Вилдан, Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
Прашање
Доколку сум запишан како редовне студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, дали можам паралелно да запишвам уште еден факултет (исто во склоп на УКИМ) и како би одела процедурата? (цена на вториот факултет, дали морам да присуствувам на предавањата, како би ми бил регулиран статусот на студент итн.)
Одговор
Здраво Вилдан,
Законот за високо образование дава можност на студентите да студираат на две или повеќе студиски програми од прв циклус на студии истовремено (паралелно студирање) на една или повеќе високообразовни установи.
Студентот е ослободен од плаќање на трошоците за студирање на втората и секоја наредна студиска програма на која ќе биде запишан доколку:
– првата студиска програма ја има успешно завршено на првата академска година и ја завршува секоја наредна академска година со просек на оценките над 9,00 и
– втората и секоја наредна студиска програма на која ќе биде запишан е од научното подрачје на биотехничките, техничко-технолошките или природно-математичките науки со исклучок на студиските програми од научните полиња на воено-техничките науки, сообраќај и транспорт, индустриско инжинерство и менаџмент, контрола на квалитет, животна средина и географија.
Во однос на делот од прашањето за цената за студирање на вториот факултет и обврската за присуствување на предавања и слично, секој факултет поединечно со посебен правилник го уредува прашањето за паралелно студирање со кој поблиску се уредуваат начинот и условите за студирање.
Поради тоа, те советуваме да се обратиш во службите на факултетот и да го побараш соодветниот правилник кој го уредува ова прашање или да ни дадеш информација за кој факултет се работи односно на кој факултет паралелно планираш да студираш.