што е потребно да направиш?

– Да поднесеш барање за замена на личната карта (ќе го подигнеш од органот за внатрешни работи);

– Да поднесеш доказ за извршената промена (истечената лична карта, оштетената или дотраена лична карта);

– Доказ за промена на местото на живеење односно доказ за промена на личното име;

– Да уплатиш 190 денари на жиро сметка за образецот за личната карта.

Министерството за внатрешни работи ќе ти издаде нова лична карта во рок од 15 дена од денот кога си го поднел барањето за замена на личната карта. Кога ќе ја подигнеш новата лична карта ќе мораш да ја предадеш старата во органот за внатрешни работи за да ја поништи.

Во твојот случај надлежен орган за постапување е Министерството за внатрешни работи – СВР Скопје, попрецизно Отсекот за живеалиште, претојувалиште, лични карти и патни исправи во Скопје.

Постапката започнува со поднесување на молба (во прилог ти го испраќаме образецот на молбата од МВР).

Потребни документи:

– Имотен лист во оригинал на увид и копија од истиот кој останува кај органот;

– Изјава на сопственикот на имотот лично во органот или доколку не е во можност да дојде изјава заверена на нотар дека лицето ќе живее во станот и дека ќе извади лична карта во Скопје;

– Извод од матичната книга на родените.

Доколку ти си сопственикот на недвижноста тогаш нема потреба од изјава туку само твој извод од матичната книга на родени и имотен лист во оригинал на увид и копија заедно со молбата за одобрување на живеалиште во Скопје.

Потребно е да отидеш во просториите на Министерството за внатрешни работи (ул. Кеј Димитар Влахов бб – во зградата на МТВ) во соба бр. 34 и таму сите документи да ги поднесеш и да ја започнеш постапката.