About Image

Прашања и Одговори

Почетна / Прашања и Одговори

Стефан, Економски факултет – Скопје


Прашање

Доцнам со уплаќање на партиципацијата за студирање цела академска година, ниту сум полагал колоквиум/испит во текот на оваа академска година. Сакам да полагам во јунската испитна сесија. Дали можам да уплатам во текот на наредните 10 дена и дали со тоа ќе можам да полагам во текот на јунската и августвоската испитна сесија?


Одговор

Здраво Стефан,

предметите кои ги имаш слушано можеш да ги полагаш. 

Зависи дали некои од тие испити си ги полагал досега или не. (на пример на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје можеш еден испит најмногу во 3 последователни сесии да го полагаш, а по тоа треба предметот да се презапише).

Извести нè дали испитите кои сакаш да ги полагаш ги имаш ислушано и полагано досега. Исто така, обрати се на Студентски прашања и прашај како е уредено ова прашање на твојот факултет и кои се роковите кои треба да ги запазиш во однос на уплатата и последователните сесии на полагање  пред да е потребно предметот да се презапише.