About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Сандра, Скопје


Прашање

Дали постои ослободување од одговорност на организација за време на академија или ЕУ викенд, дебатен турнир и ако да, како треба да изгледа таа одговорност, за да биде правно регулирана?


Одговор

Согласно законските одредби секој кој организира некаква приредба (јавен настан) со поголем број луѓе во затворен или на отворен простор одговара за евентуалната штета настаната во случај на смрт или телесна повреда што некој ќе ја претрпи поради вонредни околности што можат да настанат во такви прилики, како што е бранување на масите, општ неред и слично, без оглед на постоењето на вина.

Имајќи предвид дека во конкретниот случај станува збор за малолетни деца, одговорноста која ја имаат родителите, се пренесува на оној кој моментално врши надзор над децата – конкретно самата организација, која може да се ослободи од одговорноста само ако се докаже дека надзорот го вршела на начинот на кој е обврзана или дека штетата би настанала и при грижливо вршење на надзорот и контролата.

Што значи дека не може однапред да се изврши ослободување од одговорност, туку единствено може и треба да се прибават соодветни дозволи од родителите со кои тие кажуваат дека се согласни и дозволуваат нивното малолетно дете да учествува на јавниот настан (академијата/турнирот).